Промовирани огласи »

Поволните движења на цената на нафтата и природниот гас на берзите, но исто така модернизацијата и развојот на системот за централно греење, зголемувањето на неговата енергетска ефикасност и намалувањето на оперативните трошоци, доведоа во овој период до намалување на цената на услугата за парно-греење за 31,32% кај домаќинствата, за 51,92% кај деловните субјекти и за 65,66% кај образовните институции, тврди БЕГ на петгодишнината од своето основање.

Балкан енерџи груп (БЕГ) со завршената грејна сезона 2017/2018 одбележа пет години откако управува со системот за централно греење во Скопје

Ова го направи централното греење најекономично решение за потрошувачите, па затоа во последните години има постојан раст кај повторните вклучувања во системот и бројни нови вклучувања. За овие пет години прирастот на нови корисници изнесува повеќе од 6.300 корисници со вкупна моќност околу 50 MW. Воведувањето на нови технологии и стандарди на одржување ја зголемија и ефикасноста на системот за централно греење од 82% во 2012 година на 88% во 2017 година, а новите проекти кои се во тек и кои ќе се реализираат во следниот период ќе обезбедат понатамошен раст на овој значаен показател. Нашите заложби се ефикасноста на системот за централно греење со кој управува БЕГ да достигне 92%, велат од таму.

Тагови: парно греење

Промовирани огласи »

Млади до 29 години ќе се обучуваат во странски компании

Повеќе од 100 компании досега подигнале апликации за доделување на пари од третиот столб на владиниот План за економски раст.

Повеќе од 100 компании досега подигнале апликации за доделување на пари од третиот столб на владиниот План за економски раст. До крајот на повикот се очекува удвојување на оваа бројка, а во почетокот на јули и потишувањето на првите договори, изјави денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Според податоците на Фондот најмногу интерес има за третата мерка – финансирање трошоци до 70 отсто за иновации, нови продукти и услуги, од идеа до пласман, за што се предвидени 20 милиони денари и за четвртата мерка – стручно усовршување на млади до 29 години во некои од компаниите во западните земји.

Во првата фаза, евалуацијата на проектите ќе ја прават надворешни стручни луѓе од Македонија, додека во втората фаза Комитетот за селекција на парите на Фондот составен од пет стручњаци ќе бидат странски државјани. Одлуката, пак, кој ќе биде финансиран нема да ја носи државната администрација, ниту службеници од Фондот, Владата или Министерството за економија, туку ќе биде целосно во рацете на надворешни експерти, подвлече Деспотовски.

Деспотовски најави дека инфо-сесиите ќе продолжат и наредните две недели, надвор од Скопје, во поголемите центри низ државата.

Мерките од третиот столб се отворени за сите микро, мали и средни претпријатија, а систематизирани се така, да не поттикнуваат конкуренција на фирмите.

Јавниот повик проектиран на 645 милиони денари беше објавен на 28 април, а ќе трае до 11 јуни.

Промовирани огласи »

Министерство за финансии: Нема да се менува цената на струјата и на природниот гас заради новиот Закон за акцизи

Новиот Закон за акцизи нема да се одрази врз цената на електричната енергија и природниот гас

Во врска со најавите во текстот со наслов „Ќе поскапат ли струјата и природниот гас како акцизки стоки“? одговор даде Министерството за финансии кој го објавуваме во целост:

Министерството за финансии, заедно со Царинска управа, уште од 2015 година работи на нов Закон за акцизи, како дел од процесот на усогласување со ЕУ директивите. Во рамки на тој закон, се предвидува сите енергенти да станат акцизни стоки, вклучувајќи ги и електричната енергија, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот. Со тоа, ќе се овозможи следење на прометот на овие производи, но нивната акциза ќе биде 0 (нула) денари. Тоа значи дека нема да има никаква промена на цената на електричната енергија, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот, поради новиот Закон за акцизи.

Во рамки на процесот на подготвување на новиот Закон, Царинската управа организира средби со сите засегнати страни, во склоп на што е и закажаната средба со фирмите кои се во бизнисот со енергенси.

Истовремено, демантираме дека со новиот Закон за акцизи Министерството за финансии ќе добие ексклузивно право да ги утврдува висините на акцизните давачки. Висината на акцизите ќе остане во надлежност на Собранието на Република Македонија.

Законот за акцизи во транспарентнa постапка ќе биде предмет на јавна расправа до негово усвојување од страна на Собранието. 

Промовирани огласи »

Автоматизација во подем: Земји со најмногу роботи се овие

Темпото на индустриска автоматизација се забрзува

Подемот на машините е неоспорен факт. Податоци на Меѓународната федерација за роботика откриваат дека темпото на индустриска автоматизација се забрзува во поголемиот дел од развиениот свет со 66 инсталирани индустриски роботи на 10 илјади вработени во светот во 2015 година.

Година подоцна тие се веќе во просек 74. Европа располага со 99 роботи на 10 илјади ваботени, додека во Северна и Јужна Америка, и во Азија нивниот број достигнува соодветно 84 и 63. Кина исто така е меѓу земјите со најголем раст на индустриска автоматизација, но густината на роботите е најголема во Јужна Кореја, според Visual Capitalist.

Во 2016 година азиската земја имала 631 инсталирани индустриски роботи на 10 илјади вработени благодарение на се 'поголем број роботи во електрониката и индустријата. 90% од индустриските роботи во Сингапур се инсталирани во индустријата за електроника и земјата се рангираше на второ место по густина со 488 роботи на 10 илјади вработени.

Германија и Јапонија се познати со автомобилската индустрија и кај нив густината е малку над 300 робот на 10 илјади вработени. Интересно е дека Јапонија е еден од најголемите играчи во индустриската роботика, со удел од 52% од глобалната понуда.

Во САД стапката на автоматизација е побавна, а таму на 10 илјади вработени се паѓаат 189 роботи. Кина се стреми да го зголеми нивото на автоматизација во наредните години и цели да влезе во првите десет на земјите со најголема густина на роботи до 2020 година.

Во 2013 година во земјата имало 25 робот на 10 илјади вработени, а до 2016 година нивниот број се зголемил на 68. Индија сеуште заостанува зад другите земји во автоматизацијата и имала само три индустриски роботи на 10 илјади вработени во 2016 година.

Фото: Ројтерс

Тагови: автоматизација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »