Германскиот ланец на маркети, Лидл овие денови претстави апсолутна новина на своите полици.

Но, само во Швајцарија. Имено, во швајцарскиот Лидл може да се купи марихуана од домашно производство.
За грам и пол канабис од домашно производство секој заинтересиран ќе мора да издвои 18 швајцарски франци. Пакетчето со три грама канабис ќе чини околу 15 евра, пишува британскиот „Гардијан“.
Популарниот ланец на маркети, со ова ги искористи измените на законот од 2011 година, според кои полнолетните Швајцарци ќе можат да купат канабис со помалку од еден отсто ТХЦ. Производите од Лидл се направени на тој начин да не опиваат, туку само да опуштаат.
Одгледувањето се врши во полуавтоматизирани стакленици.
Се фокусираме исклучиво на одржливо производство и не додаваме хемикалии или синтетички или генетски модификувани супстанци – наведуваат во својата изјава.