Промовирани огласи »

До крајот на 2020 година ќе биде отворен четврти граничен премин меѓу Бугарија и Македонија

Од македонска страна делница е подготвна, но има потреба од поправка

До крајот на 2020 година се очекува да биде готов патот кон граничниот премин „Клепало" меѓу Бугарија и Република Македонија, најави синоќа, за време на парламентарната контрола бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи Николај Нанков.

Од македонска страна делница е подготвна, но има потреба од поправка, за што се веќе преземени ангажмани изјави министерот и изрази надеж дека до крајот на 2020 година или почетокот на 2021 година да биде отворен нов - четврти, граничен премин со Македонија.

Транспортната врска до контролниот пункт е околу 30 километри, а патот не е поправен повеќе од 30 години. Побарана е изработка на технолошки проект за поправка на првите 16 километри од патот и според првичната оценка, поправката ќе чини околу 10 милиони лева (пет милиони евра)

Поправката на делницата ќе започне оваа година и се очекува да заврши во текот на годината, За останатиот дел од трасата се предвидува делумна реконструкција и нова градба, бидејќи има делница без пат со асфалтна подлога, изјави бугарскиот министер и прецизираше дека е потребен нов технички проект, кој ќе биде ставен во буџетот за 2019 година. 

Промовирани огласи »

Во Швајцарија може да купите марихуана и во „Лидл“

Со закон им дозволи на граѓаните постари од 18 години да купуваат и да користат канабис

Германскиот ланец на маркети, Лидл овие денови претстави апсолутна новина на своите полици.

Но, само во Швајцарија. Имено, во швајцарскиот Лидл може да се купи марихуана од домашно производство.

За грам и пол канабис од домашно производство секој заинтересиран ќе мора да издвои 18 швајцарски франци. Пакетчето со три грама канабис ќе чини околу 15 евра, пишува британскиот „Гардијан“.

Популарниот ланец на маркети, со ова ги искористи измените на законот од 2011 година, според кои полнолетните Швајцарци ќе можат да купат канабис со помалку од еден отсто ТХЦ. Производите од Лидл се направени на тој начин да не опиваат, туку само да опуштаат.

Одгледувањето се врши во полуавтоматизирани стакленици.

Се фокусираме исклучиво на одржливо производство и не додаваме хемикалии или синтетички или генетски модификувани супстанци – наведуваат во својата изјава.

Промовирани огласи »

Од 1-јули вработените во приватните фирми треба да добијат К15

Колку ќе изнесува к-15 оваа година?

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци), пренесе Букефал.

Промовирани огласи »

Конкурирате за работа од соништата, ве повикуваат и ви закажуваат интервју. Интервјуто поминува добро според ваше мислење. И тогаш ... те отфрлаат.

Се разбира, можеби имало повеќе квалификуван кандидат од вас. Но, можеби сте одбиени поради правење грешки во интервјуто што не сте ги забележале.

Често се среќавам со навидум соодветни луѓе кои сепак запаѓаат во непотребни, досадни, ирелевантни детали - и така ме губат како слушател, вели Џудит Јансен, експерт по "Човекови ресурси" во Global Platform Organisation (GPO), која има 450 вработени во 19 земји ширум светот.

Според неа, ова е една од најголемите грешки на кандидатите. Наместо општи приказни, тие треба да даваат повеќе конкретни информации за себе и да одговараат точно на прашањата на прашувачот, а не да зборуваат работи кои само на нив им се чинат важни.

Друг вид иритирачко однесување според Јансен е кога кандидатот почне да "навира" во лицето на интервјуерот одреден со дел од биографијата со цел да се истакне. Никој не сака да слуша два часа за вашето патување во Јужна Америка, на пример.

Не кажувајте го само она што мислите дека сакаат да го слушнат. Кога ви постават прашање, одговорете точно и потоа најдете соодветен, паметен начин да вметнете нешто што многу сакате да знаат за вас, додава експертот.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »