Промовирани огласи »

Казна од 300 до 650 евра за родителите ако не ги вакцинираат децата

35 родители годинава и 117 лани биле повикани во Државниот санитарен и здравствен инспекторат поради невакцинирање на своите деца.

Глоба од 300 до 650 евра или пријава за на суд. Ова е изборот на семејствата  кои одбиваат да ја почитуваат законската обврска за имунизација на децата.

35 родители годинава и 117 лани биле повикани во Државниот санитарен и здравствен инспекторат поради невакцинирање на своите деца. Засега инспекторите немаат точна бројка колку од нив ја платитле казната а колку завршиле во судница.

Наше е да ги повикаме и да им кажеме дека ова е законска обрска и доколу платат во рок од 8 дена тогаш има порамнување, ако, не плаќаат поднесуваме пријава за суд. Ние редовно ги контролираме пунктовите за имунизација а за родителите кои одбиваат вакцинирање добиваме и извештаи, вели др. Ирина Бухова, директор на ДСЗИ.

Од инспекторатот добиваат известувања од пунктовите за имунизација колку и кои родители одбиваат да го носат детето на вакцина. Велат дека антивакциналните кампањи изминатиот период го намалија опфатот на имунизација и тоа во урбаните средини, за разлика од порано кога повеќе невакцинирани имаше во селата.

Родителите доаѓаат и им кажуваме која е процедурата. Тие се збунети од тоа што го слушаат, но имаме и случаи кои по разговорот со некој од нашите инспектори, птооа одат и го почнуваат процесот на вакцинирање на детето, вели Бухова.

Здравствените власти веќе алармираа дека Македонија е во групата на високо ризични земји од појава на опасни заразни заболувања кои биле искоренети пред 40 години. Во Скопје, Прилеп и Куманово опфатот на имунизација е под 90 проценти а во некои скопски општини вакцинирањето со МРП е под 60 проценти.

Промовирани огласи »

Жени, внимавајте: Казни до 500 евра ако не го смените моминското презиме во документите

Казни до 500 евра ако не го смените моминското презиме во документите

Министерството за внатрешни почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа .

Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра. Според информациите на МВР, досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра.

Инспекторите најчесто делат опомени за оние што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец, анализира СкопјеИнфо.

Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи. Оттаму се повикани на разговор со инспектор. Доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба.

Ако истата не се плати во рок од осум дена прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.

Во Законот за патни исправи е предвиден рок од 30 дена за промена на патните исправи доколку има промена на лични податоци.

Промовирани огласи »

Заев: Младите да отворат свој бизнис, да не чекаат работа во администрација за 15.000

Премиерот Зоран Заев истакна дека младите треба да ја искористат владината поддршка и да се фокусираат на сопствени бизниси, наместо да чекаат вработувања во администрација.

Зоран Заев вчера истакна дека младите треба да ја искористат владината поддршка и да се фокусираат на сопствени бизниси, наместо да чекаат вработувања во администрација.

- Во прашање се 17. милиони евра наменети за сериозен фокус, истакна тој на прес-конференција и додаде дека младите треба да се насочат кон свој бизнис, а не да чекаат работа во администрација каде плата со средно е 15.000.

Мерките според него се насочени и кон жените и лицата со посебни потреби.

Промовирани огласи »

Клинички центар да се гради во општина Петровец

Предлог иницијативата за изградба на клиничкиот центар во општина Петровец ќе биде доставена на разгледување до сите пратенички групи

Пратеникот Илија Димовски кој доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ вчера на фејсбук сподели иницијатива новиот клинички центар да се гради на територија на општина Петровец. И токму овој предлог наиде на низа позитивни коментари од корисниците на оваа социјална мрежа.

Тој предлогот го образложи со десетици причини меѓу кои позначајни се географската положба на општината и близината до околните градови во кои живеат број на граѓани кој е речиси приближен до половина од бројката на населението во Македонија. Понатаму, помеѓу аргументите е близината до скопскиот аеродром и големиот број на слободни државни парцели со кои располага општината.

Предлог иницијативата за изградба на клиничкиот центар во општина Петровец ќе биде доставена на разгледување до сите пратенички групи.

Се надевам на поддршка, совети и коментари од стручни лица кои ќе можат да ја збогатат оваа иницијатива, напиша Димовски во објавата.

Инаку, Владата на Република Македонија донесе одлука новиот Клинички центар наместо на постојната локација во центарот на Скопје да се гради во населбата Бардовци.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »