
Како и најголемиот дел од успешните индивидуалци, претприемачите и директорите се експерти во будењето на најдоброто во себе и во луѓето околу нив. Меѓутоа, за разлика од сите други, тие мора да сносат огромна количина на одговорност за доброто на другите луѓе.
Тоа се луѓето кои се осигуруваат дека компанијата функционира одлично и е подготвена да се прилагоди на било какви непланирани активности кои може да го забават моменталниот тек на нештата. Целиот овој притисок за дејствување - да се биде одговорен, фокусиран води до менталитет кој е ориентиран кон развојот и креира огромен успех. Меѓутоа, тоа не секогаш е едноставно и во многу наврати, на претприемачите и директорите им е потребен ментор, тренер, обучувач. Во продолжение, прочитајте неколку карактеристики кои сите претприемачи и директори треба да ги знаат за обуките, тренинзите и личниот развој.
- Тренингот функционира кога ќе го пронајдете вистинскиот тренер (и кога сте подготвени да ја напуштите комфор зоната)
Да, ќе биде потребно да го пронајдете вистинското совпаѓање. Но повеќе од тоа, ќе биде потребно да имате желба да ја напуштите вашата комфорна зона. Целиот ваш ден се состои од тоа што вие го давате најдоброто од себе во секоја ваша интеракција. Тренинзите се поразлични од ова.
Целта не е да го погодите секој одговор - целта е да размислувате. Да ги погледнете нештата со нови очи кои немаат поврзаност со продуктивноста и перформансот. Тоа е потешко. И не е едноставно, туку бара време, енергија и доверба.

- Менталитетот кој го користите како професионалец не е оној кој ви е потребен за личен развој
Кога му пристапувате на личниот развој со идејата за продуктивност, ја пропуштате поентата. Го отстранувате личниот дел од таа равенка и единствено што конзумирате е раст.
Личниот развој бара трпение, предавање и поврзување. И тука се работи за вашата способност да ги оставите нештата отколку поцврсто да почните да работите на истите. Одлична споредба е со возењето автомобил - овде не се работи за поцврсто држење на воланот додека не ги чувствувате дланките повеќе. Вие веќе сте одличен возач. Тренингот е за да научите како да ги оставите нештата и да му верувате на GPS-от во вас самите.
- Искусување на непријатни и нејасни емоции
Верувањето во процесот значи дека ќе искусите нејасни и непријатни емоции, но се уште ќе верувате дека тоа ќе доведе до позитивни резултати иако не можете да ги забележите. Понекогаш личниот развој се случува во само еден момент. Верувајте му на процесот и резултатите ќе се појават кога ќе сте подготвени.
- Не постои развој без акција
Кога зборувате за начини на личниот развој и не ги имплементирате, вие ја избегнувате одговорноста за доброто на вашите емоции. И тоа е разбирливо, вие веќе имате огромна одговорност, но и за ова постои збор - избегнување.

Избегнувањето не секогаш значи дека не стоите на она што го зборувате, туку само значи дека се уште сте во подготвителната фаза. И тоа е во ред. Но, зборувањето и акцијата се две различни карактеристики - едното од нив ве спречува да остварите вистински промени.
- Подобрување на професионалниот перформанс и личното задоволство
Да, резултатите од обуките за личниот развој ќе го подобрат вашиот перформанс на работното место. Ќе имате поголема концентрација, фокус, мотивација и ќе бидете подобри во секоја следна интеракција. Но, најважниот дел од личниот развој е личното задоволство, чувството на автентичност кое доаѓа од тоа да се биде поврзан со себеси и другите на начин кој дава вистинска вредност.