Дали некогаш се чувствувате како да „чекорите на јајца“ додека сте на работа? Вашите мислења не се важни, исплашени сте од правење грешки и и кулутрата е онаа на страв и заплашување. Многу возможно е ако си доаѓате дома и постојано му/и се жалите на вашиот партнер за работата и можеби почнувате да чувствувате физички симптоми на стрес, време е да признаете дека вашата работа е ужасно, токсично место. Ако не сте сигурни, во продолжение прочитајте за каква токсична работна средина станува збор.
1. Вашиот менаџер е опсесивен контролор
Оваа личност микроменаџира до последниот детал. Ситуациајта е неподнослива и загушлива, бидејќи тој или таа сака контрола врз одлуките. Тој или таа не верува на тимот и не делегира обврски, не постои простор за групно дискутирање или изнесување мислење затоа што лидерскиот страв е автократки. Мотото е - послушај ги своите наредни и обезбеди извештај назад.

2. Луѓето ја играат играта на обвинување
Многу е веројатно дека сте ја слушнале изреката „За секој прст што го посочувате, има три свртени накај Вас.“ Во компанија која има токсична работна средина постојано ќе наидите на луѓе кои немаат лична одговорност и постојано си ја префрлаат вината. Ако ова е вашата компанија или вие сте на средина од бојното поле, најдобро е да се издигнете над тоа - Посочете го специфичното однесување, не го персонализирајте прашањето (бидете објективни), комуницирајте јасно со докази и документирајте се што е кажано или посочено.
3. Не можете на никого да верувате
Во насилна култура на компанија, не е безбедно да споделувате информации. Преживувањето на работните места од овој вид е од ден за ден, со постојана присутност на непредвидливото. Верувањето на вашите соработници е ризично, бидејќи тие може да се вашите непријатели. Верувањето на вашиот менаџер е корпоративно убиство. Обновете го вашето CV доколку ова е случај затоа што големи се шансите да сте оставени сами на себе.

4. Озборувањето е убиец на моралот
Незадоволни работници, кои не се согласуваат со насоките во кои се движи компанијата или не го добиле планираното унапредување - припаѓаат во оваа група. Бидете внимателни со нив, бидејќи овие луѓе имаат навика да го шират својот отров и да ве полнат и Вас со негативна енергија.

5. Внимателни со лицемерието
Дали сте забележале соработници кои ќе се умилкуваат на менаџерите за да добијат заслуги, најчесто на ваша штета? Тие се оние луѓе кои ќе излезат од своите патишта за да станат приајтели со менаџерскиот тим и да ги манипулираат, со цел добивање подобар третман. Третман како тренинзи, плус слободно време или посебни бенефити за кои никој друг не знае. Бидете внимателни со колегите кои поминуваат повеќе време од потребното со своите менаџери.
6. Луѓето се третирани како број
Од сениорска менаџерска перспектива, вработените се гледани како работни пчели и се само објекти или трошоци отколку потреба. Постои многу мала грижа за нивната среќа или за добробитието на овие вработени лица. Многу малку се и доказите за сочуство од лидерите, како и емпатија кон вработени.
