Промената на кариера не е никогаш лесна, но е апсолутно возможна. Само затоа што сте на еден посветен кариерен пат не значи дека мора да останете цел живот на истиот. Без разлика дали ви е здодевно на работа, исцрпени сте или едноставно сакате нов почеток, постојат огромен број на размислувања кои влегуваат во промената на кариерата. При тој процес, имајте ги во предвид следниве чести грешки кои се прават за да знаете како да ги одбегнете:
- Донесување избрзана одлука
Пред да ја промените работата, Вие потребно е подлабоко да се фокусирате на причините зошто сакате да ја напуштите моменталната работа. Потребно е да инвестирате време за да откриете со што сте незадоволни и што ќе ве направи позадоволни.

Запрашајте зошто сте несреќни и одговорете си искрено. Можеби само да имате лоша недела или лош месец, или можеби само не ви се допаѓа шефот, не и индустријата. Секој од нас поминува низ фази на незадоволство со нашите работни места. Потребно е да трчате кон нешто, не од нешто.
- Избор на нова кариера заснована на платата
Очигледно е дека треба да сте финансиско стратешки поставени кога одбирате кариера, но не ги засновајте вашите одлуки само на заработката. Ако одлучите за работа која е високо платена, но не е соодветна со вашите интереси, вредности или вештини, нема да бидете среќни. Можеби на почеток би биле среќни, но со тек на време ќе излезе на виделина вашата нервоза.
Не се работи за тоа дали не треба да ја вклучувате платата, но постојат и други важни фактори, како балансот помеѓу работата и животот и простор за развој.
- Не вршите истражување на пазарот на понуда за индустријата за која целите
Доколку не направите истражување пред менување на кариерата за тоа каква е понудата на пазарот, тоа е исто како играње пикадо во темница.

- Давате отказ без да имате пронајдено работа
Истражувањата покажуваат дека е полесно да се пронајде работа кога сте се уште вработени, што има смисла бидејќи празниот простор во CV-то може да направи менаџерот за вработување да размисли два пати пред да ве повика на интервју. Како последица на ова, најдобро е да останете на работата додека немате пронајдено друга работа.
- Ја негирате моќта на бизнис поврзувањето
Дури и ако направите истражување во секторот во кој сакате да влезете, се додека не разговарате со луѓе кои работат таму, не знаете точно за што се работи. Токму затоа, потребно е постојано да ги надградувате вашите професионални контакти.

- Не го прилагодувате вашето CV за кариерните промени
Да, одлично е ако имате 5 години искуство во PR, но ако барате кариера во Човечки ресурси, тоа многу нема да ви заврши работа. Вашето CV треба да е во сооднос на индустријата за која аплицирате. Забележете кои вештини ваши се релеватни за прикажување, а кои не.