Доколку сте ново-вработени или мометално го искусувате првото работно искуство, сосема е нормално да се чувстувате малку анксиозни или несигурни. Постојат неколку карактеристики кои се сосема нормални, но постојат и такви знаци на кои треба да внимавате. Додека вие сте единствената личност која може да одлучи дали таа позиција е вистинската за вас или не, во продолжение ви нудиме неколку примери на тоа што е сосема нормално и што е показател за „црвен картон.“
- Исцрпени сте - Сосема нормално
Ако не сте имале работно искуство претходно, сосема е нормално да сте исцрпени на крајот на денот. Можете веднаш да заспиете што забележете кревет и постојано пиете кафе во текот на денот за да останете концентрирани и будни. Присуствувањето на обуки, оставање први одлични впечатоци и впивање колку што е можно повеќе информации може да биде особено исцрпувачко. Издржете го овој напорен период и ќе се почувствувате како себеси за некоја недела.

Се плашите да одите на работа - Црвен картон
Ако вашиот страв за доаѓање на работа е присутен во текот на целата недела, ова не е позитивен знак. Ако се почувствувате дека сте присилени, постојано го гледате часовникот, се криете за време на пауза со надеж дека ќе избегнете контакт со новите соработници, не сте на добар пат. Ако овие емоции на анксиозност не поминат и по првите недели, тогаш може да се дефинираат како проблем. Нешто навистина не е како што треба и вие сте свесни за тоа. Обидете се да размислете што е тоа што навистина не функцинионира и да се потсетете дека е сосема во ред да е се беспрекорно.

Немате пријатели - Сосема нормално
На претходната работна позиција ситуацијата може да била сосема поинаква - поинаква хармонија, отворени луѓе и комуникација. Културата во моменталната компанија може да е поинаква и сосема е нормално да чувствувате дека сте осамени. Но, градењето на професионалните односи бара време затоа обидете се да бидете потрпеливи.

Никој не ви помага - Црвен картон
Ниту вашиот менаџер, ниту вашиот соработник, ниту секторот за човечки ресурси. Се чини како да лебдите сами без насока во канцеларијата, а кога барате помош вашиот менаџер ве отфрла, секторот за човечки ресурси не е достапен и вашите колеги ве игнорираат. Ова е знак дека нешто не е како што треба. Да, понекогаш ќе е потребно да почекате за вниманието на вашиот менаџер, но ако не добивате тренинг, насоки, внимание - нешто сериозно не е како што треба. Вашиот нов работодавец треба да инвестира во вас, а не да ве игнорира.

Работата за која бевте вработени и она која всушност ја работите се сосема различни - Црвен картон
Вие сметавте дека бевте вработени за да ја водите маркетинг кампањата на компанијата, но всушност од вас се бара да вршите телефонска продажба - ова секако не е улогата за која се пријавивте. Во овој случај, разговорот со менаџерот е неизбежен, но ако не поврзаноста е и тука невозможна, многу се големи шансите дека ова не е местото за Вас.

Да се биде несигурен при почетокот на нова работа е сосема нормално, вие минувате низ огромна промена. Но ако чувстувате нешто повеќе од само позитивната трема, тогаш време е да откриете зошто. Запрашајте се себеси: Дали оваа ситуација е привремена или нешто повеќе? Ако се работи само за прилагодување на нова средина, тогаш ќе се почувствувате удобно за некоја недела. Но, ако забележувате сериозни предупредувачки знаци, тогаш можеби е време да ја реевалуирате оваа работа.