Одлучувањето за тоа кого вработувате игра огромна улога во креирањето на културата на компанијата и осигурувањето во идниот успех. Одбирањето на информативни прашања за интервју може да биде клучен фактор во пронаоѓањето на вистинските вработени - исто како и отстранувањето на оние кои нема да бидат соодветни.
Различни компании вреднуваат различни карактеристики, но успехот на работното место има силно влијание од поседувањето на ЕИ - емоционална интелигенција, квалитет за кој не треба да се преговара кога се земаат во предвид кандидатите за работа.

Во продолжение, прочитајте седум прашања за интервју кои можат да ви го откријат нивото на ЕИ кој го поседува вашиот кандидат и дали истото е соодветно за вашата работна култура.
- Што/кој ве инспирира и зошто?
Одговорот на кандидатот ви дава мал увид во тоа кого кандидатот го гледа како идол и зошто. Одговорот исто така може да ви открие и начините на однесување кои кандидатот ги почитува.
- Ако отворате компанија утре, кои ќе бидат трите врвни вредности?
Секој добар однос започнува со доверба и поврзани вредности. Поглед во приоритетите на кандидатот, како и искреноста и интегритетот можат да бидат откриени со одговорот на кандидатот.
- Дали креиравте долготрајни пријателства додека работевте на друго место?
Потребно е долго време за креирање односи помеѓу луѓето и да се биде способен за тоа е знак на солидна ЕИ. Долготрајно пријателство кажува за вас дека односите и грижата за луѓето се важни за вас.
- Ако се променат приоритетите во бизнисот, опишете како вие ќе му помогнете на тимот да ги разбере и имплементира променетите цели?
Менувањето на приоритети се случува во секоја компанија и на секоја работна позиција, затоа барајте кандидати кои се флексибилни и ги поседуваат вештините со кои ќе можат да се носат со промените. Вработете кандидати кои се високо свесни за себеси, мотивирани и емпатични. Овие вештини им помагаат на вработените подобро да работат во тимови.

- Ако сметате дека се уште ви недостига одредена вештина, која би била таа?
Љубопитноста и желбата за учење се витални знаци дека потенцијалниот вработен сака да стане подобар во нешто. Луѓето кои имаат проблеми со ова прашање се луѓето кои мислат дека знаат се. Ова се луѓето кои не сакате да бидат дел од вашиот тим.
- Може ли да ме научите нешто, како да не сум го слушнал никогаш претходно? (Може да биде било што, вештина, лекција, загатка)
Одговорот на кандидатот може да ви открие неколку квалитети:
- Дали кандидатот ќе одвои време да размисли пред да зборува
- Ако кандидатот ја поседува техничката способност да објасни нешто на личност кој поседува помалку знаење на темата
- Дали кандидатот поставува емпатични прашања на личноста која ја подучува, како на пример „Дали ова има смисла?“
- Кои се трите клучни фактори кои ќе придонесат за вашиот успех?
Одговорот на ова прашање може да ви покаже дали личноста е себична или не. Кога луѓето зборуваат за нивниот личен успех, слушајте дали зборуваат со „јас, јас, јас“ или со „тимот, ние, заедно сите“. Барајте го тимскиот играч кој може да донесе нешто позитивно за компанијата. Некој/а може да е многу паметна личност, но ако тимот не ужива да работи со таа личност, тие нема да се вклопат.
