
За да работите ефективно со регрутер, потребно е да знаете како да комуницирате со нив.
Многу од работобарателите го дискутираат мрежното бизнис поврзување како клучна карактеристика на успешната потрага по работа. Додека мнозинството ја препознава важноста на градењето на вистинските односи, малкумина знаат како да основаат врска со клучната група: регрутерите.
За да ви помогнеме, тимот на KARIERA.mk креираше листа на важни позитивни и негативни комуникациски карактеристики од работењето со регрутери.
- Разбирање на важноста на односот со регрутерот
Зошто бенефитот е толку голем од учењето како да комуницирате ефективно со регрутерите? Со тек на време, способните регрутери може да ви помогнат на неколку начини, меѓу кои и следниве:
- Креирање можност за дополнителни работни места за кои вие не сте знаеле
- Обезбедување на клучни информации за побарувачката
- Помош при преговарање за повисока плата
- Обезбедување на квалитетно CV и совети при потрагата за работа

- Пренесете ги правилно вашите кариерни цели
Многу често, работобарателите се жалат дека се приморани на интервјуа за работни места за кои тие не се заинтересирани или квалификувани. Резултатот е во креирањето лош впечаток за време на интервјуто кој, од друга страна, го повредува односот со постоечкиот регрутер.
Ова може да биде избегнато преку јасно комуницирање за вашите професионални цели со регрутерот. Кога тој/таа знае точно што барате, тие може да би предложат работни места без да ве стават во незгодна позиција.
Ако ви е понудена работна позиција за која не сте заинтересирани, најдобро е со почит да ја добиете, да му/и се заблагодарите на регрутерот за нивното внимание и да им кажете точно што ве интересира.
Не одете на интервју само за да добиете високи оценки од регрутерот. Нема да си го подобрите односот на овој начин и на крајот, само на себеси ќе си наштетите. Без разлика дали интервјуто ќе помине добро и нема да ја прифатете работата или нема да добиете понуда, никој не добива во оваа ситуација.
- Дозволете регрутерот да ве води
Еден од најдобрите начини за поврзување со регрутерот е да му дозволите да си ја работи својата работа. Повремено, работобарателите имаат проблем со немањето контрола врз процесот на вработување. Анксиозноста ги присилува на одредени акции кои може да бидат гледани како вмешување во работата на регрутерот. Зацврстувањето на овој однос се сведува на - поставувајте прашања. Ако не сте запознаени со целосниот процес, прашајте го регрутерот, тој/таа сигурно ќе сака да ви одговори бидејќи двете страни имаат корист од целосното информирање.

- Останете професионални дури и ако не ја добиете работата
Уште еден начин преку кој регрутерот ќе има високо мислење за Вас е ако знаете да прифатите пораз. Некогаш, работобарателите ќе кажат лоши зборови за менаџерите кои требало да ги вработата кои ги прави да изгледаат непрофесионални. Дополнително, зборуваат негативно за клиентите на регрутерот, да не се заборави. Како се однесувате кога нештата не се случуваат по планираното е исто толку важно како и вашето однесување кога се одвиваат по планираното.
Ако играте правилно, работењето со регрутер може да има огромен бенефит за вашата кариера.