Кога сте заглавени во сообраќајниот метеж или чекате за јавен превоз, времето надвор е ладно или врне премногу дожд, работата од дома ви се чини како одлична идеја.
Немањето потреба да се губи време да се стигне до канцеларијата автоматски ќе го направи вашиот ден подолг. Ова ви дозволува да имате повеќе време за фамилијата, пријателите, хоби и себеси. На многу начини ви заштедува време, стрес и пари.
Работењето од дома има многу предности, но исто така има и некои скриени недостатоци. Да, немате потреба да излегувате од дома и ќе бидете во можност да работите во удобноста на својот дом, но тоа не е за секого.
Осаменоста
Доколку работите од дома, вие не одите во канцеларија, многу ретко имате состаноци, повици или причина да разговарате со други луѓе. Можеби да имате состаноци на Skype или некои дискусии во текот на денот за работата, но тоа се случува преку компјутер и немате причина да зборувате на глас.

Кога работите од дома, можете да работите и од блиското кафе, но немате соработници на овие локации. Ова може да биде многу осамено, особено ако сакате за нешто посебно да разговарате. Доколку имате партнер, по работниот ден тој/таа не сака ништо освен тишина, а вие може да се најдете во ситуација да сакате премногу да зборувате.
Луѓето во канцеларија забораваат на вас
Ова можеби да не ви звучи фер, но е вистина. Доколку не сте физички присутни во канцеларијата, луѓето може да заборават на вас. Ова не е особен проблем ако повеќе луѓе од тимот работат исто како и вас, но ако сте сами постојат шанси да бидете заборавени. Исто така, може да пропуштите можност за унапредување или некој настан за кој сте биле исклучени само затоа што не сте биле присутни.
Луѓето претпоставуваат дека секогаш сте слободни
Не секоја негативна карактеристика од работењето од дома доаѓа од канцеларијата. Вашето семејство и пријатели може да ви создаваат дополнителни проблеми.
Секој од нив може да си претпоставува дека вие сте генерално слободни. Понекогаш ова е предност, доколку потребно е мајстор да ви дојде дома или вашето дете е болно. Понекогаш, може да е навистина проблем доколку морате да објаснувате зошто не можете да пречекате некого од аеродром на пример, или не можете да отидете на друго место поради вашата работа.

Да се има флексибилност е одлично, но да се биде принуден да се користи таа флексибилност кога не сакате, не толку многу. Ако вие одберете да станете рано за да работите за подоцна да можете да гледате филм или било што друго, тоа е одлично за Вас. Но ако морате да го правите тоа затоа што на некој друг му е потребна услуга, тоа е сосема друг случај.
Нештата кои ви го одвлекуваат вниманието се премногу
Во домот постојат многу нешта кои можат да ви го одвлечат вниманието и фокусот од работата. Да, можеби имате повеќе слобода за почесто користење на кујната и почесто готвите или средувате нешто во домот. Но ова се достигнувања од вашиот личен живот, не и професионален. Концентрирајте се на работата тогаш кога сте најпродуктивни, а за се останато одвојте време по завршувањето на работата.

Работата од дома може да биде огромен бенефит за вашиот животен стил. Но, постојат многу предизвици за кои треба да сте свесни и тоа е се на што се сведува работата од дома - да имате сознанија во што се впуштате кога се одлучувате да работите од дома.