Голем дел од консултантите за фамилијарни бизниси го сумирале успешниот трансфер на фамилијарниот бизнис во три Т: Тренинг, трансакција и транзиција.
Тренинг
Да се надеваме, дека ќе е сосема очигледно кој ги поседува вештините, карактерот и темпераментот да го води бизнисот. Меѓутоа, ова не значи дека тој/таа автоматски е подготвен за работата или ќе се справи со истата во блиска иднина. Овој бизнис е нешто кое вие сте го почнале од нула и потребно е да се осигурате дека сте ја избрале вистинската личност. Личноста на која го пренесувате бизнисот не е доволно само да е подготвена и заинтересирана, туку и способна. Тука започнува тренингот да стапува на сила, нешто што би можело да трае со години.

Најдобро е да имате подготвено тренинг план и да имате поставено цели за постигнување и дати за официјалниот трансфер на документи. Членовите на фамилијата секако, треба да го заслужат правото да го поседуваат бизнисот. Но тие исто така, не сакаат да се чуствуваат дека во секој момент може да паднат во бездната или дека процесот на обучување ќе трае цела вечност и потпишувањето на документите никогаш не се случува.
Трансакција
Фамилијарните трансакции се во пракса, многу поопуштени кога се работи за темата на тајни договори, валидација и преговарање. Ова е разбирливо, но може да води до отворање на други прашања. Сите членови на фамилијата треба да се потрудат трансакцијата да се одвива професионално.

Вклучете адвокат во целиот процес или можеби легитимен бизнис консултант кој ќе ви даде надворешно мислење за вредноста на вашиот бизнис. Во скоро секоја ситуација, типично е сопственикот да смета дека бизнисот вреди многу повеќе отколку што навистина е. Тие веруваат дека членовите на фамилијата треба да се благодарни што го добиваат бизнисот. Ова бара интервенција во склоп на фамилијата и реални проверки за тоа колку е всушност вредноста на бизнисот.
Транзиција
Членот од фамилијата кој ќе биде идниот сопственик може да има сосема друга визија и насока за бизнисот. Се додека ова не носи ризик за профитот, не постои проблем и дајте им ја потребната поддршка. Добар совет е имањето на некој од претходните сопственици (најчесто родителите) во бордот на директори или како советници.

Исто така, особено е често претходниот сопственик да работи со клиенти кои би можеле да си заминат доколку сопственикот целосно исчезне. За оваа ситуација, особено е клучно одржувањето на состаноци каде новиот сопственик би се запознал со сите овие важни клиенти.