Секој бизнис, на крајот од денот, се наоѓа во истата борба. Често, постои фрустрацијата. Понекогаш се присутни и неуспесите. Но, тајните на успех на било кој бизнис не се секогаш толку комплицирани како што многумина од нас имаат впечаток.
1. Креирајте нешто од вистинска вредност
Зошто е ова од суштинска важност? Додека некои луѓе се способни да продадат било што, тоа не значи дека се гарантира успех на долг рок. Што и да продавате, произведувате, креирате или планирате, треба да го правите со најголем интерес кон потрошувачите/клиентите. Односно, со други зборови, да додадете огромна вредност.

Размислете за момент за ова. Најуспешните светски компании пред да направат профит, тие креирале вредност на нивните производи и услуги.
2. Подобрете ги животите на другите
Не само што треба да креирате вистинска вредност, но исто така потребно е да барате начини преку кои можете да ги подобрите начините на другите со што и да се занимавате. Да, можете било што да продадете на било кого во даден период. Но, ако не ги подобрувате животите на вашите потрошувачи, го губите вашето време. Ова не значи дека нема да профитирате од вашиот труд. Ова едноставно значи дека треба ад се фокусирате на подобрување на животот на клиентите пред се останато. Тоа е клучот или тајната за успех.
3. Бидете автентични и транспарентни
Не ветувајте работи кои се невозможни за остварување, луѓето веднаш ги препознаваат. Наместо тоа, бидете искрени за тоа што вашиот производ или услуга ќе направи. Користете реални оценки од луѓе кои ги користеле вашите услуги или производи. Тие сведоштва може да ви послужат многу.

4. Фокусирајте се на позитивизмот
Не секогаш треба да целите да ги задоволите сите секогаш, фокусирајте ги вашите мисли на позитивен начин. Тешко е и предизвик е да не се мисли негативно, но не е невозможно. Низ нашиот ум минуваат 60,000 мисли дневно и огромен број од нив се случуваат потсвесно и ако не ги фокусирате вашите мисли кон позитивната страна, ќе се чувстувате како да не сте во контрола.
5. Следете го 80-20 правилото
Правилото 80-20 значи дека 80% од резултатите доаѓаат од 20% од трудот. Во продажба, тоа значи дека 805 од продажбата доаѓа од 20% од клиентите. Фокусирајте се на ова. Пронајдете ги резултатите кои продуцираат најдобри резултати. Тука не се работи за прекувремено работење, пренапорно работење или секогаш да се биде последен да се напушти канцеларијата. Тука се работи за продуктивност. Само идентификувајте ги трудовите и работата која ви дава најдобри резултати и целете натаму.
