OpenAI воведе функција со која корисниците можат да ги поврзат своите банкарски сметки со ChatGPT и да добијат анализа на приходите, трошоците, заштедите, инвестициите и долговите. Според „Каматица“, опцијата засега е достапна за претплатниците на ChatGPT Pro во САД, а поврзувањето преку Plaid опфаќа повеќе од 12.000 финансиски институции.
Корисниците можат да побараат споредба на месечните трошоци, да проверат колку издвојуваат за храна или патувања и да добијат предлог за план за штедење. Според OpenAI, цитирана од „Каматица“, четботот нема пристап до целосните броеви на сметките и не може да префрла пари или да извршува трансакции.
И без можност за трансакции, податоците за приходите, долговите и потрошувачката можат да откријат детален финансиски профил. Експертите предупредуваат дека при протекување на податоците или неовластен пристап тие би можеле да се злоупотребат за лажни банкарски пораки и кражба на идентитет. Засега не е познато кога функцијата би можела да стане достапна во Македонија.
Тагови: ChatGPT OpenAI САД