Промовирани огласи »

Ер фраер или рерна: што е подобро и кој троши помалку струја?

Еве што треба да знаете

Ер фраерот сè почесто се користи во домаќинствата како практична алтернатива на класичната рерна. Но, дали навистина е подобар избор? Главните разлики се во времето на подготовка, потрошувачката на струја и количината на храна што може да се подготви одеднаш.

Ер фраерот обично ја подготвува храната побрзо и троши помалку струја при подготовка на помали порции, бидејќи има помал простор за загревање и често не бара долго претходно загревање. Рерната, пак, е попрактична за поголеми количини храна и оброци за целото семејство. Сепак, потрошувачката зависи од моќноста на апаратот, времето на користење и температурата на готвење.

Кога станува збор за здравјето, ер фраерот овозможува подготовка на крцкава храна со помалку масло отколку класичното пржење во длабоко масло. Тоа не значи дека храната автоматски е поздрава, бидејќи важни се и состојките и начинот на подготовка. Ако најчесто готвите помали порции и сакате да заштедите време, ер фраерот може да биде подобар избор. За поголеми оброци, печење колачи и подготовка на повеќе јадења одеднаш, класичната рерна останува попрактична.

Тагови: домашни апарати здравје сметки за струја Ер фраерот рерна

Промовирани огласи »

Kултура без мобинг и несоодветно однесување на работното место

Игнорирање, омаловажување и заплашување однесувања што можат да ги натераат вработените да ја изгубат мотивацијата и да си заминат!

Работното место не треба да биде само простор каде што луѓето ги извршуваат своите работни задачи, туку и средина во која се чувствуваат безбедно, почитувано и ценето.

Сепак, малтретирањето, заплашувањето и несоодветното однесување сè уште претставуваат сериозен предизвик за многу организации. Затоа, одделите за човечки ресурси имаат важна улога во создавањето работна култура во која почитта, довербата и еднаквиот третман се основа на секојдневната соработка.

Лошата работна атмосфера не се создава преку ноќ

Малтретирањето и несоодветното однесување често започнуваат со навидум мали ситуации кои, со текот на времето, стануваат дел од секојдневието. Игнорирање на туѓото мислење, неправедни критики, омаловажување, исклучување од тимот или непочитувачка комуникација можат постепено да создадат непријатна работна средина.

Кога ваквото однесување се премолчува, последиците можат да бидат сериозни. Вработените ја губат мотивацијата, ја намалуваат довербата во раководителите и сè почесто размислуваат за заминување. Истовремено, се нарушуваат угледот на компанијата и односите меѓу колегите.

Јасните правила се првиот чекор кон здрава работна средина

Компаниите треба да имаат јасно утврдени правила за спречување на малтретирањето и вознемирувањето на работното место. Но, само донесувањето правилник не е доволно. Вработените треба да знаат што претставува несоодветно однесување, кому можат да му се обратат и како ќе биде постапено по нивната пријава.

Особено важно е да бидат сигурни дека нивните пријави ќе бидат разгледани сериозно, непристрасно и доверливо, во рамките на утврдените постапки.

Правилата мора да важат за сите без оглед на работното место, службената положба или влијанието што некој го има во организацијата. Само така тие стануваат вистински дел од работната култура, наместо да останат само формалност на хартија.

Раководителите го одредуваат односот кон вработените

Начинот на кој се однесуваат раководителите има големо влијание врз целата организација. Кога тие покажуваат почит, ги сослушуваат вработените и навремено реагираат на несоодветното однесување, испраќаат јасна порака дека малтретирањето не е прифатливо.

Спротивно на тоа, кога несоодветното однесување се премолчува, особено ако доаѓа од лица на раководни позиции, се создава впечаток дека правилата не важат подеднакво за сите.

Затоа, од раководителите не се очекува само да ги исполнуваат деловните цели, туку и да придонесуваат за работна средина во која луѓето се третираат достоинствено.

Вработените треба да можат да пријават проблем без страв

Една од најголемите пречки во справувањето со малтретирањето е стравот од последици. Некои вработени молчат затоа што се плашат дека ќе бидат изложени на дополнителен притисок, дека ќе го нарушат односот со претпоставениот или дека нивната пријава нема да доведе до промена.

Затоа, одделите за човечки ресурси треба да обезбедат јасни и достапни начини за пријавување проблеми. Тоа може да вклучува доверливи канали за комуникација, разговори со одговорните лица и редовни анонимни анкети за работната атмосфера.

Секоја пријава треба да се разгледа професионално и непристрасно, со почитување на приватноста на сите вклучени. Подеднакво важно е да се спречи одмаздничко однесување кон лицата што пријавиле проблем.

Обуките помагаат да се спречи несоодветното однесување

Спречувањето на малтретирањето не започнува дури откако ќе се појави проблемот. Важен дел од превенцијата е редовната едукација на вработените и раководителите.

Компаниите можат да организираат обуки за правилна комуникација, решавање несогласувања, препознавање несоодветно однесување и соодветно постапување во конфликтни ситуации.

Понекогаш проблемите произлегуваат и од недоволна свесност за тоа како одредени зборови или постапки влијаат врз другите. Соодветната обука им помага на вработените да ги препознаат границите на прифатливото однесување и да градат подобри меѓусебни односи.

Здравата работна култура носи подобри резултати

Компаниите што создаваат работна средина заснована на доверба и почит не придонесуваат само за благосостојбата на вработените, туку создаваат и подобри услови за соработка и постигнување резултати.

Кога луѓето се чувствуваат безбедно, полесно ги споделуваат своите идеи, поставуваат прашања, укажуваат на проблеми и преземаат иницијатива. Наместо да трошат енергија на справување со непријатни односи, можат да се посветат на работата и заедничките цели.

Создавањето работна средина без малтретирање не е еднократна активност, туку постојан процес што бара посветеност од раководителите, одделите за човечки ресурси и секој вработен.

Бидејќи успешна компанија не е само онаа што постигнува добри деловни резултати, туку и онаа во која луѓето се чувствуваат почитувано, безбедно и вреднувано.

Прочитајте и за: Зошто луѓето ја напуштаат работата иако имаат добра плата?

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Хотел Мериот, Прима Мебел, Zia и многу други вработуваат!

Огласи за работа во Хотел Мериот, Прима Мебел, Zia!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Skopje Marriott Hotel е луксузен хотел со 5 ѕвезди, сместен во самиот центар на Скопје, на плоштад „Македонија“. Хотелот комбинира модерен дизајн со елегантен стил и нуди врвна услуга за деловни патници и туристи.

Моментално вработува:

Хостеса / Hostess
Келнер/ка (Собна послуга) - F&B Service Expert (Room service)
Келнер/ка - F&B Service Expert

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. 

Моменталнои ваработува:

Советник за продажба во Охрид

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот ZIA кој работи повеќе од 7 години, и е пласиран на пазарот со 8 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин од внатрешната страна), Capitol Mall, 1 спрат, East Gate Mall, Приземје, Skopje City Mall 1 спрат, Битола Широк Сокак, Palma Mall Тетово и La Plaza Куманово.

Моментално вработува:

Продажни референти - КАМ Центар Кисела Вода
Продажба - East Gate Mall

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Тиго Фајнанс ДОО е една од водечките компании во индустријата на финансиски услуги во Македонија, посветена на обезбедување на едноставни и одговорни финансиски решенија за своите клиенти. 

Моментално ваработува:

Раководител на сектор за услуга на клиенти
Експерт за електронска продажба

Алма-М е силна и современо организирана дистрибутивна компанија со над 30 години искуство, со силен логистички капацитет, технолошка поддршка, богат асортиман и национално и регионално присуство.

Моментално вработува:

Деловен партнер за човечки ресурси

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Calzedonia бутик за долна облека е долгогодишен италијански бренд кој што и го дава името на групацијата CALZEDONIA SPA, која ја претставува суштината и наследството на компанијата. 

Моментално вработува:

Асистент за продажба - City Mall
Асистент за продажба - East Gate

КАМ е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени.

Сите огласи од Кам можете да ги најдете ТУКА.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи на Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Скопје добива нов Луна парк: Ролеркостер и панорамско тркало до крајот на 2027

Главниот град најавува модерен Луна парк со атракции за сите генерации, а првите седум реквизити ќе почнат да се монтираат веќе наредниот месец.

Скопје треба да добие современ Луна парк со ролеркостер, панорамско тркало, водени атракции и зони за виртуелна реалност, а од Град Скопје најавуваат дека целиот проект треба да биде завршен до крајот на 2027 година. Новиот забавен комплекс ќе биде наменет за различни возрасти и ќе опфати класични реквизити, интерактивни игри и нови содржини, на површина поголема од некогашниот Луна парк, вклучително и дел од просторот кај Градскиот парк каде порано беа летните дискотеки.

Според најавите, за околу еден месец ќе започне монтирањето на седумте реквизити набавени со претходниот договор, паралелно со уредување на просторот, за овој дел од паркот да може да почне со работа. Од Градот објаснуваат дека новиот договор за набавка бил спогодбено раскинат за да се избегне двојна набавка на иста опрема и дополнително оптоварување на буџетот, откако поранешниот договор станал предмет на судска постапка што завршила во корист на фирмата.

Градските власти уверуваат дека оваа одлука нема да влијае врз рокот за изградба на Луна паркот. Дополнителните атракции, меѓу кои и ролеркостерот и панорамското тркало, ќе бидат предмет на нов тендер, чија вредност според најавите ќе биде помала од 10 милиони евра. Со проектот, главниот град треба да добие поголем и помодерен простор за забава и рекреација, наменет за деца, млади и семејства.

Тагови: Скопје Луна парк

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »