Промовирани огласи »

5 знаци дека премногу се обидувате да им угодите на сите на работа

Постојано им помагате на сите, а никој не ви помага вам?

Да бидете љубезни, кооперативни и подготвени да помогнете е одлична особина на работното место. Но, постои момент кога желбата да им угодите на сите почнува да работи против вас.

Постојано велите „да“, иако немате време. Се плашите некого да не разочарате. Преземате дополнителни задачи за да не изгледате „тешки“. А кога ќе направите нешто за себе, веднаш чувствувате грижа на совест.

Проблемот е што не можете да ги задоволите сите, а обидот да го направите тоа може да ве остави без енергија, време и јасни граници.

Еве пет знаци дека можеби премногу се обидувате да им угодите на сите на работа.

1. Велите „да“ и кога всушност сакате да кажете „не“

Колегата ве замолува да преземете уште една задача. Менаџерот ви додава нешто во веќе полниот распоред. Некој бара помош токму кога сте пред крај со вашиот проект.

Првата реакција ви е: „Нема проблем, ќе завршам.“ Дури и кога знаете дека немате време. Понекогаш велиме „да“ не затоа што можеме, туку затоа што не сакаме да изгледаме нељубезно, несоработливо или неспособно.

Но, секое автоматско „да“ на туѓите барања може да стане „не“ за вашето време, енергија и приоритети.

2. Постојано се грижите што мислат другите за вас

Дали после состанок долго размислувате дали некого сте навредиле? Дали се прашувате дали колегите мислат дека сте доволно добри? Дали внимавате на секој збор затоа што не сакате некој да се налути? Ако премногу ја мерите сопствената вредност преку реакциите на другите, лесно можете да станете зависни од нивното одобрување.

На работното место не мора секој да се согласува со вас, да ве сака или секогаш да биде задоволен од вашите одлуки. Професионалноста не значи постојано одобрување од сите.

3. Преземате туѓа работа за да избегнете конфликт

„Ќе го направам јас, побрзо ќе биде.“ Ова можеби ви звучи како практично решение. Но, ако постојано ги завршувате задачите на другите затоа што не сакате да се расправате или да им кажете дека не си ја завршиле работата, со текот на времето создавате нездрава динамика.

Колегите може да се навикнат дека секогаш ќе помогнете. А вие постепено станувате личноста која има најмногу обврски не затоа што тоа е формално нејзина работа, туку затоа што никогаш не кажува „не“.

Помагањето е позитивно. Преземањето туѓа одговорност по автоматизам е нешто сосема друго.

4. Се чувствувате виновно кога ќе поставите граница

Одбивате дополнителна задача затоа што веќе сте преоптоварени. И веднаш почнувате да размислувате: „Можеби требаше да прифатам.“ „Ќе мислат дека не сум тимски играч.“ „Можев да најдам време.“

А всушност сте направиле нешто сосема нормално сте поставиле граница. Границата не значи дека не сакате да помогнете. Значи дека знаете што реално можете да преземете без да ги загрозите останатите обврски. Понекогаш најпрофесионалното „не“ може да звучи вака: „Во моментов имам приоритети со кратки рокови. Можам да ја преземам задачата, но ќе треба да поместиме нешто од тековниот список.“

Тоа не е одбивање. Тоа е јасна комуникација.

5. Вашите потреби секогаш се на последно место

Ова е можеби најголемиот знак. Постојано им помагате на другите, останувате подолго, прифаќате промени во последен момент, ги покривате колегите и се обидувате сите да бидат задоволни.

Но кога станува збор за вас нема време. Нема време за пауза. Нема време за развој. Нема време за одмор.

Нема време да кажете дека сте преоптоварени

На долг рок, ова може да доведе до замор, фрустрација и чувство дека вашиот труд се зема здраво за готово. Како да престанете да им угодувате на сите? Не мора од утре да станете личност која на сè одговара со „не“.

Почнете со мали промени

Пред да прифатите нешто, направете пауза и прашајте се: „Дали навистина можам да го направам ова или само се плашам да кажам не?“ Не одговарајте веднаш на секое барање. Дозволете си да кажете: „Ќе проверам што имам како приоритети и ќе ти кажам.“

Научете да ги разликувате љубезноста и попустливоста

И запомнете: ако некој се разочара затоа што сте поставиле разумна граница, тоа не значи дека сте направиле нешто погрешно. Не мора сите да бидат задоволни од вас

На работното место вашата цел не треба да биде сите да ве сакаат. Вашата цел е да бидете професионални, одговорни, коректни и да ја завршувате својата работа. Понекогаш ќе кажете „не“. Некогаш некој нема да се согласи со вас. Некогаш ќе поставите граница која некому нема да му се допадне. И тоа е во ред. Не можете да им угодите на сите. Но можете да научите да не се изгубите себеси додека се обидувате.

Прочитајте и за: Како да престанете да размислувате за работа по работното време?

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Младиот пијанист Андреј Цековски со златен медал на меѓународен натпревар во Њујорк

Единаесетгодишниот пијанист од Скопје, Андреј Цековски, во Њујорк ги прими златниот медал и пехарот за освоеното прво место на меѓународниот натпревар International Youth Music Competitions.

Единаесетгодишниот пијанист од Скопје, Андреј Цековски, во Њујорк ги прими златниот медал и пехарот за освоеното прво место на меѓународниот натпревар International Youth Music Competitions.

Цековски победи во категоријата „USA Classical Hobbyist“ на натпреварот што се одржа во март годинава. Признанијата му беа врачени минатата недела на гала-вечер во The DiMenna Center for Classical Music, каде што младиот пијанист настапи пред меѓународна публика.

На сцената тој го претстави и македонското знаме, а настапот го сподели со победниците од останатите категории, меѓу кои млади музичари од Австралија, Канада, Кина, Полска, САД, Украина, Мексико, Романија, Црна Гора и Турција.

Според оценката на жирито, Цековски се издвоил со музикалност, техничка сигурност и уметничка зрелост, квалитети кои, како што било посочено, ретко се среќаваат кај музичари на негова возраст.

Андреј е ученик во шесто одделение во Државното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, каде што по пијано работи со наставничката Марија Диманин-Богоевска. Пијано започнал да изучува на четиригодишна возраст.

Паралелно со музичкото образование, тој е ученик и во ООУ „Блаже Конески“. Има освоено повеќе државни награди по различни предмети, а последните две години тренира и ракомет.

Неговиот успех во Њујорк е уште едно меѓународно признание за млад македонски музички талент.

Тагови: ученици училиште награда

Промовирани огласи »

Какво време нè очекува викендов?

Еве што покажува прогнозата

Денешното утро, петок (11 септември), во Македонија започна со ведро и сончево време во поголем дел од земјата. Утрото помина претежно мирно, со слаб ветер и без позначителни воздушни струења.

И денес нашата земја останува под влијание на топлотниот бран кој пристигнува од југ и веќе подолг период носи невообичаено високи температури за овој дел од годината. Температурите ќе бидат за околу 6 до 8 степени над просекот за средината на септември.

Во текот на денот се очекува сончево и топло време, со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во одредени делови од Скопската Котлина, во текот на денот постои можност за развој на нестабилна облачност, која локално може да донесе краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

11.9.2026 Петок   25° / 32° 08:11   20:54
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h














31°
32°
32°
32°
31°
30°
28°
26°
25°
25°

3

3

3

3

2

2

2

1

2

1
12.9.2026 Сабота   19° / 27° 08:12   20:52
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
24°
23°
23°
22°
22°
21°
20°
20°
20°
21°
23°
24°
25°
27°
27°
26°
26°
26°
24°
24°
20°
19°
19°
19°

1

1

1

2

3

3

3

2

3

3

3

4

4

4

4

4

4

4

4

3

4

2

1

2
13.9.2026 Недела   15° / 25° 08:13   20:50
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
18°
18°
17°
16°
16°
15°
15°
15°
15°
17°
19°
20°
21°
22°
23°
24°
25°
25°
25°
24°
21°
20°
19°
17°

2

3

2

2

2

2

2

2

2

3

4

4

4

4

4

4

4

4

4

4

2

3

2

2

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник за норматива од областа на енергетиката, рударството и минералните суровини, Одделение за нормативно - правни работи од надлежност на министерството, Сектор за нормативно - правни и организациони работи

Соработник за подготовка на материјали за седниците на Советот и работните тела на советот, Одделение за поддршка на Советот и работните тела на советот, Сектор за правни и општи работи

Советник за човекови ресурси, Одделение за административни работи и човекови ресурси, Административна служба

Советник инспектор во одделението за вршење на инспекциски надзор североисток, Одделение за инспекциски надзор за североисточен регион, Сектор за вршење на инспекциски надзор Исток, Државен управен инспекторат

Помлад инспектор во одделението за вршење на инспекциски надзор североисток, Одделение за инспекциски надзор за североисточен регион, Сектор за вршење на инспекциски надзор Исток, Државен управен инспекторат

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »