Промовирани огласи »

Нова ера во Apple: Џон Тернус ја презема функцијата CEO со фокус на AI и првиот iPhone на преклопување

Нова фаза за Apple: Џон Тернус ја презема лидерската позиција додека компанијата се соочува со AI трката, притисокот врз синџирот на снабдување и очекувањата околу првиот iPhone на преклопување.

Џон Тернус денес и официјално ја презема функцијата извршен директор на Apple, влегувајќи на чело на компанијата во клучен момент за нејзината иднина. Поранешниот виш потпретседател за хардверско инженерство, кој е дел од Apple од 2001 година, досега имаше важна улога во развојот на производи како iPhone, iPad, Mac, AirPods и Apple Watch. Неговото назначување доаѓа во период кога Apple треба да покаже дека може да испорача нов бран иновации и да отвори нови извори на раст.

Еден од најголемите предизвици за Тернус ќе биде одговорот на засилената трка во вештачката интелигенција, каде Microsoft, Alphabet и Meta веќе вложија десетици милијарди долари. Иако Apple располага со огромна корисничка база и силен екосистем, пазарот очекува поконкретни AI производи и услуги. Воедно, веќе во септември Тернус би можел да го претстави и првиот iPhone на преклопување, потег што би означил влез на Apple во сегмент каде дел од конкурентите се присутни со години.

Покрај технолошките амбиции, новиот CEO ќе мора да се справи и со сложените прашања околу синџирот на снабдување. Apple и натаму е силно поврзан со производството во Кина, иако постепено се шири во Индија, Виетнам и други азиски пазари. Така, Тернус не презема само компанија што треба да лансира нови уреди, туку и лидерска улога во време кога Apple мора истовремено да ги усогласи иновациите, геополитичките ризици и очекувањата на инвеститорите за тоа што следува по ерата во која iPhone беше главниот двигател на растот.

Тагови: Apple Џон Терну

Промовирани огласи »

Интервју со Владимир Димковски главен регрутер во Agile Pro Solutions

Agile Pro Solutions: Што очекува од вас регрутерот на интервју за вработување?

Не бараме совршени кандидати, туку вистински луѓе

Што очекува од вас регрутерот на интервју за вработување?

Владимир Димковски е главен регрутер во Agile Pro Solutions, со долгогодишно искуство и стотици кандидати месечно. Со него разговараме за тоа како да се подготвите за интервју за вработување и како да се однесувате за време на разговорот.

Kariera.mk: Што е првото нешто што сакаш младите кандидати да го знаат пред да дојдат на интервју?

Владимир: Никој не очекува да бидат совршени. Мислам дека тоа е најголемиот притисок што сами може да си го создадат пред и за време на интервјуто. Особено кога станува збор за прва работа или првите неколку години од кариерата. Компаниите најчесто не бараат личност која знае сè, туку некој што ке покаже желба и потенцијал да учи и да се надоградува понатаму.

Kariera.mk: Што најмногу ти остава позитивен впечаток кај еден кандидат?

Владимир: Би ја издвоил искреноста како доста ретка особина во денешно време. Можеби ќе звучи едноставно, но навистина е така. Многу повеќе ценам кандидат кој отворено ќе каже: „Немам искуство со ова, но подготвен сум да научам“, отколку некој што се обидува да се претстави како експерт во област која очигледно не ја ни познава доволно.

Kariera.mk: Во последно време AI алатките станаа многу популарни. Како гледаш на нивната употреба при подготовка за интервју?

Владимир: Нема ништо лошо во тоа да се користат како алатка за подготовка и истражување. Но, не треба да станат замена за личноста што седи на интервјуто. Сè почесто гледаме кандидати кои читаат однапред подготвени одговори или користат AI за време на интервјуто. Верувајте, ние тоа веднаш го забележуваме.

Интервјуто не е тест за тоа колку добро знаете да користите AI, туку можност некој да ве запознае вас како личност, да види како и на кој начин размислувате, комуницирате и што ве мотивира.

Kariera.mk: А што е со CV-то? Како изгледа едно добро CV денес?

Владимир: Од мое лично искуство, најдобрите CV-a се всушност оние наједноставните. Не мора да биде преполно со графики, бои и сложени шаблони. Доброто CV е кратко, јасно и содржи точни информации (контакт телефон, е-маил).

Мој совет е да не се обидувате да додавате искуства или вештини само за да изгледате подобро на хартија. По неколку прашања за време на интервјуто многу лесно се препознава кога нешто е разубавено или неточно.

Kariera.mk: Што според тебе ги издвојува најуспешните кандидати?

Владимир: Љубопитноста и подготвеноста. Кандидатите кои одвоиле време да прочитаат за компанијата, да разберат што подразбира позицијата и да постават неколку адекватни прашања на крајот секогаш оставаат подобар впечаток од останатите кандидати. Не затоа што знаат повеќе од другите, туку затоа што покажуваат интерес.

Kariera.mk: Што би им порачал на младите луѓе кои можеби биле одбиени на неколку интервјуа и ја губат мотивацијата?

Владимир: Ништо не е лично. Понекогаш причината нема никаква врска со нивните способности. Можно е компанијата да бара поинаков профил, различно искуство или едноставно некој што подобро се вклопува во конкретниот тим.

Секое интервју е ново искуство што ве прави подобри за следното. Најуспешните професионалци што ги познавам исто така биле одбивани на почетокот од кариерата.

Kariera.mk: И за крај, кој е твојот најважен совет?

Владимир: Бидете свои. Подгответе се, истражете ја компанијата, дојдете со позитивен став и верувајте во себе. Не читајте за време на интервју, не се обидувајте да глумите некој друг и не ставајте невистинити информации во CV-то.

Можам да кажам дека кандидатите кои најмногу се паметат не се оние што звучат совршено, туку оние што се искрени, автентични и покажуваат вистинска желба за развој - токму и тие најчесто ја добиваат шансата што ја бараат.

Погледнете ги нашите отворени позиции и аплицирајте. Се гледаме на интервју!

Тагови: Agile Pro Solutions

Промовирани огласи »

Ова се 12-те професии кои ќе изгубат најмногу вработени до 2035 година

Дали вашата професија е на листата?

Бирото за статистика на трудот на САД објави нови проекции за периодот од 2025 до 2035 година, а податоците покажуваат дека одредени занимања ќе доживеат голем пад на бројот на вработени.

На врвот на листата се работни места кои сè повеќе ги презема автоматизацијата, вештачката интелигенција и новите технологии.

Пазарот на трудот би можел значително да се промени во следните десет години. Според најновите проекции на Бирото за статистика на трудот на САД (BLS), вкупната вработеност во САД треба да порасне за 3,5 проценти до 2035 година, но во исто време, голем број занимања ќе забележат пад.

Најголем процентен пад се очекува кај обработувачите на текст и дактилографите, чиј број треба да се намали за дури 34,4 проценти. Со околу 40.400 вработени во 2025 година, проекцијата за 2035 година предвидува само околу 26.500 работни места.

BLS наведува дека традиционалното пишување сè повеќе се заменува со автоматизирани процеси и технологии базирани на машинско учење, додека некои од овие работни места ги преземаат други вработени, пишува Бизнис инсајдер.

Ова се 12-те професии кои ќе изгубат најмногу вработени

Според проекциите на BLS, најголем процентен пад од 2025 до 2035 година се очекува во следниве занимања:

  • Текст-процесори и дактилографи - пад од 34,4 проценти;
  • Телефонски оператори - 27,6 проценти;
  • Оператори на телефонска централа - 26 проценти;
  • Работници за внесување податоци - 25,5 проценти;
  • Работници кои изработуваат калапи и јадра во леарници - 23 проценти;
  • Изработувачи на модели за метал и пластика - 22,8 проценти;
  • Телемаркетери - 21,4 проценти;
  • Работници за рачно брусење и полирање - 19,2 проценти;
  • Работници кои поправаат покриви во рудници - 18,9 проценти;
  • Работници за рачно сечење и кроење - 18,9 проценти;
  • Работници за врзување и доработка - 17,5 проценти и,
  • Службеници за прием и обработка на нарачки - 17,5 проценти.

Тагови: вработени професии

Промовирани огласи »

Ново зголемување на платите за наставниците: Во март 2027 повисоки примања до 10 отсто

Наставниците и вработените во училиштата ги очекува нов раст на платите во март 2027 година, додека од МОН уверуваат дека реформите нема да значат отпуштања.

Наставниците и останатите вработени во училиштата во март 2027 година ќе добијат ново зголемување на платите, кое според најавите ќе се движи од 7,5 до 10 проценти. Конечниот процент ќе зависи од движењето на инфлацијата, а мерката е дел од договорот постигнат со СОНК.

Со ова, се продолжува трендот на раст на примањата во образованието, откако во изминатиот период платите веќе беа зголемени за повеќе од 20 проценти. Дополнително, околу 300 наставници и стручни соработници напредувале во повисоки професионални звања – ментори и советници, што носи и повисоки месечни примања.

Од Министерството за образование и наука велат дека оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето едносменска настава нема да предизвикаат отпуштања. Според нив, редовно вработените наставници не треба да стравуваат за своите работни места, а промените во организацијата на наставата ќе се спроведуваат без намалување на бројот на вработени.

Тагови: зголемување на плати Министерство за образование и наука - МОН наставници

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »