Промовирани огласи »

Воведувањето на царините вроди со плод: Нарачките од кинеските платформи се преполовија

🔴Царината од само три евра за мали пакети резултираше со пад на увозот за 30 до 40 проценти

Од 1 јули, Европската Унија воведе царински давачки за мали пакети, особено за оние што доаѓаат од Кина преку платформите како „Тему“, „Шеин“ и „АлиЕкспрес“, а првите резултати се веќе видливи.

Имено, царината од само три евра за мали пакети резултираше со пад на увозот за 30 до 40 проценти. Мерката се однесува на сите пратки со вредност помала од 150 евра, кои досега беа ослободени од царински давачки, пишува „Euronews“. Со години, евтините производи од гореспоменатите платформи пристигнуваа директно во поштенските сандачиња на европските клиенти. Но, Европската Унија одлучи да го ограничува тој бизнис модел, кој беше изложен на критики поради масовниот увоз на облека, гаџети и разни други предмети, а воведувањето царински давачки е само првата мерка.

Влијание врз моменталниот пазар

Француското Министерство за економија објави царински податоци кои покажуваат дека бројот на мали пакети увезени во ЕУ се намалил за 30 до 40 проценти откако данокот стапил на сила. Владата во Париз верува дека ова е доказ оти построгите правила можат да влијаат врз навиките на потрошувачите и да ја намалат доминацијата на пазарот на големите кинески онлајн продавници.

Падот е забележлив и кај резултатите од продажбата на самите платформи:

Temu: Продажбата се намали за дури 50 проценти помеѓу јуни и јули.

AliExpress: Забележан е пад од 37 проценти.

Shein: Забележа нешто помал пад од 15 проценти.

Сепак, овие платформи почнаа да работат со забрзано темпо и да наоѓаат решенија за да избегнат дополнителен пад. Нивниот нов план е да отворат магацин во Полска на крајот од 2026 година, со што би се избегнал дел од царинското оптоварување за стоките што се испорачуваат во рамките на ЕУ.

Зошто ЕУ воведе царински давачки?

Одлуката на Брисел се темели на две клучни причини — заштита на конкуренцијата на пазарот и безбедност на потрошувачите:

Заштита на пазарот: Во текот на 2025 година, во Европската Унија влегле 5,9 милијарди предмети со ниска вредност, што е во просек повеќе од 16 милиони пакети дневно. Ваквиот систем, според ставот на ЕУ, ги ставаше европските трговци во исклучително нерамноправна положба.

Безбедносни стандарди: Истражувањето спроведено во 2025 година покажа дека повеќе од 60 проценти од проверените производи со ниска вредност не се во согласност со европските прописи и безбедносни стандарди. Новите правила им олеснуваат на царинските служби да ги идентификуваат и да ги запрат таквите производи уште на границата.

Привремена мерка и идни чекори

Иако покажа брзи резултати, оваа мерка е привремена и засега претставува само вовед во сеопфатната реформа на царинскиот систем на Унијата, која е планирана за 2028 година.

Се очекува нов чекор да следи веќе во ноември, бидејќи се разгледува воведување дополнителни долгорочни такси за покривање на трошоците за обработка на пакетите.

Тагови: ЕУ Тему царина царински тарифи

Промовирани огласи »

Платен слободен ден за прваче: Кои родители имаат законско право, а кај кого одлучува работодавачот?

Првиот училишен ден е голем момент за секое семејство. Проверете кои родители имаат право на платен слободен ден за да бидат со своето прваче, а каде тоа зависи од одлуката на директорот или работодавачот.

Првиот училишен ден е еден од најемотивните моменти и за децата и за родителите, а за дел од семејствата добра вест е што законот предвидува можност овој ден да го поминат заедно. Според член 28 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, вработените во јавниот сектор имаат право на еден платен слободен ден за првиот ден на училиште на своето дете – прваче.

Ова значи дека родителите кои се опфатени со овој колективен договор можат без работни обврски да бидат покрај своето дете во моментот кога за првпат влегува во училишниот двор, ја слуша првата ѕвонче и го прави својот голем чекор кон ново животно поглавје. Правото важи како утврдена можност за платен одмор и не зависи од дополнителна добра волја на раководството.

Сепак, за приватниот сектор правилата не се исти. Таму слободен ден за прваче не произлегува автоматски од Општиот колективен договор за јавниот сектор, туку најчесто зависи од интерните акти на компанијата, важечки колективен договор или директна одлука на работодавачот. Со други зборови, додека кај јавниот сектор ова е загарантирано право, кај приватните компании најчесто останува прашање на политика и добра практика.

Тагови: прваче родител слободни денови

Промовирани огласи »

Waymo носи такси без возач во Европа: Минхен прв на мапата

Американската Waymo следната година почнува тестирања во Минхен, а до 2027 планира комерцијални возења со целосно автономни роботски такси.

Минхен би можел да стане првиот град во Европската Унија со редовна комерцијална услуга на роботски такси, откако американската компанија Waymo објави дека следната година ќе започне со активности во германскиот град. Првите возила се очекува да пристигнат на улиците на Минхен во наредните недели, но во почетната фаза тие нема да се движат целосно самостојно, бидејќи зад воланот ќе има обучен безбедносен возач.

Компанијата, која е во сопственост на Alphabet, овој период ќе го искористи за тестирање на технологијата во германски услови. Фокусот ќе биде ставен на изработка на високо прецизни мапи на патната мрежа во Минхен, како и на прилагодување на системот Waymo Driver на локалните сообраќајни правила и специфични услови на возење. За германскиот пазар, Waymo најавува користење исклучиво електрични автомобили, иако засега не открива кој модел ќе биде избран.

Според планот, до крајот на 2027 година Waymo треба да започне комерцијални возења без присуство на возач, што би било значаен исчекор за автономниот транспорт во Европа. Покрај Германија, компанијата паралелно работи и на проширување во Лондон, што покажува дека стратегијата за излез надвор од американскиот пазар веќе е во полн замав.

Тагови: ЕУ такси Waymo

Промовирани огласи »

Жешките температури продолжуваат

Погледнете ја денешната прогноза

Времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне на одделни места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје: Претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

1.9.2026 Вторник   23° / 35° 08:01   21:10
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h







23°
24°
25°
27°
29°
32°
33°
34°
35°
35°
35°
34°
33°
31°
29°
28°
27°

1

1

1

2

2

2

3

3

3

3

3

4

4

3

2

2

2
2.9.2026 Среда   20° / 34° 08:02   21:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
25°
24°
24°
23°
22°
21°
21°
20°
22°
24°
26°
28°
30°
32°
33°
33°
34°
33°
33°
32°
30°
27°
25°
24°

2

2

2

2

2

2

2

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

4

2

1
3.9.2026 Четврток   19° / 33° 08:03   21:07
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
23°
23°
22°
22°
21°
20°
20°
19°
20°
23°
26°
28°
30°
31°
32°
32°
33°
32°
30°
28°
26°
24°
24°
24°

2

1

1

1

1

2

2

2

3

2

2

3

3

4

4

4

4

4

4

4

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »