Промовирани огласи »

Белград воведе 30 нови камери: Казни за мобилен, појас, брзина и црвено светло

Новиот систем во Белград автоматски бележи повеќе сообраќајни прекршоци, а казните пристигнуваат директно на домашна адреса или електронски.

Белград пушти во употреба нов систем од 30 сообраќајни камери што автоматски регистрираат различни прекршоци, меѓу кои користење мобилен телефон при возење, неносење безбедносен појас, пречекорување на дозволената брзина и поминување на црвено светло. Камерите се поставени на фреквентни сообраќајници, раскрсници и влезови во градот, а системот ги опфаќа Нови Београд, Земун, Алтина, Ледине, Бежанијска коса, како и правците кон Батајница, Рушањ, Винча и Борча.

Според информациите на РТС, новата технологија истовремено открива повеќе видови прекршоци, вклучувајќи и возење во жолта лента, неправилно престигнување, престигнување колона преку полна линија, како и управување нерегистрирано возило. Податоците автоматски се испраќаат до центарот на МУП, по што сопствениците на возилата ја добиваат казната на домашна адреса или преку порталот за електронска администрација.

Според објавените податоци, сообраќајните камери во Белград во просек бележат околу 120 прекршоци дневно. Најчесто се регистрираат поминување на црвено светло, неносење појас и пребрзо возење, што укажува дека новиот систем значително ќе го засили надзорот врз возачите во српската престолнина.

Тагови: казни камери Србија

Промовирани огласи »

ММА и МРТ со обвинувања: Arena M каналите работеле без дозвола, АВМУ под лупа

Сериозни сомнежи за заобиколување на законот: ММА и МРТ тврдат дека Arena M каналите работат без домашна лиценца и бараат истрага за АВМУ.

Националните радиодифузери членки на ММА и јавниот сервис МРТ изразија сериозна загриженост поради сомнежи дека со работењето на спортските канали Arena M1, M2 и M3 Premium се заобиколуваат македонските закони. Според нив, каналите подолг период функционираат без домашна дозвола, иако продукцијата, студиските емисии, новинарите и коментаторите се наоѓаат во Скопје, а програмата се емитува на македонски јазик.

Дополнително, ММА и МРТ посочуваат дека овие канали не се појавуваат во евиденцијата на српскиот регулатор РЕМ, што, според нив, значи дека не станува збор за домицилни српски сервиси. Сепак, во операторските евиденции одобрени од АВМУ тие се водат како странски канали што емитуваат програма на српски јазик. Оттаму бараат институциите да утврдат дали е избегната законската обврска за лиценцирање, дали е нанесена штета на буџетот поради неплаќање лиценца и дали постои одговорност кај сопствениците, одговорните лица и службениците во АВМУ.

Во реакцијата се бара и проверка за можно неовластено користење на премиум спортски ТВ-права, односно евентуална ТВ пиратерија, како и конечно да се испита долгогодишното незаконско реемитување на канали од регионот. ММА и МРТ најавија дека ќе поднесат претставки до Јавното обвинителство и МВР, а предупредија и дека нема да дозволат истиот модел да се примени и за најавениот Euronews Македонија. Според нив, „беззаконието кое денес се толерира како исклучок, утре може да стане правило“.

Тагови: Arena Sport Македонската радио телевизија (МРТ) АВМУ

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во Куманово!

Најди работа во Куманово!

Куманово, како еден од поголемите градови во Македонија, нуди голем број можности за работа во различни индустрии. Без разлика дали сте млад професионалец, квалификуван работник, или студент кој бара прво работно искуство, пазарот на труд во Куманово нуди разновидни опции за сите профили на кандидати.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Оператор во производство - Куманово
Магацински работници - подготвувачи на роба - Куманово
Вилушкарист - Куманово
Fleet Maintenance Coordinator
Техничар за телекомуникациска мрежа - Куманово

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Битола!

Промовирани огласи »

Западнонилската треска се шири во Грција: 232 случаи и 19 жртви

Бројот на заразени со западнонилска треска во Грција нагло расте, а најпогодено е поширокото подрачје на Атина. Здравствените власти апелираат на засилена заштита од комарци.

Грција бележи нагло зголемување на случаите на западнонилска треска, со вкупно 232 потврдени инфекции и 19 починати од почетокот на годината, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Најголем број од заразените се регистрирани во поширокиот регион на Атина, што предизвикува дополнителна загриженост поради големиот број жители и туристи во ова подрачје.

Податоците покажуваат брзо ширење на болеста во краток рок: на крајот на јули биле евидентирани 42 случаи, а пред само една недела 157. Со најновиот биланс, бројот на заразени е повеќе од петпати поголем во споредба со крајот на јули, што укажува на засилена активност на вирусот во летниот период.

Епидемиолозите апелираат до граѓаните и посетителите редовно да користат заштита од комарци, особено во делови од денот кога тие се најактивни. Западнонилскиот вирус се пренесува преку убод од заразен комарец и најчесто поминува без симптоми или со благи тегоби, но кај повозрасни лица и кај хронично болни може да предизвика сериозни, па и животозагрозувачки компликации.

Тагови: болести Грција комарци Западнонилска треска

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »