Промовирани огласи »

Како да препознаете здрава работна култура уште на интервју?

Пред да ја прифатите понудата, поставете ги овие прашања!

Интервјуто за работа не е само момент кога компанијата ве проценува вас. И вие ја проценувате компанијата. Покрај платата, позицијата и работните задачи, важно е да знаете во каква средина ќе работите. Здравата работна култура може да значи подобра комуникација, поголема доверба, можности за развој и поголемо задоволство од работата. Но, како да препознаете дали компанијата навистина го нуди тоа?

Еве неколку знаци на кои треба да обрнете внимание уште на интервјуто.

1. Отворено зборуваат за очекувањата

Добриот работодавач јасно ќе ви објасни што ќе биде ваша одговорност, како изгледа работниот ден и што се очекува од вас.

Ако одговорите на прашањата се нејасни или постојано слушате „ќе видиме кога ќе почнете“, тоа може да биде знак дека треба да поставите дополнителни прашања.

2. И вие добивате простор да поставувате прашања

Интервјуто не треба да биде еднонасочен разговор. Компанијата која се грижи за своите вработени обично ќе ви даде можност да прашате за тимот, начинот на работа, развојот и очекувањата.

Обратете внимание дали интервјуерот навистина ги слуша вашите прашања или само се обидува што побрзо да го заврши разговорот.

3. Зборуваат позитивно и реално за тимот

Прашајте: „Како би го опишале тимот со кој би работел/а?“

Не очекувајте само позитивни одговори, но обрнете внимание на начинот на кој зборуваат за колегите. Почитта кон вработените, дури и кога се зборува за предизвици, е добар знак.

4. Отворено зборуваат за развој и фидбек

Прашајте дали компанијата нуди обуки, менторство или можности за напредување. Исто така, важно е да знаете како се дава повратен фидбек. Здрава работна средина не подразбира дека никогаш нема критика туку дека фидбекот се користи за подобрување, а не за понижување.

5. Имаат јасни граници помеѓу работата и приватниот живот

Прашајте за работното време, паузите, можноста за работа од дома и очекувањата во однос на достапноста по работното време. Ако уште на интервју слушнете дека се очекува постојано да бидете достапни, дури и кога тоа не е дел од позицијата, вреди да размислите дали таквата средина ви одговара.

6. Не ги избегнуваат тешките прашања

Прашајте нешто конкретно, на пример: „Кој е најголемиот предизвик со кој моментално се соочува тимот?“

Искрен одговор е подобар знак од обидот компанијата да се претстави како место каде што никогаш нема проблеми. Секоја организација има предизвици важно е како се справува со нив.

7. Начинот на кој се однесуваат кон вас зборува многу

Дали интервјуто започна навреме? Дали ве слушаат? Дали комуникацијата е професионална и почитувачка? Дали ви ги објаснуваат следните чекори? Начинот на кој компанијата се однесува кон кандидатите може да биде добар показател за тоа како се однесува и кон вработените.

Прашања што можете да ги поставите на интервјуто

За да добиете подобра слика за работната култура, можете да прашате:

  • Како изгледа еден типичен работен ден на оваа позиција?
  • Како се мери успешноста на вработениот?
  • Како најчесто се дава фидбек?
  • Кои се можностите за професионален развој?
  • Како изгледа соработката во тимот?
  • Што најмногу го цените кај вашите вработени?
  • Кои се најголемите предизвици на оваа позиција?

Интервјуто не е само тест за вас, тоа е можност и вие да го „интервјуирате“ работодавачот. Не гледајте само што ви нуди компанијата на хартија. Слушајте како зборуваат за вработените, поставувајте прашања и обрнете внимание на начинот на кој се однесуваат кон вас.

На крајот, вистинското прашање не е само „Дали ќе ме вработат?“, туку и: „Дали ова е средина во која јас сакам да работам и да се развивам?“

Прочитајте и за: Како да се справите со критика од вашиот менаџер?

Тагови: интервју за работа совети за работа токсично работно место

Промовирани огласи »

Ѓорѓиевски: Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво.

Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на гориво, со што директно ги лоцираме нелогичните трошоци и ја оптимизираме работата. Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување.

Ова е систем на одговорност и затоа сакаме со сопствен пример да покажеме дека Град Скопје максимално го штити буџетот на граѓаните и дека функцијата не е привилегија, туку обврска, пишува градоначалникот. 

Тагови: автомобили Скопје GPS

Промовирани огласи »

Неиздржливо топло? Еве какво време нè очекува денес

Жештините не попуштаат!

Сончево и особено топло, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од југоисточен правец.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло, со повремена мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

13.10.2026 Вторник   10° / 12° 08:43   20:00
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h



11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
12°
12°
12°
11°
11°
10°
10°
10°

4

4

3

3

3

3

3

4

4

5

4

4

4

5

4

4

4

4

4

4

4
14.10.2026 Среда   9° / 15° 08:44   19:59
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°
10°
10°
10°
10°
10°
10°
9°
10°
10°
10°
11°
12°
13°
14°
15°
15°
15°
15°
13°
12°
11°
9°
9°

4

5

5

5

5

5

6

6

5

5

5

6

6

6

6

6

5

4

4

4

4

3

3

3
15.10.2026 Четврток   3° / 17° 08:46   19:57
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
8°
7°
6°
5°
4°
4°
4°
3°
3°
6°
11°
13°
14°
15°
16°
17°
17°
17°
17°
17°
17°
12°
12°
12°

4

4

4

4

3

3

4

3

3

3

3

3

3

4

5

5

5

5

5

5

5

1

1

1

Промовирани огласи »

Потпишан меморандум за соработка помеѓу KARIERA.mk и Семос Едукација

KARIERA.mk и Семос Едукација со заедничка визија - повеќе обучени кадри да стигнат до вистинската работа.

Со големо задоволство го споделуваме нашето ново партнерство со Семос Едукација потпишавме Меморандум за соработка со заедничка визија да им помогнеме на обучените и сертифицирани кадри полесно да го направат чекорот од училницата до пазарот на трудот.

Преку ова партнерство ќе создаваме нови можности за пракса, вработување, професионален развој и директно поврзување со компании кои активно бараат нови таленти. Посебен фокус ќе ставиме на младите професионалци и нивната подготовка за успешно градење на кариерата.

Меморандумот за соработка го потпишаа Ружица Доневска, во име на KARIERA.mk, и Дијана Василевска, во име на Семос Едукација.

Веруваме дека кога знаењето ќе се поврзе со вистинската можност, се создава пат кон успешна кариера. 

Тагови: вработување млади пазарот на труд потпишување меморандум пракса Семос Едукација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »