Промовирани огласи »

Ѓорѓиевски: Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво.

Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на гориво, со што директно ги лоцираме нелогичните трошоци и ја оптимизираме работата. Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување.

Ова е систем на одговорност и затоа сакаме со сопствен пример да покажеме дека Град Скопје максимално го штити буџетот на граѓаните и дека функцијата не е привилегија, туку обврска, пишува градоначалникот. 

Тагови: автомобили Скопје GPS

Промовирани огласи »

Неиздржливо топло? Еве какво време нè очекува денес

Жештините не попуштаат!

Сончево и особено топло, со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од југоисточен правец.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло, со повремена мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

13.10.2026 Вторник   10° / 12° 08:43   20:00
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h




11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
11°
12°
12°
12°
11°
11°
10°
10°
10°

4

3

3

3

3

3

4

4

5

4

4

4

5

4

4

4

4

4

4

4
14.10.2026 Среда   9° / 15° 08:44   19:59
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°
10°
10°
10°
10°
10°
10°
9°
10°
10°
10°
11°
12°
13°
14°
15°
15°
15°
15°
13°
12°
11°
9°
9°

4

5

5

5

5

5

6

6

5

5

5

6

6

6

6

6

5

4

4

4

4

3

3

3
15.10.2026 Четврток   3° / 17° 08:46   19:57
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
8°
7°
6°
5°
4°
4°
4°
3°
3°
6°
11°
13°
14°
15°
16°
17°
17°
17°
17°
17°
17°
12°
12°
12°

4

4

4

4

3

3

4

3

3

3

3

3

3

4

5

5

5

5

5

5

5

1

1

1

Промовирани огласи »

Потпишан меморандум за соработка помеѓу KARIERA.mk и Семос Едукација

KARIERA.mk и Семос Едукација со заедничка визија - повеќе обучени кадри да стигнат до вистинската работа.

Со големо задоволство го споделуваме нашето ново партнерство со Семос Едукација потпишавме Меморандум за соработка со заедничка визија да им помогнеме на обучените и сертифицирани кадри полесно да го направат чекорот од училницата до пазарот на трудот.

Преку ова партнерство ќе создаваме нови можности за пракса, вработување, професионален развој и директно поврзување со компании кои активно бараат нови таленти. Посебен фокус ќе ставиме на младите професионалци и нивната подготовка за успешно градење на кариерата.

Меморандумот за соработка го потпишаа Ружица Доневска, во име на KARIERA.mk, и Дијана Василевска, во име на Семос Едукација.

Веруваме дека кога знаењето ќе се поврзе со вистинската можност, се создава пат кон успешна кариера. 

Тагови: вработување млади пазарот на труд потпишување меморандум пракса Семос Едукација

Промовирани огласи »

Синдикалната минимална кошница за август изнесува близу 69.000 денари

Во споредба со јули, минималната кошница во август е зголемена за 177 денари.

Само за основните месечни потреби на едно домаќинство се потребни 68.675 денари, а ако семејството плаќа кирија за стан од 60 квадратни метри, трошокот достигнува 84.050 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, покажуваат податоците за структурата на трошоците на едно домаќинство. Во споредба со јули, кога минималната кошница изнесувала 68.498 денари, во август е зголемена за 177 денари.

Според пресметките на ССМ, уште поголем е товарот за домаќинствата кои живеат под кирија. Со пресметан трошок за изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималната кошница достигнува 84.050 денари месечно, односно за 15.375 денари повеќе од основната вредност на кошницата.

Најголем дел од минималните месечни расходи отпаѓаат на храна и пијалаци. За оваа ставка се потребни 25.032 денари, што претставува 36,4 отсто од вкупната вредност на кошницата.

Следна по удел е ставката образование, со 7.192 денари, односно 10,5 отсто од вкупните трошоци. За облека и обувки се предвидени 6.511 денари или 9,5 отсто, додека за рекреација и култура се потребни 5.592 денари, односно 8,1 отсто.

За транспорт едно домаќинство месечно треба да издвои 5.175 денари, што учествува со 7,5 отсто во минималната кошница. За ресторани и хотели се пресметани 4.131 денар, односно 6 отсто.

Трошоците за комуникации во август се пресметани на 3.677 денари, што е 5,4 отсто од кошницата.

За лична хигиена и одржување на хигиената во домот се потребни 2.692 денари или 3,9 отсто, додека за здравје се издвојуваат 1.196 денари, односно 1,7 отсто.

Најмал удел има ставката останати стоки и услуги, за која се предвидени 1.100 денари или 1,6 отсто од вкупната кошница.

Посебно се издвојуваат трошоците за домување. Во основната синдикална минимална кошница за станарина, вода, електрична енергија и греење се пресметани 6.379 денари, односно 9,3 отсто од вкупниот износ.

Но, кога во пресметката се додава изнајмен стан од 60 квадратни метри, трошокот за оваа ставка достигнува 21.754 денари.

Со тоа, вкупната синдикална минимална кошница за домаќинство кое живее под кирија се искачува на 84.050 денари месечно.

Тагови: минимална кошница Сојуз на синдикатите (ССМ)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »