Промовирани огласи »

Најди работа во Куманово!

Најнови огласи за работа во Куманово!

Куманово, како еден од поголемите градови во Македонија, нуди голем број можности за работа во различни индустрии. Без разлика дали сте млад професионалец, квалификуван работник, или студент кој бара прво работно искуство, пазарот на труд во Куманово нуди разновидни опции за сите профили на кандидати.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Магацински работник и администратор во логистички дистрибутивен центар Куманово
Асистент на продажба - Куманово
Вилушкарист - Куманово
Магацински работници - подготвувачи на роба - Куманово
Продавач/ка - Касиер/ка - Реон Куманово
Референт за продажба во Куманово
Truck Driver Recruiter
Customer Service Coordinator - Kumanovo
Relationship Manager Assistant
Агент за теренска наплата - Куманово (хонорарна работа)

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Битола!

Промовирани огласи »

Пријавување и одјавување од работа: Кои се роковите и што треба да знаете?

Не ја прескокнувајте оваа важна постапка

Почнувате нова работа или го прекинувате работниот однос? Во двата случаи потребно е да се регулира вашето пријавување или одјавување од задолжителното социјално осигурување. Најчесто постапката ја завршува работодавачот, преку административната служба или сметководството.

Пријавување на работен однос

Работодавачот е должен да го пријави работникот најдоцна еден ден пред започнувањето со работа. Пријавувањето може да се изврши електронски или непосредно во надлежниот центар за вработување.

По завршувањето на постапката, пријавата се евидентира преку електронскиот образец М1/М2. Во зависност од случајот, се приложуваат ППР образец, овластување и потребната документација поврзана со вработувањето.

Одјавување од работа

При престанок на работниот однос, работодавачот треба да го одјави работникот во рок од осум дена од денот на престанокот на работниот однос.

За одјавување се користи електронскиот образец М1/М2, заедно со потребната документација. Во приватниот сектор, одјавувањето може да се направи и електронски доколку и пријавувањето било спроведено на тој начин.

Што е важно за вас?

Иако најчесто работодавачот ја завршува целата постапка, добро е да проверите дали пријавата или одјавата е навремено евидентирана и да ја чувате документацијата поврзана со работниот однос.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) документи одјава пријава работнички права

Промовирани огласи »

Почна исплатата на регресот за годишен одмор – К-15, а работниците во приватниот сектор годинава можат да очекуваат повисок минимален износ. 

Според пресметките врз основа на просечните нето-плати, минималниот К-15 годинава благо надминува 19 илјади денари или поточно 19.116 денари. 

Зголемувањето на регресот е резултат на растот на просечната плата во земјава. Согласно со Колективниот договор за приватниот сектор, минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 проценти од просечната нето-плата исплатена во последните три месеци.  

За пресметката годинава се земени предвид просечните нето-плати за февруари, март и за април 2026 година, кои изнесувале 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот на овие три износи е околу 47.790 денари, од кои 40 проценти даваат минимален К-15 од приближно 19.116 денари. 

Тоа значи дека работниците годинава имаат право на регрес што е повисок од минатогодишниот.  Иако за најголем дел од работниците сумата од околу 19.116 денари ќе биде минималниот износ, тоа не значи дека толку мора да добијат сите.  

Работодавците можат да исплатат и значително повисок регрес доколку е предвидено тоа со колективен договор, со интерните акти на компанијата или со одлука на работодавецот. Во одредени компании, К-15 веќе достигнува 40.000 или 50.000 денари, додека има и компании што исплаќаат регрес од 80.000, па дури и 100.000 денари. Особено повисоки суми се исплаќаат во компаниите што имаат добри деловни резултати, но и во секторите каде што има недостиг од работна сила. За работодавците, повисокиот К-15 е еден од начините да ги задржат квалитетните работници и да привлечат нови кадри – велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Тагови: годишен одмор К-15

Промовирани огласи »

Тиго влегува во нов сегмент со лансирање на својот прв кредит обезбеден со хипотека

Тиго Фајнанс ја проширува својата понуда на финансиски производи!

Тиго Фајнанс ја проширува својата понуда на финансиски производи и влегува во нов сегмент со лансирање на својот прв кредит обезбеден со хипотека, кој на клиентите им овозможува пристап до финансирање во износ до 50.000 евра, со рок на отплата до 20 години.

Новиот производ претставува значаен чекор во понатамошниот развој и проширување на портфолиото на Тиго. Со него, компанијата ја надградува својата понуда надвор од рамките на краткорочните финансиски решенија и одговара на потребите на клиентите на кои им се потребни повисоки износи и значително подолг период на отплата.

Под концептот „Твојот стан веќе има вредност. Претвори ја во можност.“, Тиго воведува финансиско решение кое им овозможува на клиентите да го искористат станот што веќе го поседуваат како обезбедување и да пристапат до средства за реализација на поголеми лични и финансиски планови.

Кредитот ќе биде достапен во износ од 10.000 до 50.000 евра, со рок на отплата од 12 до 240 месеци, овозможувајќи поголема флексибилност при планирањето на поголемите финансиски обврски.

Нов пристап кон вредноста што клиентите веќе ја поседуваат

За разлика од класичниот станбен кредит, новиот производ на Тиго не е наменет за купување недвижност. Наместо тоа, им овозможува на клиентите да ја искористат вредноста на станот што веќе го поседуваат и да обезбедат пристап до поголем износ на финансиски средства.

Средствата може да се користат за различни намени – од поголеми лични инвестиции и потреби за ликвидност, до рефинансирање или обединување на постојните финансиски обврски во едно подолгорочно решение.

Производот е креиран и со цел да овозможи поширок пристап до финансирање за клиенти чии финансиски профили или потреби не секогаш се вклопуваат во стандардните модели на кредитирање. Тука спаѓаат претприемачи, самовработени лица, фриленсери, лица со сезонски или нестандардни приходи, како и други клиенти кои ги исполнуваат критериумите и бараат алтернативно финансиско решение.

„Финансиските потреби на клиентите се менуваат, а ние веруваме дека финансиските производи треба да се развиваат заедно со нив. Досега Тиго беше препознатлив пред сè по брзи, едноставни и достапни финансиски решенија. Со воведувањето на кредитот обезбеден со хипотека влегуваме во нов сегмент и отвораме нови можности за клиентите чии планови бараат повисоки износи и подолг период на отплата. Идејата зад производот е едноставна: нашите клиенти веќе создале вредност преку имотот што го поседуваат – ние сакаме да им помогнеме таа вредност да ја претворат во нова можност.“

Од краткорочно финансирање до поголеми животни и финансиски планови

Лансирањето на новиот производ е дел од пошироката стратегија на Тиго за развој на портфолиото во согласност со променливите потреби на клиентите и проширување на опсегот на финансиски решенија што компанијата може да ги понуди.

Со воведување финансирање до 50.000 евра и рок на отплата до 20 години, Тиго влегува во нова категорија на кредитирање, задржувајќи го својот фокус на едноставно корисничко искуство, транспарентен процес и достапни финансиски решенија.

Во почетната фаза, кредитот обезбеден со хипотека ќе биде достапен преку филијалите на Тиго. Клиентите ќе можат директно во филијалите да добијат детални информации за условите, потребната документација, достапниот износ, можностите за отплата и процесот на аплицирање.

Новиот производ е уште еден чекор во континуираниот развој на Тиго Фајнанс и ја одразува амбицијата на компанијата да одговори на поширок спектар финансиски потреби – од секојдневни финансиски решенија до поголеми и подолгорочни планови.

Затоа што понекогаш можноста што ја барате веќе ја поседувате.

Твојот стан веќе има вредност. Претвори ја во можност.Тиго знае како!

Тиго кредит обезбеден со хипотека
Од 10.000 до 50.000 евра
Рок на отплата: од 12 до 240 месеци

Финансиско друштво Тиго Фајнанс ДОО Скопје. Одобрувањето на кредитот е предмет на важечките услови, кредитна проценка и исполнување на критериумите на кредиторот.

Тагови: Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »