Промовирани огласи »

Тиго влегува во нов сегмент со лансирање на својот прв кредит обезбеден со хипотека

Тиго Фајнанс ја проширува својата понуда на финансиски производи!

Тиго Фајнанс ја проширува својата понуда на финансиски производи и влегува во нов сегмент со лансирање на својот прв кредит обезбеден со хипотека, кој на клиентите им овозможува пристап до финансирање во износ до 50.000 евра, со рок на отплата до 20 години.

Новиот производ претставува значаен чекор во понатамошниот развој и проширување на портфолиото на Тиго. Со него, компанијата ја надградува својата понуда надвор од рамките на краткорочните финансиски решенија и одговара на потребите на клиентите на кои им се потребни повисоки износи и значително подолг период на отплата.

Под концептот „Твојот стан веќе има вредност. Претвори ја во можност.“, Тиго воведува финансиско решение кое им овозможува на клиентите да го искористат станот што веќе го поседуваат како обезбедување и да пристапат до средства за реализација на поголеми лични и финансиски планови.

Кредитот ќе биде достапен во износ од 10.000 до 50.000 евра, со рок на отплата од 12 до 240 месеци, овозможувајќи поголема флексибилност при планирањето на поголемите финансиски обврски.

Нов пристап кон вредноста што клиентите веќе ја поседуваат

За разлика од класичниот станбен кредит, новиот производ на Тиго не е наменет за купување недвижност. Наместо тоа, им овозможува на клиентите да ја искористат вредноста на станот што веќе го поседуваат и да обезбедат пристап до поголем износ на финансиски средства.

Средствата може да се користат за различни намени – од поголеми лични инвестиции и потреби за ликвидност, до рефинансирање или обединување на постојните финансиски обврски во едно подолгорочно решение.

Производот е креиран и со цел да овозможи поширок пристап до финансирање за клиенти чии финансиски профили или потреби не секогаш се вклопуваат во стандардните модели на кредитирање. Тука спаѓаат претприемачи, самовработени лица, фриленсери, лица со сезонски или нестандардни приходи, како и други клиенти кои ги исполнуваат критериумите и бараат алтернативно финансиско решение.

„Финансиските потреби на клиентите се менуваат, а ние веруваме дека финансиските производи треба да се развиваат заедно со нив. Досега Тиго беше препознатлив пред сè по брзи, едноставни и достапни финансиски решенија. Со воведувањето на кредитот обезбеден со хипотека влегуваме во нов сегмент и отвораме нови можности за клиентите чии планови бараат повисоки износи и подолг период на отплата. Идејата зад производот е едноставна: нашите клиенти веќе создале вредност преку имотот што го поседуваат – ние сакаме да им помогнеме таа вредност да ја претворат во нова можност.“

Од краткорочно финансирање до поголеми животни и финансиски планови

Лансирањето на новиот производ е дел од пошироката стратегија на Тиго за развој на портфолиото во согласност со променливите потреби на клиентите и проширување на опсегот на финансиски решенија што компанијата може да ги понуди.

Со воведување финансирање до 50.000 евра и рок на отплата до 20 години, Тиго влегува во нова категорија на кредитирање, задржувајќи го својот фокус на едноставно корисничко искуство, транспарентен процес и достапни финансиски решенија.

Во почетната фаза, кредитот обезбеден со хипотека ќе биде достапен преку филијалите на Тиго. Клиентите ќе можат директно во филијалите да добијат детални информации за условите, потребната документација, достапниот износ, можностите за отплата и процесот на аплицирање.

Новиот производ е уште еден чекор во континуираниот развој на Тиго Фајнанс и ја одразува амбицијата на компанијата да одговори на поширок спектар финансиски потреби – од секојдневни финансиски решенија до поголеми и подолгорочни планови.

Затоа што понекогаш можноста што ја барате веќе ја поседувате.

Твојот стан веќе има вредност. Претвори ја во можност.Тиго знае како!

Тиго кредит обезбеден со хипотека
Од 10.000 до 50.000 евра
Рок на отплата: од 12 до 240 месеци

Финансиско друштво Тиго Фајнанс ДОО Скопје. Одобрувањето на кредитот е предмет на важечките услови, кредитна проценка и исполнување на критериумите на кредиторот.

Тагови: Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје

Промовирани огласи »

Нови кариерни можности во Лидл!

Најнови огласи за работа во Лидл!

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално се отворени следниве позиции:

Асистент на продажба - Струга
Асистент на продажба - Куманово
Асистент на продажба - Тетово
Асистент на продажба - Кичево
Асистент на продажба - Скопје
Асистент на продажба - Битола
Асистент на продажба - Кавадарци
Асистент на продажба - Струмица
Асистент на продажба - Гевгелија
Магацински работник и администратор во логистички дистрибутивен центар Куманово

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Лидл, не се двоумете и аплицирајте веднаш!

Се уште сте во потрага по ново работно место? Сите останати огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Лидл Северна Македонија дооел

Промовирани огласи »

Финансискиот стрес ги тера вработените да отсуствуваат од работа

HR трендови од светот: Финансискиот стрес ја „погодува“ работата, сè повеќе вработени не можат да функционираат нормално!

Финансиските проблеми сè почесто не остануваат само дома тие директно се одразуваат и врз работното место, продуктивноста и односот на вработените кон компанијата.

Новото истражување на SecureSave покажува дека 38% од вработените изјавиле дека финансиските предизвици ги натерале да отсуствуваат од работа во последните шест месеци. Дополнително, 28% велат дека финансиска итна ситуација негативно влијаела врз нивната работна ефикасност.

Повеќе од половина не можат да покријат неочекуван трошок

Финансиската несигурност е сериозен проблем за голем дел од работната сила. Според истражувањето:

  • 55% од вработените не би можеле од своите заштеди да покријат неочекуван трошок од 500 долари;
  • 26% воопшто немаат фонд за итни случаи;
  • 56% го опишуваат својот финансиски стрес како умерен до висок;
  • 41% во последните шест месеци прескокнале неопходни трошоци, како медицинска грижа, храна, кирија или поправка на автомобил;
  • 37% го зголемиле долгот на кредитните картички.

Финансискиот стрес станува и HR проблем

За компаниите, овие бројки се повеќе од финансиски статистики. Кога вработениот е под постојан финансиски притисок, последиците можат да се почувствуваат преку почести отсуства, намалена концентрација, послаба продуктивност и поголема желба за промена на работодавачот.

Интересно е што 67% од испитаниците сметаат дека годишен придонес од работодавачот од 200 долари во фонд за итни заштеди би го намалил нивниот финансиски стрес и би им помогнал подобро да функционираат на работа. Дополнително, 59% велат дека ваквата поддршка би ги направила посклони да останат кај својот работодавач.

Трошоците за живот се главниот проблем

Како најголема причина за финансиските тешкотии, 78% од вработените ги наведуваат зголемените трошоци за живот. Речиси половина, односно 48%, велат дека нивните приходи не го следат растот на инфлацијата, додека 45% ја посочуваат економската неизвесност.

Ова покажува дека финансиската благосостојба станува сè поважна тема за HR секторите. Компаниите кои сакаат да ја задржат продуктивноста и талентите можеби ќе треба да размислуваат пошироко од класичните бенефити и да понудат поддршка која ќе им помогне на вработените полесно да се справат со неочекуваните финансиски ситуации.

За HR професионалците, пораката е јасна: финансискиот стрес на вработените не е само личен проблем тој може директно да стане и проблем на организацијата.

Прочитајте и за: Вештини што AI не може да ги замени: Ова ќе ги одвои најуспешните професионалци од останатите

Тагови: HR трендови пари

Промовирани огласи »

Од полноќ поевтинуваат горивата

Добри вести за возачите

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цените на нафтените производи, која ќе стапи на сила од 00:01 часот на 11 август 2026 година.

Новите цени се следниве:

  • Бензин Еуросупер 95: се намалува за 4 денари/литар → 87 денари/литар
  • Бензин Еуросупер 98: се намалува за 4 денари/литар → 89 денари/литар
  • Еуродизел: се намалува за 8 денари/литар → 91,50 денари/литар
  • Екстра лесно масло EL-1: се намалува за 6 денари/литар → 92,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: се намалува за 2.881 денари/кг → 43.538 денари/кг

Според Комисијата, цените на мазутите се намалуваат во просек за 5,81%, како резултат на падот на референтните цени на светскиот пазар и промената на курсот на доларот. 

Тагови: гориво Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »