Промовирани огласи »

Вработување во Беоспорт, Прима Мебел и Делициа!

Огласи за работа во Беоспорт, Прима Мебел и Делициа!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Беоспорт е компанија специјализирана за спортска опрема, обувки и модна гардероба, која нуди внимателно избрани светски брендови за активен и урбан животен стил. Со својата понуда ги поврзува спортот, удобноста и современата мода, обезбедувајќи производи за секојдневно носење, тренинг, активности на отворено и слободно време.

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Прима Мебел е компанија специјализирана за производство и продажба на мебел за уредување на домот. Со богата понуда на модерни и функционални решенија, Прима Мебел нуди мебел за дневни соби, спални соби, детски соби, кујни, трпезарии, канцеларии и други простории.

Моментално вработува:

Референт за продажба во Скопје
Дизајнер за внатрешно уредување
Советник за продажба во Битола

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Делициа е компанија посветена на создавање и понуда на квалитетни производи, со фокус на задоволството на потрошувачите и внимателно избрани состојки. Со модерен пристап и посветеност кон стандардите за квалитет, ДЕЛИЦИА создава производи кои го збогатуваат секојдневието и носат препознатлив вкус.

Моментално ваработува:

Доставувач

Transcom Macedonia е дел од глобална компанија специјализирана за услуги поврзани со корисничко искуство (Customer Experience), деловни процеси и дигитална поддршка. Компанијата им помага на светски познати брендови преку професионална комуникација со клиенти, продажна поддршка, техничка помош и back-office услуги.

 Моментално вработува:

Консултант за корисничка поддршка на германски јазик во сектор за финансиски услуги (м/ж)

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Сите огласи од Вдл Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/Дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Како работната средина влијае на вашето физичко и ментално здравје?

Дали секојдневно сте изложени на ризик без да знаете?

Работното место е местото каде што повеќето луѓе поминуваат најмалку една третина од денот. Затоа, условите во кои работиме имаат директно влијание врз нашето физичко и ментално здравје. Без разлика дали работите во канцеларија, фабрика, продавница или од дома, работната средина може да биде извор на мотивација и благосостојба, но и на стрес и здравствени проблеми.

Еден од најголемите предизвици на современото работно место е долготрајното седење. Недостатокот на физичка активност може да доведе до болки во грбот, проблеми со држењето на телото, зголемување на телесната тежина и поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања. Дополнително, неправилно поставените работни маси, столици и монитори можат да предизвикаат хронични болки во вратот, рамената и зглобовите.

Од друга страна, менталното здравје често е подеднакво изложено на ризик. Постојаниот притисок за исполнување рокови, прекумерниот обем на работа, недостатокот на поддршка од колегите или менаџментот и несигурноста на работното место можат да предизвикаат стрес, анксиозност и синдром на согорување (burnout). Вработените кои се чувствуваат ценети и поддржани најчесто имаат повисоко ниво на задоволство и продуктивност.

Квалитетот на воздухот, осветлувањето и бучавата исто така играат значајна улога. Лошата вентилација може да предизвика замор и главоболки, додека прекумерната бучава го намалува нивото на концентрација и го зголемува стресот. Добро осветлен и уреден работен простор, пак, може да придонесе за подобро расположение и поголема ефикасност.

Компаниите кои инвестираат во здравјето и благосостојбата на своите вработени не само што создаваат попозитивна работна атмосфера, туку и ја намалуваат стапката на отсуства и флуктуација на кадарот. Едноставни мерки како редовни паузи, флексибилно работно време, ергономска опрема и програми за ментално здравје можат да направат голема разлика.

На крајот, здравата работна средина не е луксуз, туку неопходност. Грижата за физичкото и менталното здравје на вработените е инвестиција која носи придобивки и за поединецот и за компанијата.

Прочитајте и за: Овие 10 совети можат да ви помогнат да ја добиете посакуваната работа

Тагови: работа под притисок работен баланс совети за работа

Промовирани огласи »

Како искреноста и довербата со публиката градат успешна кариера: Интервју со Зорица Николовска

Подгответе се за разговор исполнет со многу креативност и искрени лекции за успехот!

Во најновото и навистина инспиративно издание на емисијата „ОД НУЛА“, гостинка ни е Зорица Николовска  извонреден контент креатор, како и препознатлива ТВ и радио водителка со богато професионално искуство во светот на медиумите и комуникациите. Заедно со неа разговараме за нејзиниот личен и кариерен пат, откривајќи ги вредностите што ја водат низ годините, како и предизвиците со кои се соочувала градејќи успешна кариера во медиумскиот свет. Зорица со голема искреност споделува скапоцени искуства од долгогодишната работа пред микрофонот и камерата, важноста на довербата што се гради со публиката и клучните лекции што ги научила низ својата професионална приказна.

Разговорот добива уште една убава димензија кога ја отвораме нејзината љубов кон пишаниот збор, каде дознаваме како се родила идејата за создавање на нејзината авторска сликовница. Низ разговорот ја нагласуваме важноста од создавање квалитетна литература за деца и млади денес, како и пораките кои таа сака да им ги пренесе на најмладите преку своето дело. Во продолжение, Зорица нè води и низ нејзините најголеми досегашни достигнувања, но зборува и за возбудливите планови за иднината и целите што сè уште сака да ги реализира.

Оваа епизода е одлична доза инспирација и доказ дека кога талентот ќе се спои со упорноста, се создава приказна која вреди да се слушне. Погледнете ја новата епизода на KARIERA.mk и дозволете приказната на Зорица Николовска да ве потсети дека сонот изграден со многу труд, креативност и пасија секогаш остава убава трага зад себе.

Како искреноста и довербата со публиката градат успешна кариера: Интервју со Зорица Николовска

Тагови: креативност сликовница уметност Зорица Николовска радио

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помлад соработник за администрирање на даноци и комунални такси, Одделение за администрирање со даноци и комунални такси, Сектор за нормативно - правни работи, администрирање со даноци и комунални такси, локален економски развој и јавни дејности

Помлад соработник за административни, општи и правни работи - Технички секретар, Служба за стручно - административни работи, Одделение за административни и помошно - технички работи

Советник за ИТ безбедност, Оддел за ИТ безбедност, Сектор за информациско-комуникациска инфраструктура и безбедност, Директорат за информатичка технологија и централизирани оперативни функции, Генерална дирекција

Даночен оператор во повикувачки центар, Служба - Повикувачки центар, Контакт центар, Директорат за информатичка технологија и централизирани оперативни функции, Генерална дирекција

Даночен агент за прием, контрола и обработка на предмети, Служба за прием, контрола и обработка на предмети, Центар за наплата на глоби и други јавни приходи, Директорат за информатичка технологија и централизирани оперативни функции, Генерална дирекција

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »