Промовирани огласи »

Како Зорица Николовска ја претвора родителската љубов во детска литература

Магичен свет што им помага на децата да се соочат со стравот

Која е Зорица Николовска? Сподели ни нешто повеќе за себе

Ако треба да се опишам, веројатно би се опишала како жена со многу улоги – радиоводител, подкастер, автор, мама, креатор… но пред сè – раскажувач на искрени приказни. Приказни што ги пренесувам преку радио, поткастите и проектите што ги создавам. Секојдневно се трудам да допирам до луѓето со теми за родителството, емоциите и борбата за баланс меѓу обврските и соништата. Сакам да зборувам гласно за нешта за кои често се молчи, да инспирирам, да утешам и да потсетам дека и во хаосот има убавина.

Што те поврза со светот на детската литература — дали беше инспирација, потреба или нешто што долго тлееше во тебе?

Би рекла дека ме поврза мешавина од сè — и инспирација, и потреба и нешто што одамна тлееше во мене. Детската литература секогаш ми била близок свет, Мартин буквално порасна секоја вечер со книги, сликовници и приказни кои ги измислував.

Ги обожавам измислените приказни кои ги нема во книгите и сликовниците, а тоа влече корени уште од деновите од моето детство, кога тетка ми Маре ни раскажуваше приказни секоја ноќ мене и брат ми, кога одевме на преспивање за викендите, и ни го полнеше детството со магија. А кога станав родител, сфатив колку многу им треба на децата алатка што ќе им помогне да ги разберат своите стравови и чувства.

„Луна и Темнината“ всушност се роди од една многу секојдневна ситуација во светот на родителството — моето дете и неговите ноќни стравови. Сакав да создадам приказна што ќе им биде светилка на децата, а поддршка на родителите. Не да им каже дека нема од што да се плашат, туку дека стравовите можат да се именуваат, да се разберат и да се претворат во нешто помалку страшно.

Кога ја создаваше сликовницата, која беше првата мисла што сакаш секое дете да ја понесе со себе?

Кога ја создавав сликовницата, имав една мисла што постојано ми се вртеше во глава: сакав секое дете да почувствува дека не е само во своите стравови.

Сакав да понесат со себе идеја дека темнината не е непријател, туку простор што чека да го запознаеме. Дека стравот не значи слабост, туку прилика да научиме нешто за себе. И дека секоја „темнина“ станува помалку страшна кога некој те држи за рака, те слуша и те поддржува.

Храброста не мора секогаш да е спектакуларен потег — понекогаш е само мал чекор напред, направен од искрено, чисто, но љубопитно срце.

Од што се состои балансот меѓу улогата водителка, мајка и авторка? Што ти е најтешко, а што најубаво во тие три улоги?

Балансот меѓу овие три улоги не го доживувам како совршена рамнотежа, туку како постојано приспособување. Некогаш повеќе сум мајка, некогаш повеќе сум водител, некогаш автор — и учам да не си замерувам кога нешто ќе биде за момент поважно од другото. Балансот, за мене, се состои од прифаќање дека не мора секогаш сè да биде под конец. Најубаво е што сите три улоги ме хранат на различен начин. Радиото ми дава глас и простор да бидам јас. Мајчинството ме приземјува, ме учи на трпение, љубов и вистински вредности. Авторството ми дозволува да ги претворам емоциите, сомнежите и радостите во приказни. Кога сите тие светови ќе се спојат — тогаш знам дека сум на вистинскиот пат.

Што беше најголем предизвик при издавањето — пишувањето, илустрациите, организацијата или нешто сосема трето?

Искрено — најголемиот предизвик не беше ниту пишувањето, ниту илустрациите, дури ни целокупната организација туку храброста да се направи последниот чекор: да се излезе пред јавноста со нешто толку лично. Пишувањето дојде од срце, природно, затоа што приказната ја живеев и му ја раскажував на Мартин многупати пред да заспие. Илустрациите беа магичен процес и прекрасно надополнување на зборовите кои ги создаде Иван Најденовски и го преслика совршено секој збор, секоја сцена, секоја моја мисла, која конечно доби боја и лик. За целата организација, поддршка, насоки, односно ветер во грб ми беше Издавачката куќа Светулка, која од самиот почеток веруваше во приказната.

Дали веруваш дека сликовниците имаат моќ да изградат подобро детство? Што е тоа што литературата го прави посебно важна за најмалите?

Апсолутно верувам дека сликовниците имаат моќ да изградат подобро детство. Тие не се само приказни за читање пред спиење — тие се првите лекции за емоции, стравови, храброст, пријателство, прифаќање. Преку сликовниците, децата за првпат учат да го препознаат она што го чувствуваат, дури и кога не знаат да го именуваат. Литературата за најмалите е посебно важна затоа што зборува на нивниот јазик — јазикот на фантазијата, на боите, на симболите. Преку приказна, детето може да се соочи со нешто тешко, а притоа да се чувствува безбедно. Може да научи дека не е чудно да се плаши, да се лути, да биде тажно — и дека сето тоа е дел од растењето. Сликовниците ја градат и врската меѓу детето и возрасниот. Тоа заедничко читање, тој момент на тишина и блискост, е магија што остава длабока трага. Верувам дека токму тие мали, тивки моменти се темелот на едно сигурно и посреќно детство.

Како реагираше јавноста — родители, деца, пријатели? Дали доби некоја порака што особено ти остана во сеќавање?

Реакциите навистина ме изненадија, и тоа на најубав можен начин. Дел од родителите ми пишуваа на социјалните мрежи дека ја читаат сликовницата навечер, пред спиење, дека децата ја бараат повторно и повторно, дека отвора разговори за стравовите кои дотогаш тешко ги искажувале. Добив и многу видеа од дечиња кои самите се трудат да ја читаат, да ја раскажат.... А дечињата се всушност најтешката но и најискрената публика, нивните реакции со прегратки, насмевки, прашања, цртежи инспирирани од приказната....Е тоа за мене е најголемата награда.

Дали веќе тлее нова приказна? Можеме ли да очекуваме втора сликовница или нов креативен проект?

Секогаш кога ќе помислам дека сум „завршила“ со една приказна, животот ми шепнува нова. Уште не можам да откријам многу детали, затоа што верувам дека приказните сакаат малку време да созреат во тишина.

Тагови: Луна и Темнината сликовница

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Раководител на Маркет - Охрид
IT Lead - Охрид
Production planner and procurement - Охрид
Продавач/ка во парфимерија Охрид
Продажен агент - Охрид

Сите останати работни позиции од Охрид ќе ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Велес!

Промовирани огласи »

Празничен стрес на работа: Како да се справите со зголемениот обем на работа во декември

Не дозволувај празничниот период да те истошти – еве како да се организираш

Во празничниот период, повеќето компании се соочуваат со зголемен обем на работа, кратки рокови и дополнителни обврски. Овој интензивен ритам често создава стрес кај вработените, особено кога треба да се балансира приватниот и професионалниот живот. Празничната атмосфера знае да донесе радост, но истовремено и притисок да се завршат задачите навреме.

За да се намали стресот, клучно е добро планирање и приоритизација. Поставувањето дневни цели, организирањето на работните задачи и јасна комуникација во тимот може значително да го олеснат процесот. Помага и кога работодавачите реално ги распределуваат обврските и дозволуваат флексибилност каде што е можно. Вработените треба да научат да постават граници, да побараат помош кога е потребно и да избегнуваат преоптоварување.

Иако декември е динамичен, важно е да се најде време за одмор и регенерација. Кратки паузи, позитивна атмосфера на работа и поддршка од колегите можат значително да го намалат напрегањето. Кога компаниите и вработените ќе воспостават правилен баланс, празничниот период може да помине поуредено, со помалку стрес и со повеќе продуктивност.

Тагови: декември празници работа под притисок стрес на работно место

Промовирани огласи »

Лизинг компаниите натрупани со казни од „Безбеден град“ - како ќе ги достават до возачите

Казните од „Безбеден град“ за возила со црвени таблици завршуваат кај лизинг компаниите, кои предупредуваат на административен хаос и бараат итни законски измени

Лизинг компаниите се соочуваат со сериозни административни проблеми поради начинот на кој функционира системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“. Казните за прекршоците регистрирани кај возила со црвени таблици најчесто се испраќаат на адреса на лизинг куќите, бидејќи тие фигурираат како официјални сопственици на автомобилите, а не на возачите кои реално биле зад воланот во моментот на прекршокот.

Кога камерите ќе забележат пребрзо возење, минување на црвено светло или друг сообраќаен прекршок, системот автоматски ја генерира казната на името на формалниот сопственик. Од лизинг фирмите велат дека токму кај нив паѓа целиот административен товар – мора постојано да ги следат казните, да ги контактираат клиентите и да утврдат кој го управувал возилото, што често доведува до доцнења и ризик да се пропушти рокот од осум дена за плаќање половина од глобата.

Од Министерството за внатрешни работи засега не најавуваат промени, оценувајќи дека системот функционира согласно законот, бидејќи казната оди на името на формалниот сопственик, кој потоа е должен да го пријави вистинскиот прекршител. Лизинг компаниите, пак, инсистираат на појасни решенија и законски измени, со кои прекршоците регистрирани преку „Безбеден град“ би се пренасочувале директно и побрзо до лицето што реално го сторило прекршокот.

Тагови: МВР Сејф сити - Безбеден град лизинг компаниите

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »