Промовирани огласи »

Wizz Air од 2027 воведува Starlink во целата флота: Патниците ќе можат да стримаат филмови во лет

Европската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air станува прва во Европа што ќе го воведе Starlink во своите авиони, отворајќи можност за брз интернет и стриминг за патниците.

Wizz Air најави дека од 2027 година ќе го вградува сателитскиот интернет Starlink на SpaceX во целата своја флота, со што станува првата европска нискобуџетна авиокомпанија што се обврзува на оваа технологија. Унгарскиот превозник планира услугата да ја инсталира во повеќе од 200 авиони од семејството Airbus A320, како и во идните испораки, иако засега не ги открива финансиските детали.

Овој потег доаѓа во време кога конкурентите Ryanair и EasyJet сè уште се двоумат поради високите трошоци за инсталација и дополнителната потрошувачка на гориво. Според Wizz Air, новата мрежа во ниска Земјина орбита ќе овозможи доволно брза и стабилна врска за стриминг, па патниците би можеле да симнат тричасовен HD филм за околу три минути. Сè уште, сепак, не е познато дали интернетот ќе биде бесплатен, ќе се наплаќа или ќе биде дел од некаква програма за лојалност.

Одлуката на Wizz Air е и технолошки и стратешки значајна, бидејќи доаѓа во период кога Европа сè повеќе дебатира за зависноста од американската технологија. Но, без соодветна европска алтернатива, авиокомпанијата очигледно проценува дека подобрата поврзаност е вредна за трошокот. За патниците, пораката е јасна: од 2027 година, летовите со Wizz Air би можеле конечно да понудат интернет што навистина може да се користи.

Тагови: Starlink Wizz Air SpaceX

Промовирани огласи »

Овие недостатоци оставаат лош прв впечаток кај секој нов вработен

Што откриваат новите вработени за вашата организација?

Вработувањето на нов кадар не завршува со потпишување на договорот. Првите денови од новата работа се клучни не само за адаптацијата на вработениот, туку и за перцепцијата што ќе ја формира за компанијата. Еве 5 најчести недостатоци кои новите вработени веднаш ги забележуваат:

1. Нема структуриран онбординг процес

Новите вработени често се оставени сами на себе - без јасни инструкции, без план за првите денови, без ментор или лице за контакт. Ова создава несигурност и ја намалува мотивацијата уште од самиот почеток.

2. Слаба или нејасна комуникација

Недоволно јасни очекувања, неструктурирани состаноци или несинхронизирани тимови сето ова му дава сигнал на новиот вработен дека во компанијата владее хаос. Ефикасната комуникација е темел на продуктивност и доверба.

3. Недостиг од дефинирани улоги и одговорности

Кога новиот член на тимот не знае што точно треба да работи, каде завршуваат неговите обврски и кој за што е одговорен - настанува конфузија. Ова може да доведе до дуплирање на задачи или до избегнување на одговорноста.

4. Непријателска или „затворена“ работна атмосфера

Доколку тимот не е отворен за нови луѓе, доколку се чувствува тензија или постои култура на „ние против нив“, новиот вработен веднаш ќе го почувствува тоа. Пријателската и инклузивна атмосфера е основа за задоволство и задржување на кадарот.

5. Недостиг од алатки или ресурси за работа

Нема компјутер? Нема пристап до платформи? Нема обука за користење на алатките? Ова е честа слика во многу компании. Без соодветна техничка поддршка, новиот вработен не може да биде продуктивен - дури и да сака.

Совет: Ако сте работодавец, направете преглед на овие 5 точки и размислете - дали вашата компанија нуди позитивно „прво искуство“ за новите вработени?

Запомнете: Првиот впечаток се помни долго и често е клучен за задржување на таленти.

Прочитајте и за: Избор на професија: Што навистина треба да земете предвид?

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Велес!

Најновите огласи за работа во Велес!

Велес, како еден од позначајните индустриски центри во Македонија, нуди разновидни можности за вработување во различни сектори. Компаниите во градот често бараат квалификуван кадар, но исто така има и огласи за почетни работни позиции кои не бараат претходно работно искуство, што е идеално за младите кои штотуку го започнуваат своето кариерно патување.

Со огласите достапни онлајн, кандидатите можат да добијат информации за различни позиции, потребните квалификации, и условите на работа во компаниите од Велес.

Доколку го барате своето работно место во Велес може да аплицирате за следниве позиции:

Оператор за контрола на квалитет - Велес
Помошник во кујна
Продажен асистент Велес

Останатите огласи од Велес можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Огласи за работа во Охрид!

Промовирани огласи »

Цените на мало во мај 2026 година, во споредба со мај 2025 година, се зголемени за 5,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем годишен раст има кај земјоделските производи, кои во мај годинава биле поскапи за 6,7 отсто во споредба со истиот месец лани. Услугите бележат раст од 6 проценти, а стоките се зголемени за 5,4 отсто.

Кај прехранбените производи, кои се најдиректно поврзани со секојдневните трошоци на граѓаните, годишното поскапување изнесува 4,2 проценти. Индустриско-прехранбените производи се зголемени за 3,4 отсто, додека пијалаците, алкохолни и безалкохолни, бележат раст од 1,3 проценти.

Индустриските производи во мај годинава се поскапи за 5,3 отсто во споредба со мај 2025 година. Кај непрехранбените индустриски производи и тутунот растот е повисок и изнесува 6,4 проценти.

Само во однос на април годинава, најголем скок има кај земјоделските производи, за 4,4 отсто. Прехранбените производи поскапеле за 1,3 проценти, услугите за 1,5 отсто, а стоките за 0,6 проценти.

Од почетокот на годината до мај, цените на мало се зголемени за 3,4 отсто во споредба со истиот период лани. Најголем раст во првите пет месеци има кај земјоделските производи од 5,3 проценти, кај прехранбените производи од 5,2 отсто и кај индустриско-прехранбените производи од 5,1 процент.

Иако главниот показател во оваа анализа се цените на мало, силен притисок врз животните трошоци покажува и транспортот. Во мај 2026 година, транспортот е поскап за 11 отсто во споредба со мај минатата година, што го прави една од категориите со најизразен годишен раст.

Тагови: Државниот завод за статистика (ДЗС) маркети цени

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »