Промовирани огласи »

HR аларм: мотивацијата на вработените драматично паѓа

Кризата што не се гледа веднаш, но се чувствува насекаде!

Во многу компании денес се случува тивок, но сериозен проблем мотивацијата на вработените драматично опаѓа. HR експертите предупредуваат дека ова станува една од најголемите закани за продуктивноста, тимската атмосфера и задржувањето на талентите.

Сè повеќе вработени доаѓаат на работа физички присутни, но ментално и емоционално исклучени. Работат „колку да помине денот“, без ентузијазам, иницијатива или чувство на припадност кон компанијата.

Причините се различни, но најчесто се повторуваат истите проблеми:

  • Burnout и постојан стрес
  • Недостаток на признание и благодарност
  • Токсична работна атмосфера
  • Лоша комуникација со менаџментот
  • Чувство дека трудот не се цени
  • Недостаток на можности за развој

Дополнително, модерниот начин на работа создава нов притисок. Брзи рокови, постојана достапност и дигитален замор прават луѓето да се чувствуваат исцрпено дури и кога формално „не работат прекувремено“.

Особено погодени се помладите генерации, кои денес бараат многу повеќе од плата. Тие сакаат:

  • Флексибилност
  • Смислена работа
  • Здрава култура
  • Баланс помеѓу работа и приватен живот
  • Чувство дека нивниот глас се слуша

Кога овие елементи недостасуваат, мотивацијата брзо паѓа.

HR тимовите сè повеќе сфаќаат дека мотивацијата не може да се „купи“ само со бонуси или тим билдинзи. Потребна е култура на доверба, транспарентност и реална грижа за луѓето.

Компаниите што ќе ја игнорираат оваа тивка криза ризикуваат да се соочат со:

  • Пад на продуктивноста
  • Тивко откажување („quiet quitting“)
  • Поголем turnover
  • Губење на најдобрите таленти

Мотивацијата денес не е „додаток“ на работата таа станува клучен фактор за опстанок и успех на секоја компанија.

Прочитајте и за: HR тренд: Сè повеќе млади ја одбиваат корпоративната работа

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Вработување во Puzzle Brains, Swiss Marketing, OIP Insurtech!

Огласи за работа во Puzzle Brains, Swiss Marketing, OIP Insurtech!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

Асистент на продажба – Куманово
Магацински работник и администратор во логистички дистрибутивен центар Куманово
Асистент на продажба – Гевгелија
Асистент на продажба – Струмица
Асистент на продажба – Кавадарци
Асистент на продажба – Битола
Асистент на продажба – Скопје
Асистент на продажба – Кичево
Асистент на продажба – Штип
Асистент на продажба - Тетово

Puzzle Brains е основани во Штип во 2016 година, а проширени и во Битола во 2021 година, започнавме со само пет луѓе и прераснавме во тим од речиси 180 професионалци. Денес сме водечки аутсорсинг провајдер за корисничка поддршка и логистика на американскиот пазар за авто транспорт, со ексклузивно партнерство со компанијата Montway Auto Transport.

Моментално вработува:

B2B Dispatch

Swiss Marketing е реномирана швајцарска финансиска компанија со канцеларии во Швајцарија и Скопје, успешно присутна на пазарот од 2008 година. Поради континуираниот раст, бараме мотивирани, комуникативни и амбициозни личности кои ќе станат дел од нашиот тим во Скопје.

Моментално вработува:

Call Agent на српски јазик/ Консултант за кредити

OIP InsurTech ги поедноставува осигурителните операции и ги оптимизира работните процеси преку комбинирање на длабоко индустриско знаење и напредна технологија. Основана во 2012 година, OIP InsurTech соработува со осигурителни компании, MGAs, програмски менаџери и TPAs низ САД, Канада и Европа, особено во Обединетото Кралство.

Моментално вработува:

Insurance Administrative Assistant

Вдл Бус Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина.

Моментално вработува:

Бензинска станица Струмица - Продавачи/ки

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија.

Моментално вработува:

Регионален менаџер, за реон Охрид/Струга
Координатор на земјоделие во ЗТД сточарство Богданци
Вилушкарист – Велес

Останатите огласи од КАМ можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Три задолжителни работи пред да аплицирате за работа

Три работи без кои тешко ќе најдете работа денес!

Аплицирањето за работа не треба да биде брз процес во кој само испраќате CV на секој оглас што ќе го видите. Доколку сакате да оставите професионален впечаток и да ги зголемите шансите за повик на интервју, постојат неколку работи што задолжително треба да ги направите пред да аплицирате.

1. Добро проверете го вашето CV

Вашето CV е првиот впечаток што работодавецот го добива за вас. Затоа, пред да го испратите, проверете дали е ажурирано, јасно и без правописни грешки. Додадете ги вашите најрелевантни вештини, искуства и достигнувања, а непотребните информации отстранете ги. Кратко, средено и професионално CV секогаш остава подобар впечаток.

2. Прочитајте го внимателно огласот

Многу кандидати аплицираат без воопшто да ги прочитаат деталите од огласот. Тоа често доведува до погрешни апликации и губење време. Проверете кои квалификации се бараат, какви се работните обврски и дали позицијата навистина ви одговара. Ако ги исполнувате најважните услови, тогаш шансите за успех се многу поголеми.

3. Истражете ја компанијата

Пред да аплицирате, одвојте неколку минути за да дознаете повеќе за компанијата. Погледнете ја нивната веб-страница, социјални мрежи и начинот на кој комуницираат. Така ќе добиете подобра слика за работната култура и ќе бидете поподготвени доколку добиете повик за интервју. Работодавците често забележуваат кога кандидатот е информиран и навистина заинтересиран.

Барањето работа не е само праќање документи тоа е процес во кој треба да покажете професионалност, внимание и интерес. Со добра подготовка, не само што ќе изгледате посериозно пред работодавците, туку и ќе си ги зголемите шансите за нова работа.

Прочитајте и за: Како да ја победите тремата при започнување нова работа?

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа.

Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина 41,1, а пократка во Хрватска 37.8. 

Во ЕУ најдолги работни недели има во Грција 39,6 часа, во Бугарија и Полска по 38,7 и во Литванија 38,4. Спротивно на тоа, Холандија има најкратка работна недела 31,9 часа, по што следуваат Данска и Германија со по 33,9 и Австрија со 34,0.

Занимањата со најдолга работна недела во ЕУ биле квалификувани земјоделски, шумарски и рибарски работници (42,0 работни часови), менаџери (40,6) и занимања во вооружените сили (39,4). Спротивно на тоа, најкратките работни недели се забележани во елементарните занимања (31,8), помошни работници (34,0) и услужни и продажни работници (34,5).

Тагови: Европа Евростат Македонија работници работно време

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »