Промовирани огласи »

Полицијата викендов санкционирала над 1.000 сообраќајни прекршоци: Уапсени 34 возачи и одземени 23 возила

Над 30 лица уапсени за два дена! Што се случува на македонските патишта?

Во текот на изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 316 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Од МВР информираат дека лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 34 лицa, од кои девет за возење под дејство на алкохол, 24 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени биле и 23 возила.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 164 прекршоци за неправилно паркирање, како и 29 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 107 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и пет пешаци. Исто така санкционирани се 99 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 15 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, посочија од МВР.

Тагови: Министерството за внатрешни работи-(МВР) полиција сообраќаен прекршок

Промовирани огласи »

Времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви интервали, а на повисоките места ќе има можност за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен дожд на Повардарието.

Во Скопје се очекува променлива облачност проследена со сончеви периоди, како и слаб до умерен ветер од северен правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

19.5.2026 Вторник   11° / 19° 07:12   21:52
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h






11°
11°
14°
16°
17°
18°
19°
19°
18°
16°
14°
14°
14°
14°
14°
14°
13°
13°

2

2

2

2

2

2

2

3

4

4

4

3

3

3

3

2

3

3
20.5.2026 Среда   / 23° 07:12   21:53
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
12°
11°
11°
10°




12°
14°
16°
18°
19°
20°
21°
22°
23°
22°
22°
21°
20°
18°
17°
16°

3

3

3

4

4

3

3

3

3

3

4

4

5

5

5

5

5

5

5

5

3

3

3

3
21.5.2026 Четврток   11° / 24° 07:11   21:53
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
15°
14°
14°
13°
12°
12°
11°
12°
15°
17°
19°
20°
21°
23°
24°
24°
24°
24°
24°
23°
21°
19°
19°
19°

3

3

3

3

3

4

3

4

3

4

5

5

5

5

6

5

6

5

5

5

4

4

4

4

Промовирани огласи »

General Motors отпушти стотици IT вработени, а истовремено отвора нови позиции поврзани со AI, data engineering и cloud технологии

Зошто компаниите ги заменуваат IT тимовите со AI експерти?

Автомобилскиот гигант General Motors повторно ја отвори глобалната дебата за иднината на работните места и влијанието на AI врз пазарот на труд.

Компанијата неодамна отпушти стотици IT вработени, но паралелно започна со отворање нови позиции поврзани со:

  • Вештачка интелигенција (AI)
  • Data engineering
  • Cloud технологии
  • Automation systems

Овој потег јасно покажува дека компаниите не само што ги намалуваат тимовите — туку целосно ги менуваат профилите на кадар што им е потребен.

Традиционалните IT позиции постепено се трансформираат. Наместо класична администрација и рутинско одржување, компаниите бараат луѓе што знаат:

  • Да работат со AI алатки
  • Да анализираат големи количини податоци
  • Да развиваат cloud инфраструктура
  • Да автоматизираат процеси

Ова е уште еден доказ дека AI не значи нужно „помалку работа“, туку поинаква работа.

Експертите предупредуваат дека најголем ризик во следните години ќе биде неподготвеноста за новите технологии. Вработените што континуирано учат и се адаптираат ќе имаат огромна предност на пазарот на труд.

Во исто време, компаниите сè повеќе инвестираат во reskilling и upskilling, бидејќи побарувачката за AI и cloud кадар расте побрзо од понудата.

Пазарот на труд влегува во нова ера ера каде што техничките вештини, адаптибилноста и способноста за работа со AI стануваат поважни од било кога.

Прочитајте и за: AI нема да ве замени но човек што користи AI можеби ќе ве замени

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Од вчера започна исплатата на средствата од програмата МојДДВ за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од 2026 година, информираат од Управата за јавни приходи.

Исплатата ќе се врши етапно, во зависност од обработката на налозите.

Според податоците на УЈП, средства ќе добијат 528.447 корисници, а вкупниот износ што треба да биде исплатен изнесува близу 836 милиони денари.

Кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата засега не може да се реализира. Средствата ќе бидат исплатени откако корисниците ќе ги коригираат податоците.

Дополнително, кај 7.560 корисници износот за поврат е помал од 50 денари, па тие средства ќе бидат префрлени и исплатени во следниот квартал.

Од УЈП апелираат до граѓаните кои сè уште не добиле средства од претходни или тековни исплати да ги проверат податоците за трансакциската сметка во апликацијата, за исплатата да може непречено да се реализира.

Тагови: исплата Мој ДДВ УЈП

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »