Промовирани огласи »

Родителите ќе плаќаат казна од 250 евра ако нивното дете врши насилство во училиште

Ваквата мерка е предвидена со измените на Законот за основно образование, кои се подготвуваат по зачестените случаи на врсничко насилство што предизвикаа силни реакции во јавноста

Родителот ќе биде казнет со 250 евра за секое насилство сторено од детето, но и кога родителите ќе одбијат да соработуваат со училиштето - рече Јаневска.

Родителите на учениците кои ќе бидат инволвирани во насилство во училиштата ќе може да бидат казнети со 250 евра, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Ваквата мерка е предвидена со измените на Законот за основно образование, кои се подготвуваат по зачестените случаи на врсничко насилство што предизвикаа силни реакции во јавноста.

Според најавите, паричната казна нема да се однесува само на случаите кога ученик ќе изврши насилство, туку и на ситуациите кога родителите нема да прифатат соработка со училиштето, стручните служби и надлежните институции.

Од Министерството за образование и наука посочуваат дека целта на измените е да се зголеми одговорноста на родителите и семејството во превенцијата и справувањето со насилството меѓу учениците.

Новите законски решенија, според најавите, се во завршна фаза и наскоро треба да бидат доставени до Собранието.

Тагови: Весна Јаневска Министерство за образование и наука - МОН родител училиште казна

Промовирани огласи »

Тошковски најави жестоки контроли за несовесните моторџии во градовите

Министерот Панче Тошковски порача дека МВР ќе ги засили контролите кон моторџиите што возат без кацига, пребрзо и опасно, нагласувајќи дека токму тие се најголема закана за безбедноста во сообраќајот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени полициски контроли во градските средини, насочени кон возачите на мотори кои не ги почитуваат сообраќајните правила и ја загрозуваат безбедноста на улиците. Тој направи јасна разлика меѓу „вистинските моторџии“, кои совесно учествуваат во сообраќајот, и оние што, како што рече, „глумат моторџии“.

Според Тошковски, мерките ќе бидат насочени кон возачи кои управуваат мотори без кацига, со преголема брзина, минуваат на црвено светло и изведуваат опасни маневри, уверени дека нема да бидат откриени. Министерот истакна дека МВР, особено во градските средини, ќе биде фокусирано токму на овие прекршители, а во таа насока ќе се користат и системите за детекција како „Сејф сити“.

Во остра порака до несовесните возачи, Тошковски изјави дека тие ќе бидат главна цел на институциите и предупреди на строги санкции, вклучително и одземање на моторите. Тој оцени дека токму ваквите возачи се најголем ризик за безбедноста во сообраќајот, додека за моторџиите кои ги почитуваат правилата упати пофалби и поддршка.

Тагови: Панче Тошковски Сејф сити - Безбеден град мотори

Промовирани огласи »

AI нема да ве замени но човек што користи AI можеби ќе ве замени

Новата реалност: AI не краде работни места, луѓето со AI ги крадат

Стравот дека AI ќе ги замени луѓето станува сè поголем. Но, многу експерти предупредуваат дека реалноста е малку поинаква: нема директно AI да ви ја земе работата туку човек што знае како да користи AI.

Во последните две години, компаниите масовно почнаа да користат алатки како ChatGPT, Copilot и различни AI системи за автоматизација. Задачи за кои порано биле потребни часови работа, денес можат да се завршат за неколку минути.

Маркетери креираат содржина побрзо. HR тимови селектираат CV-а со AI. Програмери пишуваат код со помош на AI асистенти. Дизајнери генерираат идеи за секунди.

Тоа значи дека продуктивноста расте но и конкуренцијата.

Компаниите повеќе не бараат само искуство и дипломи. Сè повеќе се бараат луѓе што знаат:

  • Како да работат со AI алатки
  • Како да анализираат информации
  • Како побрзо да решаваат проблеми
  • Како да комбинираат технологија со човечка креативност

Токму тука се создава новата разлика на пазарот на труд.

AI нема целосно да ги замени човечките способности како:

  • Емпатија
  • Лидерство
  • Комуникација
  • Критичко размислување
  • Креативност

Но, луѓето што ќе научат да го користат AI ќе имаат огромна предност пред оние што ќе го игнорираат.

Иднината не е „луѓе против AI“. Иднината е луѓе што знаат да работат со AI против оние што останале во старите начини на работа.

Во 2026, можеби највредна вештина нема да биде само што знаете туку колку брзо знаете да се адаптирате.

Прочитај и за: HR светот во 2026: што доаѓа, а што исчезнува?

Тагови: AI HR трендови

Промовирани огласи »

Вработување во Котон, Нептун и Макпетрол!

Огласи за работа во Котон, Нептун и Макпетрол!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Котон е познат турски моден бренд за облека и модни додатоци, присутен и на македонскиот пазар преку своите продавници во Скопје и други градови. Брендот е основан во 1988 година во Истанбул и денес е еден од водечките fashion retail ланци во регионот, со стотици продавници ширум светот.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - CAPITOL MALL
ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ - СКОПЈЕ

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ТЕТОВО
РЕФЕРЕНТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, со своите иновативни решенија и автоматизирани процеси, одговара на потребите на клиентите за краткорочно финансирање. Водени од желбата да бидеме максимално достапни, корисни и удобни за секој кој има потреба од користење на нашите услуги, бевме една од првите компании во Република Северна Македонија кои овозможивме аплицирање за кредит, целосно онлајн, како и моментално одобрување и исплата на средствата.

Моментално ваработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина.

Моментално вработува:

БЕНЗИНСКА СТАНИЦА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД – ПРОДАВАЧИ
БЕНЗИНСКА СТАНИЦА ВО ПРИЛЕП - ПРОДАВАЧИ И КАСИЕРИ

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. КАРПОШ
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. ЦЕНТАР
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. АЕРОДРОМ
ФАРМАЦЕВТ - НАС. КАРПОШ
ФАРМАЦЕВТ - НАС. ЦЕНТАР
ФАРМАЦЕВТ - НАС. АЕРОДРОМ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ/ДИСТРИБУТЕР

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »