Во време кога современиот начин на живот сè повеќе носи хроничен стрес, замор и воспалителни состојби, на пазарот пристигнува нова генерација додатоци во исхраната BioLybra. Инспириран од природата и поддржан од современи научни истражувања, брендот нуди иновативен пристап кон благосостојбата на телото и умот преку уникатна комбинација од масло од семе од коноп, чисти терпени, растителни екстракти и витамини.
BioLybra е создаден со јасна мисија да помогне во модулирање на воспалителните процеси, оксидативниот стрес и психофизичката непријатност, делувајќи не само врз симптомите, туку и врз изворот на проблемот. Производите се базираат на патентирана мешавина која комбинира масло од семе од коноп, витамин Е, витамин А и бета-кариофилен природен фитоканабиноид кој делува на ендоканабиноидниот систем, важен регулатор на имунолошките, воспалителните и стресните процеси во организмот.
Според достапните in vitro тестирања, BioLybra покажува значителна антиинфламаторна и антиоксидантна активност, со намалување на маркерите поврзани со воспаление и оксидативен стрес. Дополнително, концептот на „entourage effect“ овозможува синергиско дејство на природните состојки за подобрување на целокупната рамнотежа на организмот.
Во рамки на линијата, BioLybra CALM е формулиран како поддршка за ментална благосостојба, релаксација и подобрување на расположението во периоди на стрес и анксиозност. Комбинацијата од линалоол, екстракт од грифонија богат со 5-HTP и витамин Б6 придонесува за поддршка на нервниот систем, подобар сон и психофизичка рамнотежа.
Од друга страна, BioLybra DOL е насочен кон поддршка на мускулите и зглобовите, намалување на воспалението и олеснување на болката. Формулата содржи Terpendol Complex, екстракт од ѓумбир и витамин Б12, а е дизајнирана да придонесе за подобрување на зглобната функција, намалување на напнатоста и поддршка на физичката издрливост.
Создавањето на BioLybra е резултат на долгогодишно истражување, страст и посветеност кон подобрување на квалитетот на животот. Брендот носи современо, природно и иновативно решение за луѓето кои бараат баланс, поддршка и благосостојба во секојдневниот живот.
Производите BioLybra се ексклузивно достапни во Виола Аптеки.
Тагови: ПЗУ Аптека ВИОЛА