Промовирани огласи »

Тијана Цресензи и Vinstreet: Како second-hand модата станува тренд во Македонија

Купуваш ново? Можеби треба да размислиш двапати

Како би се опишала себеси – која е Тијана Цресензи во неколку зборови?

По професија сум продукт дизајнер, а по дух сум голем љубител на естетика. Најмногу се поистоветувам со визуелниот елемент на постоењето. Обожавам естетика, мода, дизајнирање, да носам визуелни одлуки и да се изразувам преку стил и форма.
Веќе неколку години работам со дизајн и развој на дигитални продукти – апликации, веб страни и веб платформи. Мојата работа е да земам идеја и постепено да ја претворам во нешто што функционира и што луѓето навистина можат да го користат.
Но освен технологијата, многу ме привлекуваат теми како стил, култура и одржливост. Сакам да мислам дека сум личност што постојано бара начини работите да бидат малку поубави, пофункционални и поосмислени.

Како се роди идејата да создадеш платформа за купување и продавање облека од втора рака?

Vinstreet за мене е токму спој на сè она што ме дефинира – дизајн, естетика, технологија и желба да направам нешто што има позитивно влијание во заедницата во која живеам.
Сакав да ги спојам моите пасии со моите вештини и со моите вредности. Модата и одржливоста ми се голема пасија, мојата професионална вештина е градење дигитални продукти, а една од моите лични вредности е да направам нешто што ќе биде корисно за општеството.
Кога тие три работи се споија, идејата за Vinstreet дојде многу природно. Сакав да создадам место каде облеката ќе може да добие втор живот, наместо да заврши заборавена во гардеробер или фрлена.
За мене тоа не е само платформа за продажба, туку начин да се поттикне поинаков однос кон облеката – да ја гледаме како нешто што има повеќе од еден живот.

Што беше главната мотивација зад создавањето на Vinstreet и кој проблем сакавте да го решите?

Главната мотивација ми беше тоа што кај нас во Македонија многу малку луѓе се запознаени со една толку добра животна пракса како што е купувањето и продавањето од втора рака. А таа практика носи навистина многу бенефиции – и економски, и стилски, и еколошки.
Сакав да ја доближам таа идеја до луѓето тука. Сакав повеќе луѓе да имаат шанса да станат дел од циркуларната економија – односно да го продолжуваат животот на своите предмети и облека наместо веднаш да ги фрлаат.
Но истовремено сакав да поттикнам и нешто друго: посвесно купување. Да размислиме два пати пред да купиме нешто ново, кога можеби веќе постои парче што е квалитетно, убаво и може повторно да се користи.
За сето тоа беше потребен простор. Простор што не е само уште еден оглас во хаосот на социјалните мрежи, туку место создадено токму за тоа.
Vinstreet е токму еден таков простор.

На кој начин функционира платформата и како им олеснува на луѓето да продаваат или купуваат користена гардероба?

Платформата е направена да биде многу лесна за користење. На Vinstreet можеш и да купуваш и да продаваш. Луѓето можат да продаваат под свое име, но можат и да отворат продавница ако продаваат почесто и тоа им е на некој начин мал бизнис.
На тој начин ја користат платформата за да стигнат до поширока публика и да имаат повеќе ред и функционалности отколку што би имале ако продаваат само преку социјални мрежи.
Секој што продава има свој простор каде што ги менаџира своите артикли, нарачки и понуди. Може да праќа и да прима пораки од купувачите, има јасен преглед на активностите, па дури и пресметка за постигнатиот приход.

Од страната на купувачите, процесот е исто така многу едноставен. Нарачката се прави со еден клик и пополнување на податоци за испорака. Испораката се врши преку карго служба директно до врата.
Купувачите можат и да испраќаат понуди за цена кон продавачите и да се „ценкаат“, што е нешто што многу луѓе го сакаат кај second-hand купувањето. Исто така можат да го следат статусот на нарачката.
Целата идеја беше процесот да биде што е можно поедноставен и попрегледен – да можеш лесно да продадеш нешто што не го носиш, или да најдеш парче што ти се допаѓа без комплицирани чекори.

Какви типови на облека најчесто се нудат на платформата и што најмногу привлекува внимание кај корисниците?

Најмногу се продава облека, особено женска – палта, фустани, фармерки, јакни и брендирани парчиња. Жените се најактивни на платформата, што и не е изненадување.
Но она што искрено ме изненади е дека има и прилично голем број мажи. Не ги исклучувам воопшто – напротив. Машката публика расте, и тие најчесто бараат спортска облека, јакни, тренерки или обувки.
Она што најмногу ги привлекува луѓето е комбинацијата од цена и уникатност. Често можеш да најдеш парче што изгледа како ново, но е значително поевтино од продавница. А понекогаш наоѓаш и нешто што едноставно не можеш да го купиш во класичен шопинг.

Колку се менува перцепцијата кај луѓето кога станува збор за second-hand облека во последните години?

Мислам дека перцепцијата полека се менува. Бавно, но сигурно.
Порано облеката од втора рака кај нас многу често се поврзуваше со сиромаштија или економска потреба. Луѓето ја гледаа како нешто што се купува само ако мораш, а не затоа што сакаш.
Но денес почнуваме да гледаме поинаков пристап. Сè повеќе луѓе сфаќаат дека second-hand може да биде и паметен избор – и финансиски, и стилски, па и од аспект на одржливост.
Особено помладите генерации се многу поотворени кон ова. Тие бараат уникатни парчиња, винтиџ стил, или едноставно сакаат да купуваат поодговорно.
Сè уште има предрасуди, секако. Но се забележува дека љубопитноста расте. Луѓето почнуваат да истражуваат, да пробуваат и да сфаќаат дека облеката од втора рака не значи помалку вредност – понекогаш значи токму спротивното.

Кои се најчестите предрасуди што луѓето ги имаат за облеката од втора рака?

Има многу предрасуди, искрено… хахах. Премногу. И најчесто се толку неточни што понекогаш не знам како да ги објаснам на најпрост начин.
Но искрено, воопшто не им судам на луѓето бидејќи и јас бев таква порано. Имав исти мисли како многу луѓе денес, додека не се едуцирав правилно.

Еден од најчестите митови е дека облеката од втора рака е нехигиенска. Луѓето мислат „којзнае кој ја носел, каде била“. А реалноста е дека и новата облека често патува низ фабрики, магацини и транспорт и се третира со различни хемикалии за да изгледа добро во продавница, хемикалии коишто се опасни по здравјето. Облеката од втора рака најчесто веќе е перена повеќе пати, што значи дека по таа логика, побезбедно е да купиш од втора отколку прва рака. Многу луѓе токму поради овие хемикалии избираат да купат од втора рака, поготово детска облека, и најчесто за спречување на кожни реакции кај децата како егзема или едноставно поголема сигурност и хигиена.

Друг мит е дека облеката од втора рака „носи енергија од други луѓе“. Тоа е повеќе културно верување отколку реалност.

Има и мислење дека „нема поента да купуваш старо ако има ново“. Но тоа е навика што е многу силно поттикната од маркетингот на fast fashion индустријата. Ние сме научени дека новото е автоматски подобро.

А вистината е дека понекогаш токму во втора рака се наоѓаат најинтересните и најквалитетните парчиња. Само треба малку да се смени перспективата.

Кои се најинтересните приказни или искуства што си ги имала преку платформата?

Имало многу убави моменти, но еден што секогаш го паметам е од еден поп-ап настан. Таму се запознав со една девојка што продаваше облека од втора рака. Ја прашав дали продава и на Instagram, а таа ми рече: „Не, ама сакам да се регистрирам на Vinstreet.“
Тоа многу ме израдува. Тој момент кога ќе видиш дека нешто што си го замислил и изградила сам, реално стигнува до луѓето и тие сакаат да бидат дел од него.
Многу ме радуваат и успешните нарачки на платформата. Кога купувачите се задоволни и кога некое парче облека ќе најде нов сопственик, тоа ми дава чувство дека навистина има смисла тоа што го правам.
А посебно ми значат пораките што понекогаш ги добивам во DM или коментари, кога луѓе ќе ми напишат дека правам нешто убаво или важно. Тие пораки секогаш ме мотивираат да продолжам.

Дали планираш нови активности или проекти за да се зголеми свесноста за одржлива мода?

Да, тоа ми е многу важен дел од приказната. Vinstreet не го гледам само како платформа за купување и продавање облека, туку и како место преку кое може да се зборува повеќе за одржлива мода и за текстилниот отпад.
Планирам преку Instagram профилот на Vinstreet (@vinstreetmk) повеќе да едуцирам и да ги разбијам митовите околу облеката од втора рака. Мислам дека многу од предрасудите доаѓаат од незнаење, па затоа е важно да се зборува отворено за тие теми.

Исто така би сакала, здравје, да одам и по училишта и да разговарам со млади луѓе за текстилен отпад, брза мода и циркуларна економија. Мислам дека ако таму почне разговорот, тогаш навиките многу полесно се менуваат.

Во иднина сакам да организирам и поп-ап настани во Охрид, каде што живеам. Настани каде луѓето ќе можат да донесат облека, да разменуваат, да се запознаат и да видат дека втората рака може да биде многу интересна и жива пракса, а не само нешто што постои онлајн.

Целта ми е постепено да се создаде заедница околу оваа идеја, а не само платформа. 

Како гледаш на иднината на second-hand културата кај нас?

Мислам дека културата на облека од втора рака кај нас допрва ќе расте. Можеби не со огромна брзина, но сигурно. Луѓето постепено почнуваат да ја преиспитуваат навиката постојано да купуваат ново.
Истовремено, мислам дека ќе расте и свесноста за текстилниот отпад и за тоа колку ресурси се трошат за производство на облека. И мислам дека клучот е во самиот баланс – не ни треба радикално поставување и заземање крајност, туку едноставно вклучување на оваа пракса како дел од процесот на купувањето.
И мора да ги едуцираме луѓето со ресурсите кои ги имаме.
Кога луѓето ќе почнат да размислуваат за тоа, природно е да почнат да бараат поодржливи опции.
Мојата надеж е дека во иднина облеката од втора рака нема да се гледа како алтернатива, туку како нормален дел од шопингот.
И искрено, мислам дека сме на добар пат.

Тагови: мода уметност Vinstreet second-hand

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Тетово!

Најновите огласи за работа во Тетово!

Барате работа во Тетово? Проверете ги најновите огласи за вработување и најдете ја идеалната можност за вашиот кариерен напредок! Без разлика дали сте искусен професионалец или почетник кој бара прва работа, тука ќе најдете огласи што одговараат на вашите потреби и квалификации.

Придружете се на успешни компании и започнете ново поглавје во вашата кариера. Не чекајте! Аплицирајте веднаш и осигурете си посветла иднина.

Marketing Agent - Tetovo
Sales Representative in Tetovo
Kundendienstspezialist – Tetovo
Техничар во производство за декоративно шиење
Продажен референт - Палма Мол Тетово

Прочитајте и за: Најди работа во Струмица!

Се уште сте во потрага по идеалното работно место?! Проверете ги сите останати огласи и аплицирајте ТУКА.

Промовирани огласи »

Каде да заминете за продолжен викенд?

Еве три совршени дестинации во Македонија

Ни се доближува продолжен викенд – совршена можност да направите пауза од секојдневието, да се одморите и да наполните батерии без да патувате предалеку. Македонија нуди многу убави дестинации кои се идеални за кратко бегство, без разлика дали сте расположени за планина, езеро или мир во природа. Доколку сè уште немате план, ви предлагаме три места кои секогаш се одличен избор:

Маврово

Доколку посакувате мир, свеж планински воздух и бегство од градската гужва, Маврово е вистинската дестинација за вас. Прошетките покрај езерото, прекрасните планински пејзажи и можноста за лесни активности во природа го прават ова место идеално за релаксирачки викенд. Совршено е за сите кои сакаат да се исклучат од секојдневниот стрес и да уживаат во тишината.

Охрид

Охрид е секогаш добра идеја, во било кое време од годината. Шармантните калдрмисани улички, богатото културно наследство и прекрасниот поглед кон езерото создаваат посебна атмосфера. Прошетајте низ стариот град, уживајте во традиционална храна и не пропуштајте го магичното зајдисонце покрај езерото.

Козјак

За оние кои немаат многу време за подолги патувања, Козјак е одлична опција. Сместен во близина на Скопје, нуди мир, тишина и прекрасна природа. Идеален е за еднодневен излет, пикник со пријатели или едноставно уживање покрај вода, далеку од градската бучава.

Без разлика дали ќе изберете планинска авантура, езерска романтика или кратко бегство во природа, искористете го продолжениот викенд максимално и создадете нови убави спомени.

Тагови: Охрид патување продолжен викенд Маврово Козјак

Промовирани огласи »

Вработување во Жито Маркети!

Огласи за работа во Жито Маркети!

Жито располага со 59 маркети распространети во 20 општини во земјава: Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Чашка, Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево, Македонска Каменица. Со преку 850 вработени претставува препознатлив бренд во својата област со многубројните признанија (најдобар трговски објект за 2010 и 2017год., Superbrands 2015/2016, International Best Brand 2015).

Моментално вработува:

Продажен Персонал - Охрид
Продажен персонал - Кисела Вода
Продажен Персонал - Скопје нас.Аеродром
Заменик раководител на Маркет - Ѓорче Петров

Продажен Персонал - Петровец

Останатите огласи од Жито Маркети ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ДПТУ Жито Дооел

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »