Промовирани огласи »

Цената на цигарите на „Империјал Тобако“ се зголемува за 10 денари. Станува збор за цигарите Родео, Вест, Давидоф и Жаде.

Зголемувањето е дел од редовното усогласување со државната акцизна политика, која предвидува постепено зголемување на акцизите за тутунските производи до 2030 година. 

Секој 1 јануари до 2030 година, според најавите, акцизата за цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче.

Тагови: поскапуват цигарите

Промовирани огласи »

Starlink мобилна мрежа доаѓа во Европа: Македонија меѓу првите 10 земји

Илон Маск и „Дојче Телеком“ лансираат сателитска мобилна услуга во Европа до 2028 година – Македонија е на листата на земји што први ќе добијат покриеност.

Американската сателитска услуга Starlink, во сопственост на Илон Маск, склучи партнерство со германскиот телекомуникациски гигант „Дојче Телеком“ за лансирање на заедничка сателитска мобилна мрежа во Европа, чиј старт е планиран за 2028 година. Ова ќе биде првата европска мобилна мрежа базирана на сателитите Starlink од втора генерација (V2), способни за директна широкопојасна комуникација со мобилни телефони, вклучувајќи пренос на податоци, гласовни повици и пораки.

Новата услуга е наменета за подрачја со тешка или невозможна класична инфраструктура, како планински региони и зони под заштита на природата, со цел да се прошири покриеноста со мобилен сигнал без изградба на базни станици. Според „WirtschaftsWoche“, сателитите V2 нудат до 100 пати поголема густина на податоци по сателит, 16 пати повеќе антени и до 20 пати поголем капацитет за пренос во споредба со претходната генерација.

Услугата ќе биде достапна во десет европски земји: Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Грција, Хрватска, Црна Гора и Македонија, со што региони што досега биле „слепи точки“ на мобилната мапа би можеле да добијат стабилен сигнал и широкопојасен пристап до интернет преку сателитска конекција.

Тагови: Елон Маск мобилен оператор Starlink

Промовирани огласи »

Од октомври 2025 година постепено се воведува новиот систем за влез/излез (EES) на надворешните граници на Европската Унија, а неговата целосна примена се очекува до 10 април 2026 година.

Станува збор за автоматизиран ИТ-систем кој ќе ги регистрира државјаните на земји што не се членки на ЕУ, меѓу кои е и Македонија, при секое преминување на границата за краткорочен престој (до 90 дена во период од 180 дена).

Што ќе се смени со EES?

Од април 2026 година:

  • Наместо печат во пасош, ќе се врши електронска регистрација
  • Ќе се земаат биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти)
  • Системот ќе бележи и евентуално одбиен влез

Првото преминување на граница ќе трае подолго – околу 3 до 5 минути по патник, поради земањето биометриски податоци.

ETIAS доаѓа од крајот на 2026 година

По целосното воведување на EES, во четвртиот квартал од 2026 година се очекува да започне и примената на ETIAS – Европски систем за информации и авторизација на патувања.

Ова не е класична виза, туку електронска дозвола за патување која ќе биде задолжителна за граѓаните на Македонија при краткорочни посети во ЕУ.

Што треба да знаете:

Ќе важи 3 години или до истекот на пасошот

  • Апликацијата ќе се поднесува онлајн
  • Цената ќе изнесува 20 евра
  • Лица под 18 и над 70 години нема да плаќаат такса

Важно е да се знае дека ETIAS не гарантира автоматски влез – конечната одлука ја носат граничните власти.

Кој нема потреба од ETIAS?

  • Граѓани на ЕУ
  • Лица со важечка долгорочна виза или дозвола за престој во ЕУ
  • Лица со двојно државјанство ако патуваат со пасош од земја членка

Ќе има ли гужви?

На копнените премини се очекуваат поголеми задржувања, особено во летната сезона и за празници. На аеродромите процесот ќе биде побрз благодарение на автоматските терминали.

Тагови: EEC ETIAS визи ЕУ

Промовирани огласи »

Од март минималната нето плата се зголемува за 1.667 денари и ќе изнесува 26.046 денари

Дали е ова реално и доволно зголемување?

Минималната нето плата во земјава од март се зголемува за 1.667 денари и ќе изнесува 26.046 денари, соопшти министерот за економија Бесар Дурмиши. Според него, минималната плата за 2026 година изнесува 38.507 денари бруто, наспроти 36.037 денари бруто во 2025 година, што претставува зголемување од 2.470 денари бруто.

Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши секоја година во март, врз основа на јасно утврдена формула: 50 проценти од порастот на просечната нето плата исплатена во претходната година и 50 проценти од порастот на индексот на трошоците за живот, согласно официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

Според последните објавени статистички податоци, просечната исплатена нето плата е зголемена за 9,6 проценти, додека индексот на трошоците за живот бележи раст од 4,1 процент. Овие параметри, вграден во формулата за усогласување, доведоа до новото зголемување на минималната плата на 26.046 денари нето.

Тагови: зголемување на плати минимална плата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »