Промовирани огласи »

Од октомври 2025 година постепено се воведува новиот систем за влез/излез (EES) на надворешните граници на Европската Унија, а неговата целосна примена се очекува до 10 април 2026 година.

Станува збор за автоматизиран ИТ-систем кој ќе ги регистрира државјаните на земји што не се членки на ЕУ, меѓу кои е и Македонија, при секое преминување на границата за краткорочен престој (до 90 дена во период од 180 дена).

Што ќе се смени со EES?

Од април 2026 година:

  • Наместо печат во пасош, ќе се врши електронска регистрација
  • Ќе се земаат биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти)
  • Системот ќе бележи и евентуално одбиен влез

Првото преминување на граница ќе трае подолго – околу 3 до 5 минути по патник, поради земањето биометриски податоци.

ETIAS доаѓа од крајот на 2026 година

По целосното воведување на EES, во четвртиот квартал од 2026 година се очекува да започне и примената на ETIAS – Европски систем за информации и авторизација на патувања.

Ова не е класична виза, туку електронска дозвола за патување која ќе биде задолжителна за граѓаните на Македонија при краткорочни посети во ЕУ.

Што треба да знаете:

Ќе важи 3 години или до истекот на пасошот

  • Апликацијата ќе се поднесува онлајн
  • Цената ќе изнесува 20 евра
  • Лица под 18 и над 70 години нема да плаќаат такса

Важно е да се знае дека ETIAS не гарантира автоматски влез – конечната одлука ја носат граничните власти.

Кој нема потреба од ETIAS?

  • Граѓани на ЕУ
  • Лица со важечка долгорочна виза или дозвола за престој во ЕУ
  • Лица со двојно државјанство ако патуваат со пасош од земја членка

Ќе има ли гужви?

На копнените премини се очекуваат поголеми задржувања, особено во летната сезона и за празници. На аеродромите процесот ќе биде побрз благодарение на автоматските терминали.

Тагови: EEC ETIAS визи ЕУ

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Самостоен референт -Комунален редар, Одделение за комунални дејности, Сектор за комунални дејности, локален економски развој, урбанизам и заштита на животната средина

Помлад соработник за издавање еколошки дозволи, Одделение за заштита на животната средина, Сектор за комунални дејности, локален економски развој, урбанизам и заштита на животната средина

Помлад соработник, програмер - систем оператор, Одделение за правни, општи работи и јавни дејности, Сектор за правни, општи работи, јавни дејности, администрирање на приходи и финансиски прашања

Државен советник за аналитика и истражување на развојно образовни политики

Раководител на Сектор за правни, општи и организациони работи

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Вработување во Зегин!

Најнови огласи за работа во Зегин!

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Помлад соработник за административна поддршка за меѓународни пазари
Специјалист за набавки – категорија козметика (Buyer/Procurement Specialist)
Фармацевт со лиценца - Битола
Хигиеничар/ка - Скопје/Аеродром
Одговорно лице за сметководство и финансии

Останатите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Останатите огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Зегин ДОО Скопје

Промовирани огласи »

Од март минималната нето плата се зголемува за 1.667 денари и ќе изнесува 26.046 денари

Дали е ова реално и доволно зголемување?

Минималната нето плата во земјава од март се зголемува за 1.667 денари и ќе изнесува 26.046 денари, соопшти министерот за економија Бесар Дурмиши. Според него, минималната плата за 2026 година изнесува 38.507 денари бруто, наспроти 36.037 денари бруто во 2025 година, што претставува зголемување од 2.470 денари бруто.

Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши секоја година во март, врз основа на јасно утврдена формула: 50 проценти од порастот на просечната нето плата исплатена во претходната година и 50 проценти од порастот на индексот на трошоците за живот, согласно официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

Според последните објавени статистички податоци, просечната исплатена нето плата е зголемена за 9,6 проценти, додека индексот на трошоците за живот бележи раст од 4,1 процент. Овие параметри, вграден во формулата за усогласување, доведоа до новото зголемување на минималната плата на 26.046 денари нето.

Тагови: зголемување на плати минимална плата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »