Промовирани огласи »

„Потоп за илјадници претпријатија и масовна невработеност“: Славески предупредува што ќе значи зголемувањето на минималецот на 600 евра

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески предупредува што ќе значи зголемувањето на минимална плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари. Еве што вели! 👇

Минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари ќе повлечат една милијарда и 250 милиони евра за масата за плати во јавниот и во приватниот сектор, кажа гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски во синоќешното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

Тој вели дека не е случајно што сите не го поддржуваат тоа барање.

Занаетчиската комора, малите и средни претпријатија. Една милијарда и 250 милиони евра, знаете што би значело тоа? – Тоа би значело потоп за илјадници претпријатија во Македонија и масовна невработеност, истакна гувернерот.

Од позиција на Народна банка, Славески вели дека тоа би значело повисока инфлација, драстично, поголема цена на кредитите, и станбени и потрошувачки.„Некој мора да ја плати цената.

Нема бесплатен ручек, предупреди Славевски.

Тагови: минимална плата невработеност Трајко Славески

Промовирани огласи »

„Безбеден град“: 40 сообраќајни камери во Охрид и Струга пред летната сезона

Во Охрид и Струга до лето ќе проработи системот „Безбеден град“ со 40 камери, кој треба да ја зголеми безбедноста и да ги намали сообраќајните прекршоци во време на туристички метеж.

Охрид – Системот за видео-надзор „Безбеден град“ ќе стартува во Охрид и Струга пред почетокот на летната туристичка сезона, со поставување на вкупно 40 сообраќајни камери. Надлежните очекуваат новиот систем значително да придонесе за поголема контрола на сообраќајот во двата града и околните патни правци.

Од системот веќе се дел четири камери монтирани на автопатот ОхридКичево, на делниците кај селата Горенци, Требеништа, Ботун и Ново Село. Иако уредите се физички поставени, тие во моментов не санкционираат, бидејќи сè уште се во фаза на техничко тестирање и усогласување.

Од СВР Охрид посочуваат дека воведувањето на „Безбеден град“ ќе помогне во намалување на сообраќајните прекршоци и сообраќајните незгоди, како и во зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Посебен акцент се става на периодот на засилен туристички метеж, кога оптовареноста на патиштата во охридско-струшкиот регион е најголема.

Тагови: камери Охрид Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Зелените во Германија бараат во иднина само оние чие здравје повеќе не им дозволува да работат да можат да се пензионираат на 63 години.

Тие претставуваат концепт што опишува како би можело да функционира во пракса.

Зелените во Бундестагот сакаат да го укинат таканареченото „пензионирање на 63 години“ и нов активен пензиски систем.

Наместо тоа, раното пензионирање треба да биде конкретно ограничено на работници со здравствени проблеми, а програмите за превенција и рехабилитација треба да се прошират.

Ова е според предлогот поднесен од пратеничката група во Бундестагот.

Со овој предлог, Зелените влегуваат во дебатата за тоа како пензиите можат да останат финансиски одржливи и соодветни во општество кое старее, пишува списанието „Феникс“.

Како што генерацијата бејби-бумери ќе се пензионира до средината на 2030-тите, односот меѓу осигурителите и пензионерите драстично ќе се влоши.

Како резултат на тоа, стапките на придонеси и федералните субвенции значително ќе се зголемат, додека нивоата на пензиите ќе се намалат. Овој тренд може да се ублажи ако работниците се пензионираат подоцна отколку што се пензионираат во моментов.

За да може законскиот пензиски систем да функционира добро во иднина, повеќе луѓе мора да работат подолго, вели портпаролот на Зелената партија за социјална политика.

Зелените се спротивставуваат на какво било понатамошно зголемување на законската возраст за пензионирање по 2031 година.

Дотогаш, постепено ќе се зголемува на 67 години.

Наместо тоа, вистинската возраст за пензионирање прво треба да се приближи до законската граница, пренесува bizportal.rs.

Во 2024 година, луѓето во Германија се пензионирале во просек на возраст од 64,7 години - околу две години пред законската возраст за пензионирање во тоа време.

Тагови: Германија пензија

Промовирани огласи »

Временска прогноза за петок

Петок со нестабилно време низ Македонија

Влијанието на циклонот со центар над Џеновскиот залив и понатаму ќе се чувствува во Македонија, па затоа ќе продолжи нестабилното и многу променливо време. Во петок, 6 февруари 2026 година, во западните делови од земјава се очекуваат нови пообилни врнежи од дожд, при што локално може да наврнат над 15 литри на метар квадратен. На повисоките планински предели, над 1500/1600 метри надморска височина, врнежите ќе бидат од снег.

Во останатите региони времето ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и југоисточен правец, а услови за краткотраен дожд ќе има и во Скопје и околината.

Температурите ќе останат релативно високи за овој период од годината. Во поголем дел од Македонија дневните максимални температури ќе се движат околу 10°C, а на одредени места може и да ја надминат оваа вредност

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

8.2.2026 Недела   / 13° 07:37   18:02
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












10°
12°
13°
13°
13°
12°
10°






1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

2

2

3

2

2

2

1

2

1

1

1

1

1
9.2.2026 Понеделник   / 07:36   18:04
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

3

3

3

3

2

2

3

3

3

3

3
10.2.2026 Вторник   / 07:35   18:05
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























2

2

2

2

2

2

2

3

2

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »