(преземи го огласот во Word)
Авицена Лабораторија, сертифицирана и акредитирана лабораторија согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2022,објавува
ОГЛАС
за работното место
Креатор на дигитални содржини на социјални мрежи
Опис на работната позиција
Позицијата подразбира високо мотивирана и креативна личност одговорна за креирање, планирање и развој на дигитални содржини за нашите социјални мрежи со цел градење и одржување препознатлив бренд. Покажува автентичност во интеракција и комуникација со пошироката јавност.
Работни обврски:
- Креирање и објавување содржини за Instagram, TikTok и Facebook
- Снимање и монтажа на кратки видеа (Reels, TikTok, Stories)
- Дизајн на објави, видеа, stories и copy-writing за социјални мрежи
- Следење на трендови на социјалните мрежи и предлагање креативни идеи
- Помош во градење и одржување на силно и препознатливо онлајн присуство
- Соработка со тимот при креирање маркетинг кампањи и промоции
- Креирање содржини поврзани со лабораториски услуги, здравствени теми, настани, нови анализи и секојдневни активности во лабораторијата
Потребни квалификации:
- Завршено соодветно образование ( Економски науки – насока маркетинг или друга соодветна област);
- Интерес за социјални мрежи и дигитален маркетинг
- Способност за снимање видеа
- Основно познавање на алатки за дизајн и монтажа (Canva, Cap Cut, Illustrator, Photoshop)
- Креативност и внимание на детали
- Добри комуникациски вештини
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик
- Познавање работа со компјутери-MS office
- Возачка дозвола – Б категорија
- Проактивност, тимски дух и желба за континуиран личен и професионален развој
Ќе се смета за предност:
- Искуство со менаџирање Instagram или TikTok профили
- Познавање фотографија или видеографија
- Следење и разбирање на трендови и viral формати на содржини
- Основно познавање од branding и маркетинг
Можности за развој:
- Можност за понатамошен професионален и креативен развој
- Обезбедени платени курсеви, обуки и едукации за дополнително усовршување и надградба на вештините
- Работа во креативна и динамична средина со можност за стекнување практично искуство
- Учество во реални маркетинг кампањи, снимања и креативни проекти
Работно време од 40 часа неделно, 8:00 до 16:00 часот на локација Скопје – Визбегово (обезбеден паркинг за вработени).
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “за оглас за Креатор на дигитални содржини на социјални мрежи” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 10 (десет) работни дена, односно од 27.05.2026 година, најдоцна до 10.06.2026 година.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од:
- доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
- од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
- над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Напомена: ПЗУ Авицена лабораторија Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 6 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.