Промовирани огласи »

Советот на Град Скопје одлучи: 25 милиони денари за „смарт зелен бран“ во сообраќајот

Средствата ќе бидат наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај.

Советот на Град Скопје на шестата седница донесе одлука да предвиди 25 милиони денари за модернизација на системите за управување со сообраќајот и воведување на таканаречен „смарт зелен бран“. Средствата се наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај, информира претседателот на Советот, Даме Димитровски.

Со оваа инвестиција се планира унапредување на функционирањето на Центарот, редовно одржување на постојните системи, како и развивање нови, паметни и современи сообраќајни решенија поврзани со сигнализацијата. Целта е поефикасно управување со светлосната сигнализација и подобро приспособување на системот на реалните услови на улиците во градот.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека наместо застарениот концепт на „зелен бран“ од минатото, ќе се воведе паметен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила. Новиот „смарт зелен бран“ треба да ги намали сообраќајните гужви и да овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје.

Тагови: Скопје сообраќај зелен бран

Промовирани огласи »

Дали ќе има промени во времето?

Променливо време низ Македонија

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките планински предели ќе има снег. Поинтензивни врнежи се очекуваат во јужните региони, а во текот на ноќта и во западните делови. Ќе дува слаб ветер, најчесто од северозападен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко, со повремени врнежи од дожд.
Температурата ќе изнесува 7°C, атмосферскиот притисок 960 hPa, влажноста на воздухот 85%, а брзината на ветерот 2 m/s.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

25.3.2026 Среда   / 11° 06:29   18:54
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h




















11°
10°



2

2

2

2
26.3.2026 Четврток   / 20° 06:27   18:55
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
13°
15°
18°
19°
20°
19°
18°
17°
14°
13°
12°
11°
11°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

4

4

4

6

5

6

6

5

6

7

6

5

5
27.3.2026 Петок   / 12° 06:26   18:56
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°












10°
12°
12°
11°
10°
10°






4

4

3

3

3

4

3

2

2

2

2

2

2

2

3

2

3

2

3

2

3

3

3

3

Промовирани огласи »

Дамјан Ристовски: Младиот ткајач кој ја оживува македонската традиција и народните носии

Разбојот како мир, ткаењето како уметност

Кој е Дамјан Ристовски? Кажи ни нешто повеќе за себе.

Искрено, најтешко ми е кога треба да зборувам за себе, но ќе се обидам накратко да се претставам. Доаѓам од скромно семејство во кое отсекогаш се почитувале традициите, а токму таквото воспитување ме научи да ги негувам, применувам и да ги оттргнувам од заборав.

Средното образование го завршив во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, на насоката за традиционална музика и игра, а потоа се надградував на ПМФ, на Катедрата за етнологија и антропологија. Тоа беа единствените патишта на кои се гледав себеси – прво како ученик, а подоцна и како студент.

Со ткаењето се занимавам веќе десет години, а како најголем успех го издвојувам дуќанот за народни носии во центарот на градот – место каде што ткаењето не е само занает, туку жива традиција што продолжува да се негува и одржува

Колку детството и средината во која си израснал влијаеја врз тоа што денес го работиш?

Искрено, детството и средината во која израснав имаа големо влијание врз тоа што го работам денес. Имав среќа да растам со баба и дедо, од кои природно се пренесуваа традициите, обичаите, песните, начинот на ткаење и многу други стари, веќе подзаборавени вредности.

Како изгледаше твојата прва средба со вештината на ткаење и работата на разбој?

Можам да кажам дека мојата приказна со ткаењето започна сосема случајно. Сè започна со една снимка на YouTube, од која се роди желбата да ткаам на разбој. Подоцна пронајдов разбој, го купив и почнав да ткаам, а денес веќе професионално се занимавам со оваа вештина.

Кој дел од процесот на изработка на традиционална носија ти е најпредизвикувачки, а кој најисполнувачки?

Искрено, сновењето – односно подготовката на основата за разбојот – е најкомплицираниот дел од процесот. Понекогаш трае и по неколку часа и навистина бара голема прецизност и внимание за да не се направи грешка. Најисполнувачкиот дел, дефинитивно, е самото ткаење. Шарањето на платното што се создава е вистинска уметност и процес што бара многу време, трпение и посветеност.

Дали има некоја носија или предмет што за тебе има посебна емоционална или културна вредност?

Секако дека има. Поседувам носии кои се дел од моето семејство, наследени од моите баби и прабаби, и токму тие ми се најдраги во колекцијата, бидејќи имаат посебна емоционална и културна вредност за мене.

Како изгледа еден твој „обичен“ ден кога работиш на терен или на разбој?

Искрено, кога се работи на разбој, сè друго се остава настрана. Се „влегува“ во разбојот и целото внимание и мисли се насочени кон ткаењето. Тоа е процес кој многу му годи на ткајачот – носи смиреност, релаксација и вистинско уживање во работата.

Работата на терен, пак, е нешто што навистина треба да се доживее. Топлината на луѓето, разговорите со бабите кои раскажуваат за своите свадби и убавите моменти од животот – сето тоа е едно посебно искуство. Секој терен е различен, секое село има своја приказна, но топлината и желбата за разговор се насекаде исти.

Што следно планираш – има ли нов проект или истражување што можеш да ни го најавиш?

За мене, 2026 година е јубилејна и по тој повод ќе биде објавен мојот втор каталог за народни носии. Во него ќе бидат претставени носии од мојата колекција, собирани во изминатите десет години. Секако, се работи и на други проекти, но овој ќе заземе најмногу време и внимание, со цел да биде завршен како што доликува на една деценија вложен труд.

Тагови: обичаи традиции уметност носии

Промовирани огласи »

Зошто платата никогаш не е доволна?

Главните причини што го празнат вашиот буџет

Иако многумина работат напорно и имаат стабилни примања, чувството дека платата никогаш не е доволна станува сè почесто. Причината не е само во висината на платата, туку и во растечките трошоци за живот, инфлацијата и постојаното зголемување на цените на основните производи и услуги. Дури и кога примањата се зголемуваат, реалната куповна моќ често останува иста или се намалува.

Друг важен фактор е начинот на живот. Современото општество постојано создава нови потреби – технологија, патувања, подобар стандард, удобности – што го зголемуваат притисокот врз личниот буџет. Луѓето често се споредуваат со другите, што дополнително ги мотивира да трошат повеќе отколку што можат да си дозволат. Така, платата не исчезнува само поради трошоците, туку и поради очекувањата што самите си ги поставуваме.

На крајот, проблемот не е само економски, туку и психолошки. Чувството на финансиска несигурност создава впечаток дека „никогаш не е доволно“, дури и кога објективно платата е солидна. Затоа, решението не лежи само во повисока плата, туку и во подобро управување со парите, реални очекувања и поинаков однос кон потрошувачката.

Тагови: инфлација плата потрошувачката кошничка трошоци

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »