Промовирани огласи »

Пракса или експлоатација – каде е границата?

Кој ја користи праксата како изговор за неплатена работа?

Стручната пракса долго време се смета за првиот чекор кон успешна кариера. За младите, таа е можност за учење, стекнување искуство и влез на пазарот на трудот. За компаниите – начин да препознаат потенцијални таленти. Но, сè почесто се поставува прашањето: дали праксата навистина е можност за развој или станува форма на прикриена експлоатација?

Кога праксата ја губи својата цел

Проблемот започнува кога практикантите се третираат како евтина работна сила. Наместо менторство и учење, тие добиваат:

  • Рутински и повторливи задачи без образовна вредност
  • Работно време идентично со вработените, но без надомест
  • Високи очекувања без јасни цели и повратна информација

Во вакви случаи, праксата го губи својот едукативен карактер и се претвора во неформално вработување без права и сигурност.

Како изгледа фер и корисна пракса?

Добрата пракса има јасна структура и цел. Таа подразбира:

  • Дефинирани задачи поврзани со струката
  • Ментор кој активно го води практикантот
  • Јасно времетраење и очекувања
  • Финансиски надомест или барем транспарентни услови

Праксата треба да биде инвестиција во млад кадар, а не начин за пополнување на недостиг од ресурси.

Одговорноста на компаниите и HR тимовите

HR тимовите имаат клучна улога во поставувањето граници. Практикантските програми треба да се третираат како дел од talent pipeline, а не како краткорочно решение. Компаниите што нудат квалитетни практики не само што градат позитивен employer branding, туку создаваат и лојални идни вработени.

Што можат да направат младите?

Од друга страна, младите кандидати сè почесто поставуваат прашања:

  • Кој ќе ми биде ментор? Што ќе научам? Дали постои можност за вработување?

Оваа свесност е клучна за да се избегнат лоши искуства и разочарувања.

Границата помеѓу пракса и експлоатација е тенка, но јасна. Праксата треба да нуди знаење, насока и вредност – не само обврски. Во спротивно, таа го губи својот смисол и довербата на идните професионалци.

Во време кога младите таленти внимателно ги бираат своите први чекори, одговорните практикантски програми се повеќе од потреба – тие се стратешка предност.

Прочитај и за: Feedback културата – зошто годишните евалуации умираат.

Тагови: HR трендови пракса

Промовирани огласи »

Маж во Нигерија одбрал 1 година затвор наместо да врати 1,5 милиони наири

Што би направил ти?

Маж од Нигерија, Ојо Егоса Кингсли, бил уапсен откако потрошил околу 1,5 милијарди наира кои по грешка му биле префрлени на сметката од First Bank. Наместо да ја пријави грешката, тој започнал да ги користи средствата во периодот од јуни до ноември 2025 година, што подоцна довело до истрага и негово апсење во Бенин Сити.

Случајот бил преземен од Комисијата за економски и финансиски криминал (EFCC), која го изведе Кингсли пред Високиот суд во сојузната држава Едо. На 19 јануари 2026 година, обвиненијата му биле прочитани, а тој веднаш се изјаснил за виновен. Судот му понудил две опции: една година затвор или парична казна од 5 милиони наира, како и обврска да ги врати преостанатите 272.252.193,59 наира на банката.

Пред изрекувањето на пресудата, EFCC соопшти дека веќе биле повратени над 802 милиони наира, вклучувајќи средства префрлени на сметките на неговата мајка и сестра, додека банката успеала да поништи трансакции вредни над 300 милиони наира. Според судските документи, Кингсли изјавил дека повеќе би избрал една година затвор отколку да го врати преостанатиот износ.

Тагови: пари Нигерија First Bank измама

Промовирани огласи »

Дизелот поскапува - Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Се менуваат дел од цените на горивата.

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, додека цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Од 27.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 33,099 (денари/килограм) 

Со новата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1 денар за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Времето денес носи промени – еве што нè очекува

Пообилни врнежи во централните и источните делови

Денес времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поинтензивни, особено во централните и источните делови, каде локално ќе наврнат над 30 л/м². Повремено ќе има и појава на ретки грмежи, додека на планинските предели врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени дождови.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

4.2.2026 Среда   / 07:41   17:57
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























3

3

3

3

3

3

3

3

4

4

3

3

4

4

4

4

5

5

5

5
5.2.2026 Четврток   / 10° 07:40   17:59
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h














10°
10°
10°
10°







4

4

3

3

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

1

1

1

1

1

1

1
6.2.2026 Петок   / 07:39   18:00
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























1

1

2

1

1

1

2

1

1

2

2

2

3

3

3

2

2

2

2

3

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »