Промовирани огласи »

Тошковски откри до колку километри на час над дозволеното би се толерирале од „Сејф сити“

Министерот Панче Тошковски најави официјален старт на системот „Безбеден град“ на 1 февруари, условен од поддршка во Собранието, и откри колкаво пречекорување на брзината ќе се толерира според европските стандарди.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека системот за видео‑надзор „Безбеден град“ треба официјално да стартува на 1 февруари, но предупреди дека примената ќе се одложи доколку Собранието не ги усвои измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик. За првиот е потребно двотретинско мнозинство, а за вториот просто мнозинство, при што Тошковски апелираше до сите пратеници да ја препознаат, како што рече, сериозноста и „круцијалниот“ карактер на проектот чија основна цел е спасување човечки животи.

Тошковски откри дека со подзаконски акти ќе се утврди колкаво пречекорување на брзината ќе се толерира од системот „Безбеден град“, при што ќе се следат европските параметри кои варираат од три до десет километри на час над дозволеното. Тој најави и дека локациите на камерите ќе бидат јавно објавени, истакнувајќи дека намалувањето на брзината, а не казнувањето по секоја цена, е главната цел на системот. Паралелно, се ревидира и сообраќајната сигнализација, па на сите места каде ќе има камери за контрола на брзината ќе се прилагодат знаците согласно важечките сообраќајни проекти.

Во првите 15 дена од пробната примена во Скопје, според министерот, граѓаните веќе покажале поодговорно однесување во сообраќајот. На Клиниката за трауматологија, вели тој, бројот на пациенти задржани поради тешки телесни повреди е намален за околу 20 проценти, а вкупниот број на донесени пациенти е редуциран за 15 до 20 проценти. Тошковски увери дека техничките проблеми забележани во тест-периодот ќе бидат надминати до 1 февруари, доколку законските измени добијат зелено светло во Собранието.

Тагови: МВР Панче Тошковски Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Што носи денешната прогноза низ земјата

Прочитајте повеќе за денешната прогноза

Ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови, на одделни места се очекува појава на магла, додека во југоисточните региони ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје ќе има променлива облачност и мирно време, а во одредени делови од котлината наутро е можна појава на магла.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

19.12.2025 Петок   / 06:54   16:11
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























1

1

1

1

1

1
20.12.2025 Сабота   / 06:55   16:11
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

2

1

1

1

1

1

1

1

1
21.12.2025 Недела   / 06:55   16:12
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

























1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

2

1

1

1

1

1

1

1

1

Промовирани огласи »

Овие 3 града денес имаат најлош воздух во Македонија

Утрово највисоки концентрации на ПМ10 се мерат во Тетово, Велес и Струмица, додека неколку други градови се во зона на зголемено загадување.

Утрово мерните станици во Македонија покажуваат зголемени концентрации на ПМ10 честички, особено во западниот и централниот дел од земјата. Највисоки вредности се регистрирани во Тетово (111 μg/m³), Велес (106 μg/m³) и Струмица (95 μg/m³), што според официјалната легенда спаѓа во категоријата „многу висока“ концентрација, додека Битола и Кавадарци со по 79 μg/m³ се во зоната на „висока“ загаденост.

Во Скопје утрово се измерени 52 μg/m³, што значи дека главниот град се наоѓа над границата на нормално ниво, но под највисоките вредности во државата, додека во Гевгелија (61), Гостивар (60) и Кичево (55) исто така се бележат покачени концентрации. Пониски вредности се регистрирани во Охрид (39) и Куманово (27), а Лазарополе со само 2 μg/m³ останува меѓу местата со најдобар квалитет на воздух, додека стручните служби апелираат граѓаните во градовите со повисоки вредности да внимаваат на подолги активности на отворено во утринските часови.

Промовирани огласи »

Емоционалната интелигенција како клуч за современо лидерство – разговор со Наташа Ивановска

Кога емоционалната интелигенција станува најсилната лидерска алатка

Се приближуваме кон самиот крај на третата сезона на подкастот „На Каде Одиме?“, а оваа епизода ја одбележуваме со разговор кој отвора длабоки и суштински теми поврзани со лидерството, личниот развој и емоциите во современиот бизнис свет. Наш гостин е Наташа Ивановска основач и директор на INSIGHT GROUP, HR консултант, бизнис тренер и коуч, со богато искуство во работа со лидери, тимови и организации.

Во разговорот со Наташа се навраќаме на прашањето дали емоционалната интелигенција е нешто со кое се раѓаме или вештина што може свесно да се развива низ животот и кариерата. Таа отворено споделува лични и професионални искуства за емоционалните предизвици со кои се соочува како лидер, како изгледа носењето одлуки под притисок и на кој начин се справува со стресни ситуации во динамична деловна средина.

Посебен акцент ставаме на балансот помеѓу рационалноста и емпатијата – каде е границата, како да се одржи здрав однос меѓу резултатите и човечката страна на лидерството и што е навистина поважно денес: техничките или емоционалните вештини. Наташа споделува конкретни алатки и практични техники кои им помагаат на идните и сегашните лидери да ја развиваат својата емоционална интелигенција и да градат посилни, поодржливи тимови.

Разговорот се осврнува и на промените што ги носи дигиталната работа и функционирањето на хибридните тимови – како тие влијаат на комуникацијата, довербата и емоционалната поврзаност меѓу луѓето, и зошто лидерството денес бара повеќе свесност, флексибилност и разбирање од кога било досега.

Оваа епизода носи инспирација, реални примери и вредни сознанија за сите кои сакаат да работат на себе, да водат со интегритет и да разберат зошто емоциите не се слабост, туку клучна сила во современиот бизнис.

Тагови: интервју поткаст

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »