Промовирани огласи »

Од март ново процентуално покачување на платите во здравството

Според договорот со синдикатите, во март годинава ќе има уште едно зголемување на платите во јавното здравство

Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

Сакам да истакнам дека перцепцијата оти во јавниот сектор и во раководењето на јавниот сектор има некакво спротивставување на соодветно вреднување на работата. Да повторам дека во секторот здравство кумулативно платите во ноември 2024 и март 2025 се зголемија 17 проценти, диспропорционално многу повеќе со основно и со средно образование, кај лекарите помалку бидејќи зголемувањата беа линеарни. Кај матичните доктори капитациите се зголемија 33 отсто. Историско зголемување што беше направено за да се зголемат платите на докторите и на медицинските сестри вработени таму бидејќи ние цврсто веруваме дека работата треба соодветно да биде вреднувана - рече директорот на ФЗО на прес-конференцијата во Владата, на која заедно со министерот за дигитална трансформација промовираа четири нови електронски услуги на Фондот за граѓаните.

Тој потсети дека, според договорот со синдикатите, во март годинава ќе има уште едно зголемување на платите во јавното здравство.

Мислам дека барем платите за средномедицинскиот кадар, за медицинските сестри, се конкурентни на приватниот сектор. Мислам дека и во некои други сектори - образование, има постигнато договори за зголемување на платите, така што барем во мојот сектор можам со сигурност да кажам дека има силна поддршка натамошното зголемување на платите во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа. Тука остануваме посветени. Веќе може да најавам дека нема да биде еднакво зголемувањето во март за сите, туку ќе биде процентуално бидејќи платите меѓу понискиот кадар и докторите - коефициентот и разликата меѓу нив се намали, а сепак мора да бидат соодветно вреднувани и лекарите - појасни Клековски.

Во однос на констатираните наоди од спроведените контроли минатата година во јавни здравствени установи за директори и доктори што незаконски зеле повеќе пари од тоа што треба, а за кои било кажано дека ќе биде побарано да се вратат, дали ги вратиле и дали има и други менаџери што незаконски си ги зголемиле платите, рече дека досега нема поврат на пари од прекумерните исплати.

Во однос на извршените контроли, констатираните пречекорувања на надоместоците поврзани со работата, заклучно со 31 декември, ниедна јавна здравствена установа нема поврат на прекумерно исплатените надоместоци, плати. Ние немаме направено повторна контрола, меѓутоа знаеме дека нема направено поврат - одговори Клековски.

На дополнително прашањето што доколку не ги вратат парите, директорот на ФЗО беше дециден дека на повторените контроли ќе бидат изречени казни. 

Ние работиме и на дигитализација - тоа е внатрешно прашање на контролата на ФЗО, што е една од најважните функции на ФЗО. Со дигитализацијата таму сакаме да воспоставиме и критериуми, каде што честите казни ќе водат кон последици на нашиот севкупен однос со установата. Во овој момент казните кон јавни здравствени установи се симболични. Не дејствуваат образовно, едукативно - условно да кажам, не влијаат на спречување. Највисоката казна за здравствена установа е седумдесет и пет илјади денари. За установи што имаат милионски буџети, таа е безначајна. Го гледаме цел тој сегмент, не сакаме да казнуваме - тоа е последното нешто. Меѓутоа, сакаме да воспоставиме систем во кој оние што не ги кршат правилата и регулативите, треба да бидат наградени, поттикнати, со понатамошни подобрувања - додаде директорот на ФЗО, Сашко Клековски. 

Тагови: плата Фонд за здравствено осигурување (ФЗО)

Промовирани огласи »

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во кој приоритет имаат инвестициите за сајбер безбедност, назначување на офицер за сајбер безбедност – се дел од сетот на мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги имплементираат клучните енергетски компании со цел зголемување на отпорноста од сајбер напади.

Целта на овие мерки е зголемување на отпорноста на енергетскиот систем на сајбер напади, заштита на критичната инфраструктура и обезбедување континуирано и сигурно снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството.

Анализите покажаа дека до 2024 години ниту една компанија немаше имплементирано ниту еден стандард за сајбер безбедност. Некои имаа воспоставено локални политики во оваа сфера, процедури, но тоа не беше доволно за да се следи и паралелно да се надоградува безбедносниот сајбер обрач. Во овој момент две енергетски компании го имплементираа меѓународниот ИСО стандард (систем за управување со безбедноста на информациите), додека три компании се во финална фаза на имплементација. Факт е дека кај приватните компании имплементацијата е полесна, затоа што не се обврзани да распишуваат тендери како јавните претпријатија, посочи Апостолчо Рамов, раководител на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ кој беше учесник на 3 Конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора.

Со законските измени во 2023 година, РКЕ стана пионер во регионот во воспоставување на правила за сајбер безбедноста, посочи Рамов кој најави дека регулаторната дигитализација ќе продолжи, а следен чекор е воведување на паметни броила.

Законот е на сила, а операторите на пренос и дистрибуција треба да направат анализа за воведување на паметни мерни системи (smart meters). Целта е секој граѓанин сам, преку свој мобилен уред или он-лaјн да следи како оди потрошувачката. Во овој момент се прави техничка анализа. Дигитализацијата ќе ја зголеми довербата – ќе нема повеќе дилеми дали е сметката реална или претпоставена, посочи Апостолчо Рамов, раководител на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ.

Со цел да се намалат ризиците од нарушување на континуирано снабдување со електрична енергија РКЕ уште во 2023 година во соработка со НАРУК (National Association of Regulatory Utility Commissioners) и УСАИД донесе Правила за сајбер-безбедност. Со нив, за првпат системски се уредуваат обврските на енергетските субјекти во однос на заштитата на мрежите, информациските и оперативните технологии. Во периодот што претстои овие правила ќе бидат усогласени и со новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи што е предуслов за стабилен, сигурен и модерен енергетски систем.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) сметки за струја

Промовирани огласи »

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски извести дека постапката за овие документи е целосно дигитализирана.

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат воопшто да се појават на шалтер на Управата за водење матични книги. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски извести дека постапката за овие документи е целосно дигитализирана.

Што се однесува до услугите од Управата за водење матични книги од денес и тие се целосно мигрирани на националниот портал uslugi.gov.mk што ќе го забрза нивното користење и се целосно дигитални, за разлика од претходно. Тоа значи дека извод од матична книга на родени, од матична книга на венчани, умрени и новата услуга потврда за слободна брачна состојба од денеска се целосно достапни на порталот и со неколку клика граѓаните можат да ги добијат и тие услуги. Тоа ќе значи поголема ефикасност на Управата за водење матични книги и поголема контрола од нас како ресорно Министерство на темпото на издавање на овие документи, рече министерот Андоновски.

Тој заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денес промовираше четири нови услуги на порталот uslugi.gov.mk. За правните лица, за првпат е овозможена електронска услуга за издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување, целосно дигитална и достапна во секое време. Физичките лица, пак, електорнски можат да извадат потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес и  потврда за надоместок на плата за време на привремена спреченост од работа.

Тагови: Фонд за здравствено осигурување (ФЗО) извод матични книги

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Тетово!

Најновите огласи за работа во Тетово!

Барате работа во Тетово? Проверете ги најновите огласи за вработување и најдете ја идеалната можност за вашиот кариерен напредок! Без разлика дали сте искусен професионалец или почетник кој бара прва работа, тука ќе најдете огласи што одговараат на вашите потреби и квалификации.

Придружете се на успешни компании и започнете ново поглавје во вашата кариера. Не чекајте! Аплицирајте веднаш и осигурете си посветла иднина.

Маркетинг агенти - Тетово
Школа за крупие
Рецепционер/ки - Тетово
Оператори/ки - Тетово
Product & Curriculum Development Specialist

Прочитајте и за: Огласи за работа во Охрид!

Се уште сте во потрага по идеалното работно место?! Проверете ги сите останати огласи и аплицирајте ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »