Промовирани огласи »

Уште еден нов граничен систем доаѓа во 2026 година: 20 евра за влез во ЕУ

Дозволата за патување ETIAS ќе биде услов за влез за државјани ослободени од виза кои патуваат во која било од 30-те европски земји

Во 2026 година, ќе стапи на сила уште еден нов систем за влез во Европската Унија - ETIAS.

Во октомври 2025 година започна постепената имплементација на системот за влез и излез ( EES ) , а по неговата целосна имплементација ќе следи новиот систем ETIAS .

Системот за електронска и безбедносна работа (ЕЕС) сè уште не функционира на сите гранични премини, но се очекува негова целосна имплементација на 10 април 2026 година.

По воспоставувањето на EES на сите гранични премини, ќе следи системот ETIAS , што ќе подразбира издавање на патна дозвола што ќе биде задолжителна за влез во земјите од Европската Унија .

Што е ЕТИАС?

Дозволата за патување ETIAS ќе биде услов за влез за државјани ослободени од виза кои патуваат во која било од 30-те европски земји.

Ќе биде поврзан со пасошот на патникот и ќе важи до три години или до истекот на пасошот - што и да се случи прво. Доколку добиете нов пасош, мора да добиете и нова дозвола за патување ETIAS.

20 евра за влез во ЕУ

Издавањето дозвола за ETIAS ќе чини 20 евра . Таксата нема да се наплаќа сè додека ETIAS не почне да работи, што, според официјалните податоци, е планирано за последниот квартал од 2026 година .

Сепак, тоа не гарантира влез. Кога ќе пристигнете, граничниот службеник ќе ве замоли да го покажете вашиот пасош и други документи и ќе провери дали ги исполнувате условите за влез.

Аплицирање за дозвола од ETIAS

Апликацијата за ETIAS најверојатно ќе биде пополнета преку официјалната веб-страница на ETIAS или преку мобилната апликација ETIAS. Аплицирањето за овластување за патување преку ETIAS ќе чини 20 евра, а некои патници ќе бидат ослободени од оваа такса. 

За време на целиот ваш престој во европските земји каде што е потребен ETIAS, мора да имате важечка дозвола за патување ETIAS.

Тагови: ETIAS ЕУ

Промовирани огласи »

Quiet quitting: аларм што HR професионалците не смеат да го игнорираат

Тивок проблем со гласни последици: Зошто добрите вработени престануваат да се трудат?

Тивкото откажување („quiet quitting“) не значи дека вработените навистина си заминуваат од работа. Тие остануваат физички присутни, но ментално се повлекуваат. Го работат само она што формално се очекува од нив – без дополнителен ангажман, иницијатива или емоционална поврзаност со компанијата. За HR, ова не е тренд од социјалните мрежи, туку јасен аларм дека нешто сериозно не функционира во организацијата.

Како изгледа тивкото откажување?

Вработените кои „тивко се откажуваат“:

  • Повеќе не предлагаат идеи,
  • Нзбегнуваат одговорности надвор од описот на работното место,
  • Ретко се вклучуваат во тимски активности,
  • Не гледаат иднина во компанијата, но и не си заминуваат.

Ова однесување често е последица на долготраен замор, чувство дека трудот не е вреднуван или дека нема простор за раст.

Зошто се случува?

Најчестите причини зад тивкото откажување се:

  • Хроничен burnout,
  • Недостиг на признание и фидбек,
  • Нејасни очекувања и цели,
  • Лош менаџмент или микроменаџмент,
  • Недостаток на баланс помеѓу работа и приватен живот.

Кога овие фактори се игнорираат, вработените избираат „емотивна дистанца“ како начин на заштита.

Зошто HR мора да реагира навреме?

Тивкото откажување е опасно затоа што е тивко – нема драма, нема откази, но продуктивноста опаѓа, културата се разградува, а тимовите губат мотивација. Уште полошо, ваквото однесување може да стане „нормално“ и да се прошири низ организацијата.

Што може да направи HR?

Решението не е во притисок, туку во дијалог. HR може:

  • Да воведе редовни one-on-one разговори,
  • Да слуша, а не само да мери перформанси,
  • Да создаде јасни патеки за развој,
  • Да ги обучи менаџерите за емпатично лидерство,
  • Да ја стави благосостојбата на вработените како приоритет, не како бенефит.

Од аларм до можност

Тивкото откажување не мора да значи загуба. Напротив, тоа може да биде можност за ресетирање на односот помеѓу компанијата и вработените. Организациите што ќе го препознаат сигналот навреме и ќе реагираат со искреност и грижа, ќе изградат посилни, поангажирани тимови.

Тивкото откажување не е проблем на вработените – тоа е одраз на системот во кој работат. HR има клучна улога да го препознае овој аларм и да го претвори во акција. Затоа што ангажираноста не се бара – таа се гради.

Прозитај и за: Задржување на млади кадри: каде компаниите најчесто грешат

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Вработување во Народна банка на Република Северна Македонија, Клиничка болница Жан Митрев и А1 Македонија!

Огласи за работа во Народна банка на Република Северна Македонија, Клиничка болница Жан Митрев и А1 Македонија!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Хотелот Мериот е луксузен хотел на плоштадот Македонија кој нуди традиција и искуство кое ќе го направат вашиот ден незаборавен.

Моментално вработува:

COOK - SUSHI CHEF / СУШИ ШЕФ
СОБАР - КА / HOTEL CLEANLINESS EXPERT
EXECUTIVE HOUSEKEEPER I / ГЛАВЕН СУПЕРВИЗОР НА СОБАРКИ
ГОТВАЧ-КА / COOK
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР / МЕХАНИЧАР/ MAINTENANCE
РЕЦЕПЦИОНЕР/ GUEST EXPERIENCE EXPERT

Народна банка на Република Северна Македонија е централна банка и следствено единствена емисиона банка во Република Северна Македонија. Нејзина основна цел е одржување на ценовната стабилност.

Моментално вработува:

ИЗВРШИТЕЛИ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ
ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАНТ (БЕЗ ЛИЦЕНЦА)

КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ

МАСТЕР ДАТА СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ

Клиничката болница Жан Митрев, на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје.

Моментално вработува:

ХИГИЕНИЧАР/КА
ДОКТОР НА МЕДИЦИНА - СТРУМИЦА

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – КАВАДАРЦИ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - КИСЕЛА ВОДА

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ЗА ПРОИЗВОДНО ИНЖЕНЕРСТВО

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР

Алма-М е силна и современо организирана дистрибутивна компанија со над 30 години искуство, со силен логистички капацитет, технолошка поддршка, богат асортиман и национално и регионално присуство. Со јасна стратегија кон раст, дигитализација и поддршка на човечкиот капитал, таа останува еден од столбовите во FMCG секторот во Македонија и регионот.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) ВО ОХРИД
МЕНАЏЕР НА ПРАВНА СЛУЖБА
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) ВО ТЕТОВО

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Рачната изработка како одржлив бизнис: визијата на Изабела Соколовска

Кога минатото и иднината соработуваат

Која е Изабела?

Изабела е социјален претприемач и креативец, но пред сè човек кој длабоко верува во рачната работа и во луѓето што стојат зад неа. Јас сум основач на „Еснаф“, првата концептуална платформа во Македонија која на системски начин работи со занаетчии и лица од ранливи категории, со цел тие да добијат реална можност за економска независност и достоинствен живот од својот труд.

За мене, рачната работа никогаш не била хоби или нешто споредно. Таа е професија, знаење што се гради со години и труд што заслужува почит и фер вреднување. Истото важи и за традицијата, не ја гледам како нешто што треба да остане во минатото, туку како жив ресурс со огромен потенцијал за иднината, доколку ѝ се пристапи со внимание и современ поглед.

Мојата работа е природен спој на култура, бизнис и општествена одговорност. Преку „Еснаф“ се обидувам да создадам простор каде што луѓето можат да растат, да учат, да заработуваат и да се чувствуваат ценети. Тоа и не е само работа, тоа е начин на размислување и начин на живот.

Раскажете ни малку повеќе за себе и како започна вашата професионална приказна

Мојата приказна започна многу рано, уште од детството, преку плетење, везење и ткаење. Создавањето отсекогаш било дел од мојот живот. Подоцна во текот на животот, во целиот тој процес на создавање, од прва рака ги почувствував проблемите со кои се соочуваат
занаетчиите: немање пласман, несоодветно вреднување на трудот и целосен недостаток на системска поддршка.

Кога го отворив „Еснаф“ во 2019 година, немаше сличен модел. Не отвoрав само продавница, градев цел екосистем од нула. Повеќе од една година вложував во учење: посетував бројни работилници и семинари за социјално претприемништво, организирани од организации како „Лице в лице“, „Хуманост“ и други, и имав ментор кој ми помогна да ја разберам суштината на бизнисот. Тогаш научив една клучна лекција: едно е да создаваш, а сосема друго е да изградиш одржлив бизнис што носи одговорност и кон луѓето.

Што ве мотивираше да им дадете глас на занаетчиите и како се роди идејата за „Еснаф“?

Еснаф не се роди како проект со почеток и крај, туку како лична мисија. Тоа што ме мотивира е фактот дека занаетчиите имаат огромно знаење, вештина и вредност, но нивниот глас ретко се слуша и уште поретко е соодветно вреднуван. Како некој што пораснал со рачна работа и самиот создава, многу јасно ги гледав тие празнини, недостигот од пласман и системска поддршка.

Идејата за „Еснаф“ се роди од потребата сите тие поединечни гласови да не бидат расфрлани и осамени, туку обединети под еден заеднички бренд. „Еснаф“ е тој заеднички глас, нашиот прв македонски бренд, идентитет под кој занаетчиите можат заедно да настапат, да се поддржуваат и да бидат препознаени како професионалци, а не како маргинална сцена.

Мојата мотивација доаѓа од верувањето дека рачната работа заслужува почит, а занаетчиите заслужуваат простор каде што нивниот труд ќе биде видлив, фер вреднуван и долгорочно одржлив. „Еснаф“ е резултат на таа посветеност, не како проект, туку како континуирана мисија што расте заедно со луѓето што ја создаваат.

Кога работиш нешто од срце, поинаку ги доживуваш неправилностите.

Мотивацијата произлезе од неправдата што постојано ја гледав, луѓе со огромно знаење и вештини, а без глас, без пристап до пазар. „Еснаф“ се роди како одговор на тие реални потреби.

Сакав да создадам простор каде што ракотворството нема да биде евтино компромисно решение, туку вредност што се почитува. Простор каде што зад секој производ стои човек, а не анонимна фабрика.

Кои се најчестите предизвици што ги среќавате кога работите со мали занаетчиски бизниси?

Предизвиците се многубројни и постојани, особено затоа што „Еснаф“ од самиот почеток беше изграден како целосно нов и уникатен модел на пазарот. Кога го отворивме во 2019 година, немаше друг простор што истовремено функционираше како продавница, платформа за занаетчии и социјално претпријатие. Сè мораше да се гради од почеток.

Еден од предизвиците како да ги вклучиме сите лица кои творат и се уште не се во можност да се регистрираат. „Еснаф“ е легален и структуриран начин за пласман, со договори, јасни правила и бренд кој стои зад секој производ. Во средина каде што голем дел од рачната изработка се продава во сивата економија, свесно избравме потежок, но исправен пат. Тоа значеше многу едукација: за цени, реална вредност на трудот, бизнис структура, даночни обврски и одговорност кон крајниот купувач.

Паралелно со тоа, работевме и на едукација на публиката, да се разбере зошто рачната изработка има повисока цена, зошто не може да се споредува со масовно произведени увозни производи и која е разликата помеѓу занает и индустрија.

Дополнителен предизвик беше и инклузијата на лица од ранливи категории. Иако нивните производи се подеднакво квалитетни и вредни, често се случуваше купувачите да се повлечат откако ќе дознаат кој стои зад изработката. Токму затоа беше важно „Еснаф“ како бренд да стои цврсто зад секој производ, без етикетирање, без сожалување, туку со професионален пристап и еднакви стандарди за сите.

На сето ова се надоврза и пандемијата, само три месеци по отворањето. COVID-19 нè принуди брзо да се адаптираме, да го развиеме онлајн присуството и да го преиспитаме начинот на функционирање, без да се откажеме од вредностите.

Сите овие предизвици сè уште постојат, но денес ги гледам како дел од растот. „Еснаф“ постојано се менуваше, локации, концепт, пристап,  со една цел: да биде одржлив, чесен и силен модел што расте заедно со занаетчиите, а не на нивна сметка.

Дали можете да споделите пример на проект што најмногу ве инспирирал и зошто?

Еден од најемотивните и најпотврдувачки моменти беше кога ги отворивме ширум вратите на продавничката. Тоа не беше само физичко отворање простор, туку отворање кон светот. Приказните што се развија потоа – средбите со луѓе, реакциите на посетителите, моментот кога покажавме дека сме вредни изработувачи и колку многу знаеме и можеме да создадеме – беа силна потврда дека сме на вистинскиот пат.

Посебно значаен е и просторот во Македонско село, каде секојдневно ја претставуваме македонската култура и традиција пред посетители од земјата и од светот. Тоа не е само продажба – тоа е културна размена.

Како гледате на улогата на заедницата и соработката меѓу занаетчиите и пошироката публика?

За мене, заедницата е суштината на „Еснаф“. Занаетчиството никогаш не било индивидуален чин, тоа отсекогаш се пренесувало преку луѓе, семејства, мајстори и ученици. Затоа и називот е Еснаф , а малата точка над буквата н во логото претставува човек, креатор

Денес, под брендот „Еснаф“ се обединети различни генерации и искуства: од нови, млади креативци кои допрва влегуваат на пазарот, сè уште не се регистрирани и учат на мали, сигурни чекори, до мајстори кои со децении ја одржуваат и ја пренесуваат традицијата жива.

Токму затоа „Еснаф“ постои како заеднички дом, простор каде што почетниците добиваат поддршка, насока и видливост, а искусните мајстори добиваат признание, континуитет и почит за својот долгогодишен труд. Оваа разноликост е нашата сила, затоа што овозможува знаењето да се пренесува, а традицијата да не згасне, туку да се развива.

Соработката со пошироката публика е подеднакво важна. Посетителите и купувачите не се само консументи, туку активен дел од приказната, тие преку изборот да купат рачно изработен производ директно поддржуваат човек, вештина и наследство. Со тоа се гради свесна публика која разбира зошто рачната работа има вредност и зошто нејзината поддршка е важна.

Фактот што „Еснаф“ е заштитена трговска марка дополнително ја зацврстува оваа доверба. Тоа е гаранција за квалитет, автентичност и долгорочна посветеност, знак дека зад секој производ стои проверен труд, почит кон занаетот и јасни вредности. „Еснаф“ не е само бренд, туку заедница што обединува, едуцира и создава мост меѓу минатото, сегашноста и иднината на занаетчиството.

Што мислите дека е клучно за да се пренесе вистинската вредност на рачната изработка до потрошувачите?

Клучот е во раскажувањето на приказната, транспарентно, искрено и без романтизирање. Луѓето треба да знаат колку време, знаење и труд се вложени во еден производ. Да ја разберат разликата меѓу „рачно изработено“ и „рачно доработено“.

Едукацијата и континуираната комуникација се неопходни за да се изгради почит кон рачната работа.

Како влијаеше вашето лично искуство и вредности врз начинот на кој ги раскажувате бизнис приказните?

Моето лично искуство силно го обликува начинот на кој ги раскажувам бизнис приказните, затоа што доаѓам од светот на создавањето, а не од класичниот бизнис. Учество на модни настани, особено искуството во Сараево – како дел од fashion weekend, со модна ревија и изложби каде настапував како дизајнер и креатор – ми покажа колку е важно зад секој производ да стои јасна приказна, емоција и контекст.

Таму сфатив дека публиката не се поврзува само со формата или естетиката, туку со значењето, процесот и вредностите што стојат зад едно дело. Тоа искуство ми помогна да развијам искрена желба за раскажување приказни што се искрени и човечки, а не наметнати или маркетиншки празни.

Моите вредности, почит кон рачната работа, времето вложено во создавањето и луѓето што стојат зад секое дело директно се пренесуваат во начинот на кој го градам „Еснаф“. Бизнис приказните што ги раскажуваме не се за бројки и трендови, туку за луѓе, животни приказни. Верувам дека токму таа автентичност создава доверба и долгорочна врска со публиката.

Што би им порачале на сите оние што размислуваат да започнат своја приказна или бизнис?

Би им порачала да си дадат време и простор да учат и да се прилагодуваат. Ништо вредно не се гради преку ноќ, а „полека“ многу често е најбрзиот начин да стигнете таму каде што сакате. Важно е да верувате во она што го правите, дури и кога патот не е јасен од самиот почеток.

Не мора да имате одговори на сите прашања однапред, многу од нив ќе ги откриете додека одите. Патот се гради со обиди, грешки, корекции и учење. Секоја лекција, без разлика дали е добра или тешка, носи знаење што ве прави посилни и посвесни.

Најважно е да останете доследни на себе и на вредностите што ве водат. Кога имате јасна причина зошто нешто го правите, начините како да го направите ќе се појавуваат со текот на времето.

Тагови: изработки Еснаф занаетчии

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »