Промовирани огласи »

Зошто луѓето сè почесто ја избираат тишината наместо гужвата

Тишината станува новиот луксуз во свет полн со гужва

Сè повеќе луѓе денес свесно ја избираат тишината наместо гужвата, како одговор на постојаниот шум што нè опкружува – информации, нотификации, обврски и очекувања. Во свет каде што сè е брзо и гласно, тишината станува редок простор за одмор и враќање кон себе. Таа не значи осаменост, туку потреба за пауза и баланс.

Гужвата, и физичка и ментална, често носи замор и чувство на преоптовареност. Луѓето сè почесто сфаќаат дека постојаната социјална и дигитална присутност не мора да значи поврзаност, туку може да создаде притисок и анксиозност. Тишината, пак нуди можност за јасност, фокус и подобро разбирање на сопствените мисли и емоции.

Изборот на тишина е и знак на зреење и свесност. Тоа е начин да се постават лични граници и да се заштити менталното здравје во свет што ретко застанува. Наместо бегање од луѓето, овој избор често значи приближување кон себе – кон мир, присутност и подлабоко доживување на секојдневието.

Тагови: ментално здравје навики мир гужва

Промовирани огласи »

Уште еден нов граничен систем доаѓа во 2026 година: 20 евра за влез во ЕУ

Дозволата за патување ETIAS ќе биде услов за влез за државјани ослободени од виза кои патуваат во која било од 30-те европски земји

Во 2026 година, ќе стапи на сила уште еден нов систем за влез во Европската Унија - ETIAS.

Во октомври 2025 година започна постепената имплементација на системот за влез и излез ( EES ) , а по неговата целосна имплементација ќе следи новиот систем ETIAS .

Системот за електронска и безбедносна работа (ЕЕС) сè уште не функционира на сите гранични премини, но се очекува негова целосна имплементација на 10 април 2026 година.

По воспоставувањето на EES на сите гранични премини, ќе следи системот ETIAS , што ќе подразбира издавање на патна дозвола што ќе биде задолжителна за влез во земјите од Европската Унија .

Што е ЕТИАС?

Дозволата за патување ETIAS ќе биде услов за влез за државјани ослободени од виза кои патуваат во која било од 30-те европски земји.

Ќе биде поврзан со пасошот на патникот и ќе важи до три години или до истекот на пасошот - што и да се случи прво. Доколку добиете нов пасош, мора да добиете и нова дозвола за патување ETIAS.

20 евра за влез во ЕУ

Издавањето дозвола за ETIAS ќе чини 20 евра . Таксата нема да се наплаќа сè додека ETIAS не почне да работи, што, според официјалните податоци, е планирано за последниот квартал од 2026 година .

Сепак, тоа не гарантира влез. Кога ќе пристигнете, граничниот службеник ќе ве замоли да го покажете вашиот пасош и други документи и ќе провери дали ги исполнувате условите за влез.

Аплицирање за дозвола од ETIAS

Апликацијата за ETIAS најверојатно ќе биде пополнета преку официјалната веб-страница на ETIAS или преку мобилната апликација ETIAS. Аплицирањето за овластување за патување преку ETIAS ќе чини 20 евра, а некои патници ќе бидат ослободени од оваа такса. 

За време на целиот ваш престој во европските земји каде што е потребен ETIAS, мора да имате важечка дозвола за патување ETIAS.

Тагови: ETIAS ЕУ

Промовирани огласи »

Quiet quitting: аларм што HR професионалците не смеат да го игнорираат

Тивок проблем со гласни последици: Зошто добрите вработени престануваат да се трудат?

Тивкото откажување („quiet quitting“) не значи дека вработените навистина си заминуваат од работа. Тие остануваат физички присутни, но ментално се повлекуваат. Го работат само она што формално се очекува од нив – без дополнителен ангажман, иницијатива или емоционална поврзаност со компанијата. За HR, ова не е тренд од социјалните мрежи, туку јасен аларм дека нешто сериозно не функционира во организацијата.

Како изгледа тивкото откажување?

Вработените кои „тивко се откажуваат“:

  • Повеќе не предлагаат идеи,
  • Нзбегнуваат одговорности надвор од описот на работното место,
  • Ретко се вклучуваат во тимски активности,
  • Не гледаат иднина во компанијата, но и не си заминуваат.

Ова однесување често е последица на долготраен замор, чувство дека трудот не е вреднуван или дека нема простор за раст.

Зошто се случува?

Најчестите причини зад тивкото откажување се:

  • Хроничен burnout,
  • Недостиг на признание и фидбек,
  • Нејасни очекувања и цели,
  • Лош менаџмент или микроменаџмент,
  • Недостаток на баланс помеѓу работа и приватен живот.

Кога овие фактори се игнорираат, вработените избираат „емотивна дистанца“ како начин на заштита.

Зошто HR мора да реагира навреме?

Тивкото откажување е опасно затоа што е тивко – нема драма, нема откази, но продуктивноста опаѓа, културата се разградува, а тимовите губат мотивација. Уште полошо, ваквото однесување може да стане „нормално“ и да се прошири низ организацијата.

Што може да направи HR?

Решението не е во притисок, туку во дијалог. HR може:

  • Да воведе редовни one-on-one разговори,
  • Да слуша, а не само да мери перформанси,
  • Да создаде јасни патеки за развој,
  • Да ги обучи менаџерите за емпатично лидерство,
  • Да ја стави благосостојбата на вработените како приоритет, не како бенефит.

Од аларм до можност

Тивкото откажување не мора да значи загуба. Напротив, тоа може да биде можност за ресетирање на односот помеѓу компанијата и вработените. Организациите што ќе го препознаат сигналот навреме и ќе реагираат со искреност и грижа, ќе изградат посилни, поангажирани тимови.

Тивкото откажување не е проблем на вработените – тоа е одраз на системот во кој работат. HR има клучна улога да го препознае овој аларм и да го претвори во акција. Затоа што ангажираноста не се бара – таа се гради.

Прозитај и за: Задржување на млади кадри: каде компаниите најчесто грешат

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Вработување во Народна банка на Република Северна Македонија, Клиничка болница Жан Митрев и А1 Македонија!

Огласи за работа во Народна банка на Република Северна Македонија, Клиничка болница Жан Митрев и А1 Македонија!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Хотелот Мериот е луксузен хотел на плоштадот Македонија кој нуди традиција и искуство кое ќе го направат вашиот ден незаборавен.

Моментално вработува:

COOK - SUSHI CHEF / СУШИ ШЕФ
СОБАР - КА / HOTEL CLEANLINESS EXPERT
EXECUTIVE HOUSEKEEPER I / ГЛАВЕН СУПЕРВИЗОР НА СОБАРКИ
ГОТВАЧ-КА / COOK
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР / МЕХАНИЧАР/ MAINTENANCE
РЕЦЕПЦИОНЕР/ GUEST EXPERIENCE EXPERT

Народна банка на Република Северна Македонија е централна банка и следствено единствена емисиона банка во Република Северна Македонија. Нејзина основна цел е одржување на ценовната стабилност.

Моментално вработува:

ИЗВРШИТЕЛИ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ
ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАНТ (БЕЗ ЛИЦЕНЦА)

КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ

МАСТЕР ДАТА СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ

Клиничката болница Жан Митрев, на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје.

Моментално вработува:

ХИГИЕНИЧАР/КА
ДОКТОР НА МЕДИЦИНА - СТРУМИЦА

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – КАВАДАРЦИ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - КИСЕЛА ВОДА

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ЗА ПРОИЗВОДНО ИНЖЕНЕРСТВО

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР

Алма-М е силна и современо организирана дистрибутивна компанија со над 30 години искуство, со силен логистички капацитет, технолошка поддршка, богат асортиман и национално и регионално присуство. Со јасна стратегија кон раст, дигитализација и поддршка на човечкиот капитал, таа останува еден од столбовите во FMCG секторот во Македонија и регионот.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) ВО ОХРИД
МЕНАЏЕР НА ПРАВНА СЛУЖБА
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) ВО ТЕТОВО

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »