Промовирани огласи »

Ова се црните точки на загадувањето денес!

Попладневните мерења покажуваат повисоки концентрации на ПМ10 честички во неколку македонски градови, со Тетово и Велес на врвот на листата.

Попладневните мерења на ПМ10 честички во Македонија покажуваат дека највисоки вредности денес се забележани во Тетово со 111 µg/m³ и во Велес со 106 µg/m³, што спаѓа во категоријата „многу висока“ концентрација, додека Струмица бележи 95 µg/m³, на границата меѓу „висока“ и „многу висока“ загаденост. Битола и Кавадарци имаат по 79 µg/m³, Гевгелија 61, Гостивар 60, Кичево 55, додека во Скопје се измерени 52 µg/m³, што укажува на покачено ниво во однос на нормалните вредности.

Во останатите градови состојбата е поумерена: Охрид има 39 µg/m³, Куманово 27 µg/m³, а Лазарополе само 2 µg/m³, што спаѓа во категорија на многу ниска концентрација на ПМ10 честички. Според легендата за квалитет на воздухот, до 25 µg/m³ се смета за многу ниско ниво, до 50 за нормално, до 90 за високо, до 180 за многу високо, додека над 180 µg/m³ укажува на екстремно висока концентрација.

Промовирани огласи »

Вработување во Рамстор!

Најнови огласи за работа во Рамстор!

Рамстор Македонија е ланец од 26 маркети и еден онлајн маркет „Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени.

Моментално вработува:

Продажен персонал
Прием на производи
Специјалист за сметководство и финансии
Продавач на месарница, деликатес и рибарница - City Mall
Асистент за координација и контрола на Трговски центар

Останатите отворени работни позиции од Рамстор можете да ги најдете ТУКА.

Доколку сте се уште во потрага по идеалната работна позиција, сите останати работни места можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Дту Рамсторе Доо

Промовирани огласи »

Од 1 јануари тест фаза на е-фактура, ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова.

Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. 

Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам,  рече дека е избран модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција со нивните системи, како и дека се спроведуваат мерки кои ќе овозможат максимално да се минимизираат ризиците.

Според неа, со оваа реформа ќе се подобри управувањето со јавните финансии, ќе се подобри даночната усогласеност, брзо и лесно ќе се детектираат несоодтевните одлуки на влезен ДДВ, несодветно декларирани расходи кои не се признаваат за стопанската дејост,  ќе се намали сивата економија, ќе има поефикасна даночна контрола,... 

Како што рече Петрова, е-фактура е меѓу најзначајните дигитални реформи на УЈП и за целата бизнис заедница, а се спроведува многу внимателно за да се обезбеди подготвеност на економските оператори кои ќе бидат корисници на новиот систем. 

Петрова соопшти дека активностите почнале на 1 јули годинава и оти завршена е набавката на современата ИТ опрема која треба да обезбеди стабилна инфраструктура.

Се наоѓаме пред клучна фаза, целосно сме фокусирани на стартот на пилот имплементацијата од 1 јануари 2026 година. Тогаш ќе го објавимекомуникацискиот механизам  кој треба да обезбеди автоматска и безбеда размена на податоците меѓу системите на компаните и системот за е- фактура. Же биде поставена техничката документација, врз основа на која компаните ќе можат да почнат да ги прилагодуваат своите софтвери, да ја спроведат техничката интеграција и да започат со тестирање на испраќање и издавање фактури во контролирана тест околина. Оваа фаза  ќе биде наменета за ИТ компании и тимови кои работат на развој и одржување на фактурирачки и слични системи, како и економски оператори кои имаат свои ИТ решенија. До крај на првиот квартал 2026 година ќе бидат објавени и клиентската и веб апликацијата кои ќе бидат наменети за помалите компани кои немаат сопствени фактурирачки системи а до крајот на  вториот кваратл ќже биде поставен продукциоскиот сервер. Планирано е до крај на третиот квартал да заврши тестирањето и да почне имплементацијата, информира Петрова.

Фазите за задолжителна имплементација се уште не се утврдени но најави дека и тоа ќе биде направено во најскоро, откако ќе се видат резултатите од почетното тестирање, во поглед на димензионираноста и дизајнот.

Појаснувајќи ги функционалностите рече дека е избран модел на централизиран државен систем со кој ќе комуницираат компаниите.

Комуникацијата и доаѓањето на податоците ќе биде во реално време бидејќи преку тој систем ќе се врши издавањето на фактурите.  Овој модел е најблиску до ОЕЦД концептот - Даночна администрација 3.0., кој се однесува на висока интеграција  на системите на даночната администрација со системите на компаниите и други страни и создавање на интероперабилен даноче систем. Карактеристично за овој модел е и тоа што со Министерството за финансии се договоривме во овој систем покрај фактурите да поминуваат и да се издаваат и пропратните документи како испратници, приемници, времени ситации, итн, ... со што системот ќе обебдди целсона документирана деловна трага за еден деловен настан. Се прави со цел да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, рече Петрова.

Најважните предизвици се однесуваат на обезбедување систем кој, како што појасни, ќе биде соодветно димензиониран и ќе има содветна брзина во функционирањето. Се работи и на заштита на податоците, автентичноста на фактурата, да нема можности за промени, заштитата од разни напади, блокирања на системот,...

На отворањето на конференцијата, беше порачано дека дигитализицијата го зајакнува владеењето на правото, го стеснува просторот за корупција и обезбедува транспарентни и унифицирани услуги достапни до сите граѓани. 

Славе Пројковски, член на одборот на директори на АмЧам истакна дека дигитализацијата бара фокус на луѓето и нивните вештини и оти е потребна заедничка работа на јавниот и приватниот сектор.  За исполнување на поставените цели неопходно е јакнење на рамката за сајбер бездност, што, посочи, е национална потреба затоа што секој нов систем, секој нов процес, секое ново поврзување мора да биде безбедно. 

Дигитализицијата на државните сервиси мора да се одвива во соработка со приватниот сектор. Прогресот зависи од една работа-работење  заедно. Ни треба силно партнерство. Владата да го притиска приватниот сектор за иновации, а приватниот сектор да ја притиска Владата за модернизирање. Кога двете страни ќе ги здружат силите прогресот ќе биде побрз и одржлив. Луѓето се во центарот на трансформацијата. Мора да инвестираме во дигитални вештини на секое ниво, да им помогнеме на институциите да  креираат и да понудат нови системи, на компаниите да ги дигитализираат нивните процеси, а граѓаните да се чувствуваат безбедно кога ги користат, рече Пројковски.

Конференцијата  продолжува со панел „Од интероперабилност до институционална отпорност“,  за искористување на потенцијалот на поврзаните податоци, по што се одржат и панелите „Дигитализација и сајбер безбедност во енергетскиот сектор“, „Забрзување на дигиталната трансформација во финансискиот сектор“ и „Финансирање на дигитализацијата“. 

Тагови: дигитализација УЈП е-фактура

Промовирани огласи »

Стратегии што ви помагаат побрзо да стигнете до интервју

Сакаш работа побрзо? Ова се чекорите што ги прескокнуваш!

Во динамичниот пазар на труд, брзината често е пресудна. За да се истакнете меѓу десетици кандидати и да стигнете побрзо до интервју, потребно е да имате јасна стратегија не само добра апликација. Еве неколку ефикасни чекори што навистина прават разлика:

1. Прилагодете го CV-то за секоја позиција

Едно CV за сите апликации одамна не функционира. Истакнете ги вештините и искуството што се најрелевантни за конкретната улога. Работодавачите препознаваат кога кандидатот вложил труд и има фокус.

2. Напишете јасно и ефективно мотивациско писмо

Нема потреба од долги параграфи – важно е да кажете зошто токму вие и зошто токму таа компанија. Кратко, конкретно и со јасен тон на ентузијазам.

3. Активно користете професионални платформи

Редовно ажурирајте го вашиот профил на KARIERA.mk и LinkedIn. Додајте нови вештини, сертификати и волонтерски активности. Често, првиот впечаток не доаѓа од CV-то, туку од вашиот онлајн профил.

4. Аплицирајте веднаш кога ќе се појави оглас

Брзата реакција ви го зголемува шансите – многу компании почнуваат да интервјуираат уште пред официјалниот рок. Активирајте нотификации за нови огласи за да бидете чекор напред.

5. Поврзете се со луѓе од индустријата

Нетворкингот често ја отвора вратата побрзо од автоматските системи. Вклучете се во групи, онлајн заедници и професионални настани. Некогаш еден контакт значи побрза препорака.

6. Бидете кратки и директни во комуникацијата

Ако се јавите или праќате follow-up порака, бидете професионални и јасни. Кратка проверка по апликацијата покажува интерес и иницијатива.

7. Усовршете се паралелно

Кратки курсеви или сертификати се одличен начин да бидете поатрактивни за работодавачите. Дури и еднонеделна обука може да ви ја зголеми видливоста и шансите за интервју.

Со вистински стратегии, интервјуто не е случајност – туку резултат на добро планиран процес. Со фокус, доследност и паметен пристап, можете значително да го скратите времето помеѓу апликацијата и првиот разговор со работодавачот. 

Прочитај и за: Управување со време: Клучни чекори за поквалитетен и помалку стресен работен ден

Тагови: интервју за работа совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »