Промовирани огласи »

„Виз Ер“ носи шести авион и понова флота во Скопје, без поскапување на летовите

За три недели во Скопје пристигнува шестиот авион на „Виз Ер“, а базата добива поголеми и поновите А321 нео, додека компанијата најавува раст на линиите без зголемување на цените.

За околу три недели во скопската база на „Виз Ер“ ќе пристигне уште еден, шести авион, со што авиокомпанијата дополнително го зголемува капацитетот на летови од Македонија. Паралелно, флотата во земјава ќе се осовремени со понова генерација авиони – од сегашните машини со 180 седишта се преминува на авиони со 239 седишта од типот А321 нео, кој, според извршниот директор на компанијата Јозеф Варади, моментално е „најдобриот и најбараниот авион во светот“.

Варади во интервју за МИА истакнува дека „Виз Ер“ ќе го надградува присуството во Македонија преку нови линии и почести летови кон постојните дестинации, таргетирајќи три клучни сегменти: дијаспората која сака поврзаност со татковината, туристите за кои земјава станува сè поатрактивна дестинација и растечката средна класа што бара поволни семејни патувања и градски одмори. Компанијата очекува во 2025 година да превезе над два милиона патници од и кон Македонија, а 2026 да биде „значајна година“ за Скопје поради зголемениот капацитет.

И покрај инфлациските притисоци и техничките предизвици со моторите што доведоа до привремено приземјување на 20–25 проценти од флотата, „Виз Ер“ не планира поскапување на билетите. Наместо тоа, компанијата се обидува да ги амортизира трошоците преку поголема оперативна ефикасност и инвестирање во понова технологија, со цел, како што вели Варади, да го задржи нискобуџетниот модел и да продолжи да го стимулира пазарот во Македонија и Европа.

Тагови: Wizz Air Скопје

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Велес!

Најновите огласи за работа во Велес!

Велес, како еден од позначајните индустриски центри во Македонија, нуди разновидни можности за вработување во различни сектори. Компаниите во градот често бараат квалификуван кадар, но исто така има и огласи за почетни работни позиции кои не бараат претходно работно искуство, што е идеално за младите кои штотуку го започнуваат своето кариерно патување.

Со огласите достапни онлајн, кандидатите можат да добијат информации за различни позиции, потребните квалификации, и условите на работа во компаниите од Велес.

Доколку го барате своето работно место во Велес може да аплицирате за следниве позиции:

Продажен Персонал - Волково
Хаусмајстор
Возач - механичар
Оператор за контрола на квалитет - Локација Велес
Маркетинг Асистент

Останатите огласи од Велес можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

КАМ е најпрепознатливa бренд-компанија и со најголема доверба меѓу граѓаните

КАМ е најпрепознатливa бренд-компанија и со најголема доверба меѓу граѓаните

КАМ е најпрепознатливиот македонски бренд и компанија во која граѓаните имаат најголема доверба меѓу 200 најголеми домашни претпријатија формирани по осамостојувањето на Македонија, покажа новото истражување на агенцијата „Инсајдер ИД“.

Анализата е реализирана за потребите на КАМ со цел да се истражи пазарот со објективни параметри кои осигуруваат транспарентност и релевантност на резултатите. Податоците уште еднаш ја потврдуваат силата на КАМ кој во текот на изминатите 30 години изгради висока лојалност меѓу потрошувачите, доверба во квалитетот, како и препознатлива стратегија базирана на најдобар однос помеѓу цена и квалитет.

Истражувањето се заснова на прецизна методологија и опфати компании со доминантно домашно сопствеништво (над 51 отсто), имаат повеќе од 50 вработени, се дел од 200 најголеми претпријатија во државата според приход и формирани се или започнале со работа по осамостојувањето на Македонија.

Од КАМ истакнуваат дека фактот дека се на врвот на листите за најпрепознатлив бренд и компанија на која граѓаните најмногу ѝ веруваат, е потврда за нивната конзистентност.

- Со огромна благодарност и гордост ја примивме веста дека КАМ е брендот во кој граѓаните имаат најголема доверба. Токму тоа признание е најголемата потврда дека нашата посветеност и одговорен пристап се препознаени од потрошувачите. Довербата е најголемата награда за компанијата и мотив да продолжиме да вложуваме во нови технологии, да ја унапредуваме понудата и да создадаваме уште поголема вредност за граѓаните - велат од менаџерскиот тим на КАМ.

КАМ веќе 8 години по ред ја носи титулата „Префериран ланец на маркети“ според истражувањата на „Инсајдер ИД“. Во циклусот за 2024/25 година, дури 72 отсто од испитаниците ги избираат маркетите на КАМ како своја примарна дестинација за купување.

Компанијата годинава одбележува 30 години од постоењето под мотото „Секогаш прв избор“. Денес, КАМ има развиена мрежа од 86 маркети во Македонија и 26 во Бугарија, со постојана тенденција на раст и унапредување.

Тагови: Кам Доо Илинден

Промовирани огласи »

Светски познатиот диџеј Стив Аоки ја прошета уникатната креација на македонскиот уметник Сатја Грабулоски на патеката на Формула 1

Уникатни патики од македонски дизајнер на нозете на диџејот Стив Аоки!

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски, познат по својот бренд „Свитхадот“, уште еднаш го привлече светското внимание со своите уникатни и оригинални креации. Овој пат, на Формула 1 трката во Лас Вегас, неговите рачно изработени патики ги носеше светскиот диџеј Стив Аоки. Во дизајнот на патиките доминираат позиции од аниме-приказната „Хироквест“, која е исто така дело на Аоки.

Грабулоски, кој веќе има изработено четири парови патики за Аоки, ги истакнува рачната работа и уникатноста какви што никој друг пар нема. Дизајнот на овие патики не може да се репродуцира, што ги прави вистински колекционерски предмет.

Ова не е прв пат уметникот да биде забележан на меѓународната сцена, со оглед на тоа што неговите креации ги имаат носено и имиња како Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо и Дуа Липа. Секој пар од неговите патики зборува за оригиналноста и стилот кој ги импресионира и на најголемите ѕвезди.

Тагови: Стив Аоки Сатја Грабулоски Формула 1

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »