Промовирани огласи »

АМСМ: Започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата

⚠ Важни информации од АМСМ за сите возачи.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Од 15.11.2025 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – ДебарСтруга, ВиницаБерово и КочаниДелчево.

Патниот правец ОхридРесен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 година е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

  • ВИАДУКТ Трејд Гостивар известува дека од 24.09.2025 год. се започна со градежни активности – санација на потпорни ѕидови кај подпатник на Државен пат А2, обиколница Скопје на км 21+840,00 до км 21+987,00, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во времетраење од 4 (четири) месеци. (Од 06.10.2025год. во период од 4 месеци сообраќајот на патниот правец ВелесТетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот ќе се одвива двонасочно во должина од 300 метри во правецот ТетовоВелес.)
  • На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел од делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација – семафори.
  •  Од 12.09.2025 (петок) се започнучува со градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.
  • Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
  • Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
  • Од ден 26.05.2025, се започнува со градежни активности – санација на мост на река Драгор на ул. “Довеџик” општина Битола, со што ќе има затворање на сообраќајот кај мостот на ул. “Довеџик” при што сообраќајот ќе се пренасочува по времен премин – девијација.
  • Патниот правец Р2337 Кичево – крак со с. Цер од ден 12.05.2025 ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10.00ч. – 16.00ч. поради изведување на градежни работи на пат – (асфалтирање).
  • На ден 13.05.2025 се започнува со градежни активности – санација на мост на река Вардар на државен пат А2, делница Гостивар-Стража, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај.
  • Од 24.04.2025 г. има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување.
  • Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена.
  • Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец ПрилепБитола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат ПрилепБитола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 03.04.2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности.
  • На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница.
  • “Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.
  • На 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп-Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година.

Тагови: АМСМ зимска опрема

Промовирани огласи »

Овие 3 града денес имаат најлош воздух во Македонија

Кавадарци, Тетово и Велес се со највисоки концентрации на ПМ10 честички според последните мерења.

Најновите мерења на ПМ10 честичките вечерва покажуваат дека Кавадарци со 230 μg/m³, Тетово со 171 μg/m³ и Велес со 169 μg/m³ се најзагадени градови во Македонија. Овие вредности значително ги надминуваат препорачаните граници и според стручната легенда се оценуваат како екстремно високи за Кавадарци, а многу високи за Тетово и Велес.

Следат Охрид (139), Гостивар (124), Струмица (122), Кичево (118), Куманово (115) и Битола (107) со повисоки вредности, додека Скопје има 98, а најниски вредности се бележат во Гевгелија (47) и Лазарополе (4). Овие резултати укажуваат на продолжен проблем со загадувањето во поголем дел од државата.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 06ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

17µg/m3Миладиновци
16µg/m3Лисиче
10µg/m3Ректорат
9µg/m3Гази Баба
7µg/m3Центар
5µg/m3Карпош

Македонија

38µg/m3Струмица
27µg/m3Кавадарци
24µg/m3Гевгелија
18µg/m3Велес
16µg/m3Гостивар
12µg/m3Тетово
11µg/m3Кичево
10µg/m3Битола
7µg/m3Охрид
3µg/m3Куманово
3µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Повторно црвен аларм – ПМ честичките над дозволеното

Според последните мерења, Тетово, Гостивар и Струмица денес се најзагадени градови во Македонија со екстремно високи нивоа на ПМ10 честички.

Денешните мерења на ПМ10 честички покажуваат дека воздухот во неколку македонски градови е далеку над препорачаните граници. Тетово има највисока концентрација со 246 μg/m³, следено од Гостивар со 180 μg/m³ и Струмица со 127 μg/m³, што се смета за екстремно високо загадување според официјалната скала.

Меѓу другите градови, Кавадарци (104), Куманово (100) и Битола (98) исто така пријавуваат загрижувачки високи вредности. Најниски концентрации се забележани во Лазарополе (5) и Охрид (26), каде квалитетот на воздухот е далеку подобар од останатите градови во државата.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 06ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

17µg/m3Миладиновци
16µg/m3Лисиче
10µg/m3Ректорат
9µg/m3Гази Баба
7µg/m3Центар
5µg/m3Карпош

Македонија

38µg/m3Струмица
27µg/m3Кавадарци
24µg/m3Гевгелија
18µg/m3Велес
16µg/m3Гостивар
12µg/m3Тетово
11µg/m3Кичево
10µg/m3Битола
7µg/m3Охрид
3µg/m3Куманово
3µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Која сол е поздрав избор – хималајската или готварската?

Иако многумина ја сметаат розовата сол за поздрава, експертите предупредуваат дека разликите не се толку големи колку што мислиме. Дознајте која сол навистина му користи на вашето тело

Хималајската сол последниве години стана многу популарна и често се смета за поздрава алтернатива на обичната готварска сол. Таа потекнува од древни наслаги на сол во подножјето на Хималаите и се смета за еден од најчистите природни извори на сол. Познато е дека содржи повеќе од 80 различни минерали и елементи во траги, како што се калиум, магнезиум и калциум, кои ѝ даваат карактеристична розева боја и посебен вкус.

Во споредба со класичната готварска сол, хималајската сол е помалку преработена и не содржи додадени антислепливи агенси или јод. Готварската сол, од друга страна, е прочистена и збогатена со јод — елемент важен за правилно функционирање на тироидната жлезда. Иако хималајската сол има природни минерали, нивните количини се премногу мали за да имаат значително влијание врз здравјето. Двета типа на  сол содржат приближно иста количина на натриум, што значи дека претераната употреба на која било од нив може да доведе до зголемен крвен притисок и други здравствени проблеми.

Хималајската сол не е драстично поздрава од готварската, туку едноставно е поразлична по потекло и обработка. Ако ви се допаѓа нејзиниот вкус и изглед, слободно користете ја, но во умерени количини — исто како и обичната сол. Најважно е да се одржува баланс во исхраната, бидејќи здравиот начин на живот не зависи само од видот на солта, туку од целокупниот избор на храна и навики.

Тагови: здрава храна здравје сол хималајската сол

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »