Промовирани огласи »

Летното сметање на времето завршува в недела, стрелките се поместуваат

Помеѓу 25 и 26 октомври

Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање. 

Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.

Тагови: зимско сметање на времето

Промовирани огласи »

Совршен спој на технологија и уметност – како се создаваат 3D декорациите на Simple Design

Не е само декорација, туку приказна во три димензии – запознај ги нивните креации

Која е Габриела зад брендот Simple Design – како би се опишала себеси? Дали работиш исклучиво сама или со некого — имаш ли тим или соработници?

Би се опишала како личност која секогаш гледа на работите од поинаков агол и не се плаши да експериментира. Одсекогаш имав креативни и уникатни идеи и природно размислувам outside of the box. Идеите за дизајните ги развиваме заедно со мојот сопруг – тој е задолжен за 3D дизајнот и самата изработка на декорациите, додека јас се грижам за целата оперативна страна – маркетинг, комуникација со клиенти и логистика.

Како започна вашата љубов кон 3D печатењето и кога се роди идејата да изработувате украси?

Љубовта кон 3D печатењето започна од чиста љубопитност – сакавме да разбереме како технологијата може да се спои со креативноста. Кога го направивме првиот модел и го видовме резултатот, веднаш почувствувавме дека тука има нешто посебно. Идејата за изработка на украси се роди природно – сакавме да создадеме нешто уникатно и модерно, што ќе го разубави просторот и ќе има приказна зад себе.

Кои материјали најчесто ги користите за вашите дизајни и зошто ги избравте токму нив?

Материјалот со кој работиме е PLA (Polylactic acid) и е еден од најпопуларните и еколошки најприфатливи материјали за 3D печатење. Тој е биоразградлив и се добива од обновливи извори како пченка или шеќерна трска, што го прави одличен избор за одржливо производство. Го избравме овој материјал бидејќи ни овозможува да создадеме производи кои не само што изгледаат убаво, туку се и eco-friendly.

Колку време ви е потребно да завршите еден детално дизајниран украс и која е најкомплексната задача што сте ја изработиле?

Времето за изработка на детален украс варира значително, од неколку часа за поедноставни дизајни, до неколку дена за оние што бараат комплексно дизајнирање, тестирање и финална доработка. Најкомплексни задачи се специјалните нарачки со уникатни барања од клиентите, како и моделите кои бараат прецизно комбинирање на повеќе бои и делови кои мораат беспрекорно да се вклопат.

Кој украс од вашата колекција ви е посебно драг и зошто?

Најдраг ни е првиот украс што го направивме – мини магнетната вазничка. Не затоа што е најсовршена, туку затоа што со тоа мало и слатко парче започна целата приказна. Таа нè потсетува колку многу може да се постигне кога ќе им се даде шанса и на идејата и на љубопитноста.

Како ја одржувате инспирацијата — што ве мотивира да создавате секојдневно?

Нашата инспирација потекнува од сè што нè опкружува – од природата и уметноста, до секојдневните детали. Клучот е во забележувањето на малата форма која може да прерасне во елегантен дизајн. Нашата филозофија не е да создаваме трендови, туку да се стремиме кон безвременска естетика преку употреба на чисти линии кои внесуваат модерна елеганција. Исто така, многу силен извор на инспирација и поттик за нови креативни експерименти се желбите и барањата на нашите клиенти.

Какви планови имате за раст — ќе ја проширувате понудата, ќе користите нови техники или нови пазари?

Нашите планови за раст вклучуваат постојано истражување и развој. Планираме проширување на колекциите со нови, интересни дизајни. Имаме планови и за експериментирање со нови, одржливи материјали кои ќе овозможат уште поголема издржливост и различни естетски ефекти, како и нови техники на печатење. Дополнително, нашиот фокус е насочен кон освојување на странски пазари, продавајќи ги нашите дизајни преку меѓународни платформи.

Како би ги советувале оние кои сакаат да започнат да се занимаваат со 3D дизајн — од каде да почнат и што да избегнуваат?

Нашиот совет е да започнат со отворен ум и без страв од грешки. Иако има изобилство на бесплатни ресурси и програми за учење, најважно е активно да експериментираат и да ги прифатат грешките како дел од процесот. Треба да избегнуваат споредби со другите, да го најдат своето темпо и, пред сè, да уживаат во создавањето.

Промовирани огласи »

Посни рецепти за слави: лесни, здрави и вкусни оброци

Се ближи празничната сезона и многумина од нас сакаат да подготват вкусни и посни јадења за слави.

Се ближи празничната сезона и многумина од нас сакаат да подготват вкусни и посни јадења за слави. Посните оброци можат да бидат полни со ароми и различни вкусови, без да се користи месо или животински производи, а сепак да ги задоволат сите гости. Со малку креативност, секоја трпеза може да биде шарена, здравa и вкусна

Еден од најпопуларните избори за посни слави се зеленчуковите салати и предјадења. Комбинација од свежи домати, краставици, пиперки и моркови, зачинети со маслиново масло и лимон, нуди свежина и лесен почеток на секој оброк. Полнетите пиперки, печени компири со билки и мешунки како на пример наут или леќа, се исто така одличен избор за заситување без употреба на месо.

За главно јадење, се препорачува користење на тестенини, пире од компири или ориз, комбинирани со сезонски зеленчуци или посни сосови. Посни колачи и печива, како оризов колач или бадемови бисквити, се совршен завршеток на празничната трпеза. Со малку труд и креативност, посните јадења можат да бидат вкусни, здрави и вистинско задоволство за сите гости.

Тагови: здрава храна традиции слава

Промовирани огласи »

Податоците за летото 2025 година покажуваат дека просечните плати во регионот се движат од 740 до 1.444 евра.

Хрватска е убедливо на првото место, со просечна плата (нето) од 1.444 евра (јуни 2025 година).

По Хрватска следува Црна Гора, која е највнимателна во објавувањето статистика. Таму просечната плата без даноци и придонеси во август изнесувала 1.015 евра.

Србија заостанува зад овие две земји, не само по времето на објавување на податоците, туку и по износот на заработката. Просечната плата во Србија изнесувала 932 евра (јули 2025 година).

Босна и Херцеговина има поделена статистика:

  • Во Федерацијата Босна и Херцеговина, просечната плата во август изнесувала 797 евра.
  • Република Српска достигнала просечна плата од 782 евра во јуни.
  • Најниските плати на оваа листа се во Македонија, каде што просечната плата во април годинава изнесувала околу 740 евра, пренесува Блиц. 

Тагови: просечна плата Регион

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »