Промовирани огласи »

Извод за новороденче директно во болница од Нова година

Од почетокот на наредната година, родителите ќе можат да го добијат изводот на своето новороденче директно во болница

Од почетокот на наредната година, родителите ќе можат да го добијат изводот на своето новороденче директно во болница, без потреба да чекаат редови пред матичните служби. Процесот на пријавување на новороденчиња ќе биде целосно автоматизиран, со што ќе се избегнат долги постапки и административни грешки при внесување на податоците. За користење на услугата, родителите ќе треба да креираат личен профил на ниско ниво на порталот uslugi.gov.mk.

Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство и јавните здравствени установи, формира работна група со цел воведување на проектот „е-бебе“. Овој проект, поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува изводот да биде издаден во рок од 48 часа по раѓањето на бебето, со што се олеснува процедурата за родителите и се модернизира системот.

Во следната фаза, „е-бебе“ ќе овозможи и автоматско поврзување со Фондот за здравствено осигурување и со Министерството за социјална политика, демографија и млади, за полесно добивање здравствено осигурување и финансиска поддршка за новороденчињата. Со овој чекор, државата го прави првиот голем исчекор кон потполна дигитализација на административните услуги за новите родители.

Тагови: Министерството за внатрешни работи-(МВР) Министерството за дигитална трансформација Министерството за здравство е-бебе

Промовирани огласи »

Пораснаа цените на угостителските услуги во 2025

Цените на угостителските услуги се зголемени за 5,2 проценти во споредба со истиот период од претходната година

Во периодот јануари – септември 2025 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 5,2 проценти во споредба со истиот период од претходната година, додека во однос на декември 2024 година е забележан раст од 1,9 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2025 година цените во угостителството останале на исто ниво како и во август, но се повисоки за 4,7 проценти во однос на септември 2024 година.

Посебно по групи, во септември 2025 година во однос на август е забележано мало зголемување кај безалкохолните пијалаци од 0,1 процент, додека кај категориите храна, алкохолни пијалаци и ноќевања не се регистрирани промени.

Тагови: угостителски услуги цени

Промовирани огласи »

Сè што треба да знаете за пријавување и одјавување на работен однос во Македонија

Работодавачот има законска обврска да го пријави секое ново вработување, како и секој престанок на работен однос

Процесот на пријавување и одјавување на работен однос, односно на задолжителното социјално осигурување, е регулиран со Законот за работни односи, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и Законот за евиденции во областа на трудот.

Пријавување во работен однос

Работодавачот има законска обврска да го пријави секое ново вработување, како и секој престанок на работен однос.
Ова може да се направи електронски (само за приватниот сектор) или директно на шалтер во надлежниот центар за вработување.
Пријавата мора да се достави најдоцна еден ден пред вработениот да започне со работа, со приложување на следните документи:

  • ППР образец, при што рокот за пријавување не смее да биде пократок од 3 работни дена
  • Овластување за лицето кое ја поднесува пријавата, со список на сите вработени кои се пријавуваат

Во овластувањето се наведуваат:

  • Назив, седиште, адреса и даночен број на работодавачот
  • Податоци за овластеното лице и за лицата кои се пријавуваат (име, презиме, ЕМБГ)
  • Број и датум на договорот за вработување
  • Исечок од објавен оглас (доколку е користен дневен печат) или договор со агенција за посредување
  • Известување за согласност за вработување од надлежно министерство или локална самоуправа (за јавни институции)
  • По поднесувањето, службеникот во Центарот за вработување го евидентира вработувањето во електронскиот систем (образец М1/М2) и издава два примероци од пријавата, од кои еден заверен примерок му се враќа на работодавачот.

Одјавување од работен однос

Одјавувањето се врши во истиот центар каде што било извршено пријавувањето, со поднесување на соодветна документација.
Во приватниот сектор, одјавата може да се спроведе и по електронски пат, но само доколку и пријавата била поднесена на истиот начин.
Работодавачот е должен да ја изврши одјавата во рок од 8 дена од денот кога престанува работниот однос на вработениот.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) работа одјава пријава

Промовирани огласи »

Промените во времето продолжуваат – еве што не очекува денес

Силен северен ветер и повремени врнежи од дожд низ земјата денес

Ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на одделни места може да достигне брзина над 60 km/h.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и умерен, а повремено и посилен северен ветер во делови од котлината.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »