Промовирани огласи »

ВАБТЕК МЗТ АД Скопје – добитник на престижното Top Employer признание за 2025 година

Top Employer признание за 2025 година!

ВАБТЕК МЗТ АД Скопје е компанија која долги години е присутна на домашниот но и на меѓународниот пазар како дел од Wabtec Corporation. Вабтек е лидер во производството на сопирачки системи и останата опрема за шински возила. Во својата фабрика во Скопје, Вабтек брои 400 вработени.

Изминатите неколку години во Вабтек напорно се работеше на подобрување и модернизирање на процесите, опремата, технологиите како и условите за работа со цел следење на врвните светски трендови. И навистина, она што е до сега постигнато е доказ за исполнување на највисоките стандарди и поставување на сериозни задачи и предизвици за во иднина. Напорниот труд секогаш се исплати, така што истиот беше препознаен и награден од страна на престижниот глобален Top Employers Institute. По тој повод на Вабтек МЗТ АД Скопје му беше доделен сертификат Top Employer 2025 година.

Пристапот во работењето во Вабтек се темели на неколку клучни вредности кои ја одликуваат компанијата, како и на нејзината мисија и визија: „Луѓето на прво место“ значи фокус на добросостојбата на вработените и нивна безбедност, „Еден Вабтек“ значи функционирање на Вабтек како една глобална заедница и еден тим кои работат заедно на постигнување на целите, „Поместување на границите на возможното“ го означува стремежот за постојано подобрување на секое поле, а „Прифаќање на различностите“ ја потенцира инклузивната средина и создавање на средина каде секој се чувствува дека припаѓа.

Водејќи се од овие вредности, Вабтек создаде услови и работна средина со која го заслужи сертификатот Top Employer 2025. Начинот на управувањето со човечките ресурси вклучува бројни сегменти како што се: јасно поставување и следење на зададени цели во текот на цела година, само-евалуација и евалуација на перформансите на секој вработен, плаќање на работата базирано на мерит-систем, вклучување на вработените во процесот на донесување на одлуки и редовно спроведување анкети за мислењето на вработените, транспарентен и фер регрутациски процес, постојан развој и надградување на знаењето и вештините на вработените, можности за кариерен напредок, како и сеопфатна Employee wellbeing програма. Дел од поволностите кои Вабтек ги нуди на своите вработени вклучуваат обезбеден топол оброк, приватно здравствено осигурување, програма за купување на попуст и на рати, спорт и рекреација, бонуси за препорака, јубилејни награди, голем број на подароци, иницијативи и признанија по различни поводи.

Признанието добиено од страна на Top Employers глобалниот институт за Вабтек претставува голема чест и привилегија, имајќи во предвид дека нема многу компании во државава кои го добиле ваквиот сертификат, со оглед на високите критериуми кои е потребно да бидат исполнети. Но исто така, за Вабтек ова претставува и мотивација да се продолжи со посветена работа и во иднина да се постигнат уште поголеми успеси и достигнувања.

Доколку и ти сакаш да бидеш дел од успешната приказна на Вабтек, испрати твое CV на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@wabtec.com

Тагови: Wabtec MZT

Промовирани огласи »

Вработување во Виола Аптеки!

Најновите огласи за вработување во Виола Аптеки!

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Моментално вработува:

Фармацевт
Фармацевтски техничар
Фармацевт - Чаир
Farmacist– Çair
Фармацевтски техничар - Чаир
Teknik Farmaceutik – Çair
Фармацевтски техничар - 3та смена - нас.Аеродром
Фармацевт - 3та смена - нас.Аеродром

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ПЗУ Аптека ВИОЛА

Промовирани огласи »

Славески: Од утре плаќањата во евра ќе бидат за шест пати поевтини и побрзи

Од утре Македонија и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (SEPA/СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија.

Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија.

Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 евра кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари. СЕПА значи побрзи, поевтини и посигурни плаќања во евра за граѓаните и компаниите, напиша денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески на платформата „Х“.

На 6 март годинава Европскиот совет за плаќања ја прифати апликацијата на нашата земја, со што станавме членка на СЕПА, со што им се овозможува приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 40 земји членки.

Тагови: ЕУ СЕПА Трајко Славески

Промовирани огласи »

ФОТО: Трамп добива своја монета? Министерството за финансии на САД предложи дизајн на монета, започна контроверзност! Еве како изгледа

На предната страна од монетата е прикажан профилот на Трамп, со натпис „слобода“

Министерството за финансии на САД презентираше нацрт-дизајн за монета од еден долар со ликот на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, по повод 250-годишнината од Декларацијата за американската независност, која ќе се прослави во 2026 година.

На предната страна од монетата е прикажан профилот на Трамп, со натпис „слобода“ погоре и „1776-2026“ подолу, додека на другата страна е прикажан претседателот како држи крената стисната тупаница со натпис „борба, борба, борба“ и американското знаме во позадина, објавува CNN.

Дизајнот алудира на неговиот говор откако преживеа обид за атентат минатата година.

Портпарол на Министерството за финансии рече дека дизајнот „го одразува трајниот дух на земјата и демократијата, дури и во услови на огромни пречки“.

Сепак, веќе се разви контроверзност на социјалните медиуми, бидејќи законот од 2020 година и претходните закони забрануваат прикажување на живи лица на американски монети и банкноти. Конечниот дизајн на монетата сè уште не е избран, а Конгресот во 2020 година му дозволи на секретарот на Министерството за финансии да кова монети со посебен дизајн за 250-годишнината од Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави.

Тагови: Доналд Трамп САД монета

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »