Промовирани огласи »

Неработни денови и празници, но и зимски „режим“ - Што ни носи октомври?

Еден неработен ден и еден полу-продолжен викенд! Но, и ќе треба да ги поместиме стрелките на часовникот! 🍂⏰

Втор ден од новиот месец! Што ни носи октомври?

Октомври, носи два неработни дена за сите граѓани. Едниот се паѓа во сабота, другиот неработен ден ќе донесе полу-продолжен викенд. 

Денот на народното востание, 11 октомври, кој се паѓа во сабота ќе биде неработен ден, а следниот се паѓа во четврток што значи дека оние кои ќе успеат ќе можат да го поврзат во продолжен викенд. 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани. 

До крајот на годинава неработен ден за сите Македонци ќе биде и 8 Декември (понеделник), кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски”. 

Кон крајот на октомври ќе треба да ги поместиме и стрелките на часовникот. Доаѓа зимското сметање на времето! 

Зимското сметање на времето оваа година започнува ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25-ти и 26-ти октомври, кога во 3 часот наутро часовниците ќе се вратат еден час назад – на 2 часот. Она што е посебно за оваа година е што менувањето на часовникот се случува порано отколку во претходните години.

Тагови: неработни денови празници

Промовирани огласи »

ЖИЧНИЦАТА ОД ДЕНЕС СО НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ: Почнува есенскиот режим на работа

Ќе отвара во 10, а ќе затвара во 18 часот

Од денес жичницата ќе работи со есенско работно време од 10 до 18 часот. 


Од 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре во 17.45 часот е последно возење од горе надолу. Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот жичницата не работи поради редовни сервиси. Линијата 25 (Транспортен Центар - Средно Водно) од денеска (1.10.2025 год) ќе сообраќа по есенски режим на работа, информираа од ЈСП.

Тагови: Жичницата „Милениумски крст“ работно време

Промовирани огласи »

А1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp

А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти A1 WayUp за 2025/2026 година

Со особена чест и задоволство, А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти кои ќе ја следат платената пракса во рамките на реномираната програма A1 WayUp за 2025/2026 година.

Оваа програма, која годинава се одвива петта година по ред, претставува значаен мост помеѓу академското образование и професионалниот развој, овозможувајќи им на младите професионалци да стекнат бесценето практично искуство и да се усовршуваат во иновативна и предизвикувачка работна средина во А1 Македонија и во рамките на целата  А1 Телеком Австрија Групација.

Во текот на оваа сезона, вкупно 16 избрани учесници ќе ги развиваат своите експертизи во клучни и перспективни домени како што се автоматизацијата, анализа на податоци, виртуелизација, развој на платформи, инфраструктура и облачни технологии (Infrastructure & Cloud), сајбер безбедност, технолошки сервиси, ИКТ решенија и човечки ресурси, со што ги одговараат современите потреби на дигиталната трансформација.

„Многу сме задоволни од високата заинтересираност и квалитетот на кандидатите кои оваа година аплицираа за нашата програма. Ова не само што ја потврдува репутацијата на А1 Македонија како водечка компанија која нуди напредна, иновативна и стимулирачка работна средина, туку и како место каде што младите таленти можат да ги развијат своите способности и да создадат солидна основа за нивната понатамошна кариера. Новата генерација практиканти ќе има пристап до обуки од висок ранг и професионално менторство, со што ќе се обезбеди нивниот континуиран раст и усовршување“, изјави Стефан Јовановски, директор за човечки ресурси и култура во А1 Македонија.

Програмата A1 WayUp е платена, трае шест месеци и е организирана како полно работно време, со јасна насока кон развој преку работа на реални, иновативни и стратешки проекти. Практикантите добиваат целосна поддршка од искусни ментори и тимови, како и сите бенефити и привилегии кои ги уживаат редовните вработени во компанијата во поглед на раст и развој. Дополнително, успешните учесници имаат и можност за вработување уште пред официјалниот крај на програмата, што ја потврдува посветеноста на А1 кон долгорочниот развој на талентите.

Оваа иницијатива е уште една потврда за стратешката визија на А1 Македонија, која континуирано вложува во создавање на инклузивна и динамична работна средина, со цел да го поттикне професионалниот развој и да ги подготви младите професионалци за предизвиците на иднината.

Тагови: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

Промовирани огласи »

Грејната сезона во Скопје ќе почне порано: Еве од кога се очекуваат топли радијатори

Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови. Еве за кој ден неделава се очекуваат

Ја информираме јавноста дека од 2 октомври 2025 година започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ, информираат од „ЕСМ снабдување со топлина“.

Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 10 степени Целзиусови со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ. Исто така, сè до 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.

„Навременото снабдување со топлинска енергија е клучно за комфорот на нашите потрошувачи. Затоа повторно апелираме до сите корисници да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации бидејќи редовното одржување е нивна обврска и заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица, односно платени сметки за електрична енергија и функционална електрична инсталација. Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.

Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина, кој е достапен на линкот „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“. За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, стои во соопштението на претпријатието.

Тагови: ЕСМ парно греење скопскиот аеродром

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »