Промовирани огласи »

Грејната сезона во Скопје ќе почне порано: Еве од кога се очекуваат топли радијатори

Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови. Еве за кој ден неделава се очекуваат

Ја информираме јавноста дека од 2 октомври 2025 година започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ, информираат од „ЕСМ снабдување со топлина“.

Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 10 степени Целзиусови со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ. Исто така, сè до 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.

„Навременото снабдување со топлинска енергија е клучно за комфорот на нашите потрошувачи. Затоа повторно апелираме до сите корисници да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации бидејќи редовното одржување е нивна обврска и заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица, односно платени сметки за електрична енергија и функционална електрична инсталација. Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.

Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина, кој е достапен на линкот „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“. За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, стои во соопштението на претпријатието.

Тагови: ЕСМ парно греење скопскиот аеродром

Промовирани огласи »

Како да ја претворите комуникацијата во најголема предност на вашето работно место

Зошто секоја организација што сака да расте мора да инвестира во комуникација

Во секое работно место, комуникацијата е невидливото лепило што ги поврзува луѓето, задачите и целите. Кога е неефективна, резултатот се недоразбирања, конфликти и пропуштени можности. Но кога е правилно изградена и негува, комуникацијата може да стане најголемата предност на секоја организација.

Јасност пред сè

Јасната и прецизна комуникација штеди време и ја намалува веројатноста за грешки. Наместо долги и нејасни објаснувања, фокусирајте се на директност и конкретни информации – така сите знаат што се очекува од нив.

Активно слушање

Комуникацијата не е само во зборовите што ги кажуваме, туку и во нашата способност да слушаме. Активното слушање ја гради довербата, го подобрува тимскиот дух и ја поттикнува размената на идеи.

Отворена и транспарентна средина

Организациите во кои информациите слободно циркулираат и каде што вработените се чувствуваат безбедни да го изразат своето мислење, постигнуваат поголема иновативност и мотивација. Транспарентноста ја намалува несигурноста и го зголемува чувството на припадност.

Технологијата како поддршка

Современите алатки – од платформи за тимска колаборација до брзи канали за пораки – овозможуваат комуникацијата да биде поефикасна и поорганизирана. Правилната употреба на технологијата ја олеснува координацијата и создава чувство дека сите се дел од истата цел.

Комуникацијата не е само средство за размена на информации – таа е основа за доверба, ефикасност и заедништво. Ако ја негувате и постојано ја подобрувате, ќе ја претворите во најсилната алатка што го движи вашиот тим напред. На крајот, успехот на едно работно место не зависи само од задачите што се завршуваат, туку и од тоа како луѓето меѓусебно се разбираат и поддржуваат.

Прочитајте и за: Работата или средината – кој е главниот виновник за вашиот стрес?

Тагови: HR комуникација совети за работа

Промовирани огласи »

Новиот систем за влез/излез од ЕУ почнува од 12. октомври, еве за што сè треба да се подготват патниците

EES се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат за краток престој (до 90 дена во рамки на 180 дена).

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година.

Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни записи за датумите на влез и излез.

За кого важи системот?

EES се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат за краток престој (до 90 дена во рамки на 180 дена). Тоа ги опфаќа: патниците кои се ослободени од виза за влез во ЕУ и патниците кои поседуваат виза за краток престој.

Граѓаните на земјите-членки на ЕУ и на Шенген зоната не подлежат на новиот систем.

Земји каде ќе се применува EES

Системот ќе биде активен на сите надворешни гранични премини на 29 земји, меѓу кои се: Грција, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Кои се целите на воведувањето?

Со EES, Европската Унија има за цел: да ја зголеми безбедноста на граѓаните, преку подобро откривање на фалсификувани документи и идентитетски измами, да ја подобри борбата против криминалот, тероризмот и нелегалната миграција, да го олесни патувањето преку побрзи и поефикасни гранични проверки и да обезбеди прецизна дигитална евиденција за времетраењето на престојот, елиминирајќи можни недоразбирања кои порано настануваа со рачните печати.

Како ќе функционира системот?

При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации.

При следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.

Период на транзиција

Во периодот од октомври 2025 до април 2026 системот ќе се воведува по фази. Тоа значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција. Од 10 април 2026 година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.

Заштита на личните податоци

Сите податоци ќе се обработуваат и чуваат согласно строгите стандарди на Европската Унија и Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Со тоа се гарантира целосна заштита на приватноста и транспарентна употреба на собраните информации.

Апел до граѓаните

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани на Република Северна Македонија кои планираат патувања во земјите на Шенген зоната да се информираат за новите правила и постапки, со цел нивните патувања да бидат навремени, безбедни и без непотребни доцнења.

Тагови: ETIAS ЕУ

Промовирани огласи »

ПОСКАПЕА ЦИГАРИТЕ: Цените скокнаа за 10 денари

За пушач кој купува по една кутија дневно, поскапувањето значи 300 денари поголем трошок во месецот

Пушачите добија нови цени на цигарите - Од денеска, ќе плаќаат по 10 денари повеќе по пакување. 

Ова покачување е дел од редовното усогласување со акцизната политика, со која државата постепено ја зголемува акцизата на тутунските производи.

Со новите цени, ако цигарите чинеле 130 денари, од денеска, тие достигнаа 140 денари, а поскапите се продаваат и околу 200 денари. За пушач кој купува по една кутија дневно, поскапувањето значи 300 денари повеќе во месецот.

Акцизниот календар предвидува годишно усогласување до 2027 година, со цел постепено зголемување на приходите во буџетот, но и намалување на бројот на пушачи.

Тагови: цигари поскапуват цигарите

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »