Промовирани огласи »

Големи промени за возачите од 2026 година: Новиот систем ќе биде задолжителен во автомобилите, подготовките се во тек

Од 1 јануари 2026 година, во Европа ќе можат да се регистрираат само нови модели на автомобили опремени со посебен систем

Од 1 јануари 2026 година, во Европа ќе можат да се регистрираат само нови модели на автомобили опремени со посебен систем. Новиот стандард користи модерна технологија за мобилна комуникација, па наместо претходната 2G или 3G мрежа, ќе се пренесува дигитално преку LTE мрежата (4G). Подготовките веќе се во тек, објавуваат германските медиуми. Активирањето на национално ниво ќе се случи во јануари 2026 година.

Ова е таканаречениот е-повик од следната генерација (NG eCall), а неговата имплементација ќе ја заврши ерата на претходниот систем eCall, кој автоматски повикуваше помош во случај на сериозна несреќа, објавува списанието Feniks.

eCall е кратенка за „Итен повик“.

Системот автоматски повикува помош во случај на сериозна несреќа и пренесува важни податоци до најблискиот центар за итни случаи: како што се локацијата, дали воздушните перничиња се активирани или колку луѓе веројатно ќе има во возилото.

Исто така, се воспоставува гласовна врска за патниците во возилото да можат сами да разговараат со службите за итни случаи, доколку е можно. eCall се активира автоматски (на пр. во случај на силен удар) или со притискање на копче во кабината. Од 2018 година, eCall е задолжителен за сите новорегистрирани автомобили и лесни комерцијални возила во ЕУ.

Новиот NG eCall систем работи преку LTE мрежата. Тој пренесува податоци побрзо и посигурно и ќе овозможи повеќе функции во иднина.

На пример, би можел да пренесува и слики од местото на несреќата или, со согласност на возачот, здравствени податоци како што се отчукувањата на срцето или дишењето. Ова би им помогнало на службите за итни случаи поефикасно да реагираат на патот до местото на несреќата.

Тагови: несреќа eCall

Промовирани огласи »

Новите iPhone телефони се гребат многу лесно

Уште на првиот ден

Новиот iPhone (ајфон) на Apple беше пречекан со воодушевување од купувачите, пред се поради новиот систем на камери, поголемата батерија, напредните софтверски функции но и интересните бои особено на Pro моделите.

Сепак, набргу откако се појави, на виделина излезе еден детаљ кој не им се допадна на многумина - лесно се оштетуваат и гребат.

Причината е поради воведувањето на алумниум за побрзо ладење, наместо титаниум, со што боењето на овој метал е прилично потешко - поради ова најверојатно годинава нема црн ајфон.

Засега единствено решение е да се носи во маска.

Новите iPhone телефони се гребат многу лесно

Тагови: Apple iPhone

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна плата во Македонија за јули 2025 година. Според објавените бројки, просечната исплатена нето плата изнесувала 45.276 денари, додека бруто платата достигнала 68.102 денари. Во споредба со истиот месец минатата година, има зголемување на платите, што се должи на зголемувањата во неколку клучни сектори.

Во јули 2025 година, просечната исплатена нето месечна плата изнесувала 45.276 денари, додека просечната исплатена бруто месечна плата изнесувала 68.102 денари, објави ДЗС.

Во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, просечната месечна нето плата исплатена на вработените е за 10,5 отсто повисока.

Ова зголемување главно се должи на зголемувањето на просечната месечна нето плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16,5 отсто, Образование за 15,0 отсто и Здравствена и социјална работа за 14,8 отсто.

Намалување на просечната месечна нето плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски и осигурителни дејности за 4,0 проценти, Рударство и вадење камен за 3,3 проценти и Информации и комуникации за 3,0 отсто.

Тагови: Државен завод за статистика просечна плата

Промовирани огласи »

ПР стратегијата – тајното оружје на успешните компании

Добриот имиџ не е случајност: Зошто ви е потребна ПР стратегија?

Во динамичниот бизнис свет, успехот не зависи само од добриот производ или услуга. Начинот на кој компанијата комуницира со јавноста, партнерите и клиентите е исто толку важен. Токму тука ПР стратегијата станува тајното оружје кое прави разлика меѓу просечна и навистина успешна компанија.

Клучни факти зошто ПР стратегијата е неопходна:

  • Градење доверба и кредибилитет

Добро осмислената ПР стратегија создава позитивен имиџ и ја зајакнува довербата кај јавноста.

  • Контрола врз наративот

Со ПР компанијата има можност самата да ја обликува својата приказна, наместо да дозволи другите да го прават тоа.

  • Подобра видливост на брендот

ПР стратегијата овозможува континуирано присуство во медиумите и на социјалните мрежи, што ја зголемува препознатливоста.

  • Ефикасно справување со кризи

Компаниите со силна ПР стратегија побрзо и поефикасно се справуваат со негативни ситуации.

  • Поддршка на продажбата и маркетингот

ПР комуникацијата ја надополнува маркетинг стратегијата и придонесува за полесно донесување одлука кај клиентите.

  • Јакнење на односите со јавноста и заедницата

ПР активностите помагаат компанијата да покаже општествена одговорност и да создаде подобра поврзаност со заедницата.

ПР стратегијата не е трошок, туку инвестиција која се враќа повеќекратно. Компаниите што вложуваат во професионална и доследна комуникација, создаваат стабилна основа за доверба, репутација и долгорочен успех.

Прочитајте и за: Канцеларија или дневна соба – каде се работи поефикасно?

Тагови: HR совети за работа ПР стратегија

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »